Војводства во Полска
Војводството (полски: województwo) е крупна административна единица на Полска уште од XIV век, па до денес.
Постојат 16 војдовства, воведени со реформите на локалната самоуправа (1999), заменувајќи ги дотогашните 49 војводства од 1975 г.
Денешните војводства се претежно наречени по историско-географските области, а оние до 1998 г. ги носеле имињата на нивните административни центри. По површина се движат од 10.000 км2 (Ополско Војводство) до над 35.000 км2 (Мазовско Војводство), а по население, од милион (Лубушко Војводство) до преку пет милиони (Мазовско Војводство).
Административните надлежности управник назначен од владата — војвода
(wojewoda), обласно собрание (sejmik) и извршни власти избрани во собрание. На чело на извршната власт стои маршалек marszałek. Војводствата понатаму се делат на окрузи (повјати) и општини (гмини).
Надлежности
уредиНадлежностите на војводствата се поделени помѓу војводата, обласното собрание и извршната власт. Во сите случаи освен два, сите служби и установите се наоѓаат во административниот центар.
Војводата го назначува премиерот како обласен претставник на централната влада и началствува со државните установи во војводството (на пр. противпожарна служба, пасошки одделенија, инспекторати и сл), раководи со државната сопственост во областа и раководи со работата на локалната управа и јавната проблематика, но има и посебни овластувања во случај на вонредна состојба.
Обласното собрание се бира на секои четири години, на истите локални избори каде се бира управата во окрузите и општина|општините. Носи подзаконски акти, вклучувајќи го буџетот и стратегијата за развој на војводството. Ова тело го избира маршалекот и другите членови на извршната власт, кои пак одговараат пред него.
Извршниот огранок (zarząd) е задолжен за изготвување на буџет и развојни стратегии, спроведување на донесеното во обласното собрание, раководење со средствата на војводството и рази други аспекти од обласната политика како управувањето со средствата од ЕУ.
Список на војводства
уредиКратенка | Грб | Код | Рег. таб. |
Војводство | Админ. центар | Површина (км2) |
Население (2003) |
Население (2004) |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
WM | 28 | N | Варминско-мазурско (warmińsko-mazurskie) |
Олштин | 24 202,95 | 1 428 885 | 1 428 385 | |
WP | 30 | P | Големополско (wielkopolskie) |
Познањ | 29 825,59 | 3 359 932 | 3 362 011 | |
DS | 02 | D | Долношлеско (dolnośląskie) |
Вроцлав | 19 947,76 | 2 898 313 | 2 895 729 | |
ZP | 32 | Z | Западнопоморско (zachodniopomorskie) |
Шчеќин | 22 901,48 | 1 696 073 | 1 695 708 | |
KP | 04 | C | Кујавско-поморско (kujawsko-pomorskie) |
Бидгошч¹ Торуњ² |
17 969,72 | 2 068 142 | 2 067 548 | |
LD | 10 | E | Лоѓско (łódzkie) |
Лоѓ | 18 219,11 | 2 597 094 | 2 592 568 | |
LU | 06 | L | Лублинско (lubelskie) |
Лублин | 25 114,48 | 2 191 172 | 2 187 918 | |
LB | 08 | F | Лубушко (lubuskie) |
Гожув Вјелкополски¹ Желона Гура² |
13 984,44 | 1 008 786 | 1 009 177 | |
MA | 14 | W | Мазовско (mazowieckie) |
Варшава | 35 597,80 | 5 135 732 | 5 139 545 | |
MP | 12 | K | Малополско (małopolskie) |
Краков | 15 144,10 | 3 252 949 | 3 256 171 | |
OP | 16 | O | Ополско (opolskie) |
Ополе | 9 412,47 | 1 055 667 | 1 053 723 | |
PD | 20 | B | Подласко (podlaskie) |
Бјалисток | 20 179,58 | 1 205 117 | 1 204 036 | |
PM | 22 | G | Поморско (pomorskie) |
Гдањск | 18 292,88 | 2 188 918 | 2 192 404 | |
PK | 18 | R | Поткарпатско (podkarpackie) |
Жешув | 17 926,28 | 2 097 248 | 2 097 325 | |
SW | 26 | T | Светокришко (świętokrzyskie) |
Келце | 11 672,34 | 1 291 598 | 1 290 176 | |
SL | 24 | S | Шлеско (śląskie) |
Катовице | 12 294,04 | 4 714 982 | 4 707 825 |
(¹) седиште на војводата
(²) седиште на собранието и маршалот
Поврзано
уреди„Војводства во Полска“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- „Полска“, Енциклопедија „Британика“, XV изд, 2010, Macropaedia, Том 25, стр. 937.
- „Полска“, Енциклопедија „Колумбија“, VI изд, уред. Пол Лагасе, Columbia University Press, 2000, стр. 2256.
- „Полска“, Светска книга на факти на ЦИА 2010, Њујорк, Skyhorse Publishing, Inc., 2009, ISBN 9781602397279, стр. 546.
Надворешни врски
уреди- Региони во Полска Архивирано на 26 јули 2010 г.
- Топонимски прирачник за картографи и други корисници Архивирано на 24 ноември 2019 г. — Управа за геодезија и картографија 2002
- Полска: Административна поделба Архивирано на 18 август 2019 г. — „Светска книга на факти“ (англиски)