Забже
град во Полска
Забже (полски: Zabrze, германски: Hindenburg O.S (од 1915 до 1945), целосен назив: Hindenburg in Oberschlesien, шлески: Zobrze) - град во Полска, кој се наоѓа во Шлеското Војводство во близина на Катовице, во западниот дел на Горношлеската Метрополска Област, кое брои околу 2 милиони жители. Низ градот тече реката Битомка, која е притока на Одра.
Забже | |||
---|---|---|---|
Главната пошта во Забже | |||
Држава | Полска | ||
Војводство | Шлеско Војводство | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Малгожата Мањка-Шулик | ||
Површина | |||
• Градска | 148 км2 (57 ми2) | ||
Население (2017) | |||
• Градско | 174,349 ▼ | ||
• Градскo | 2.746.000 | ||
• Метро | 4.620.624 | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски број | од 41-800 до 41-820 | ||
Повик. бр. | +48 32 | ||
Регистарски таблички | SZ | ||
Мреж. место | um.zabrze.pl |
До 1999 година, градот бил дел од тогашното Катовицко Војводство, а од тогаш е дел од проширеното Шлеско Војводство. Забже е еден од градовите кои ја сочинуваат катовицката конурбација, која пак е важен дел од пошироката Горношлеската Метрополска Област, во која живеат нешто над 5 милиони жители.