Шлеско Војводство
Шлеско Војводство (полски: województwo śląskie, шлески: Ślůnske wojewůdztwo, германски: Woiwodschaft Schlesien) — војводство во историската област Горна Шлеска, јужна Полска. Главен и најголем град е Катовице.
Шлеско Војводство Województwo śląskie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Шлеското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Capital | Катовице | ||
Окрузи | 19 градски, 17 земски * | ||
Површина | |||
• Вкупно | 12.333,09 км2 (476,183 ми2) | ||
Население (30-06-2014) | |||
• Вкупно | 4.593.358 | ||
• Густина | 370/км2 (1,000/ми2) | ||
• Градскo | 3.675.602 | ||
• Селско | 1.001.381 | ||
Рег. таб. | S | ||
Мреж. место | silesia-region.pl | ||
|
Иако војводството го носи тоа име, највеќето од историската област Шлеска денес е поделена меѓу Лубушкото, Долношлеското и Ополското Војводство, додека пак источниот дел од војводството (и особено Ченстохова на север) ѝ припаѓа на историската област Малополска.
Војводството е создадено на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Катовичко, Ченстоховско и Бјелско, согласно управната реформа усвоена претходната година.
Ова е најгусто населеното војводство во Полска со речиси 5 милиони жители на површина од 12.300 км2.[1] Исто така претставува најголемото урбано подрачје во цела Средна и Источна Европа.[2] Во стопански поглед, војводството учествува со 13 % од вкупниот БДП на Полска.[2][3][4]
Географија
уредиШлеското Војводство се граничи со Чешка и Словачка на југ, како и уште четири полски војводства: Ополското на запад, Лоѓското на север, Светокришкото на североисток и Малополското Војводство на исток.
Областа ги опфаќа Шлеската Висорамнина во средиштето и на северозапад и Краковско-ченстоховската Јура на североисток. Јужната граница ја образуваат Бескидите (Шлеските и Живјечките).
Денешното Војводство е само мал дел од историската област Шлеска, која се протега Ополското, Долношлеското и Лубушкото Војводство, а во помала мера и во Чешка и Германија. Од друга страна пак, доста голем дел од војводството нема географска врска со историската Шлеска (како на пр. Ченстохова, Завјерќе, Мишкув, Јавожно, Сосновјец, Живјец, Домброва Гурнича, Бенѓин и источниот дел од Бјелско-Бјала, кои се во историската област Малополска).
Население
уредиШлеското Војводство е најгусто населено во земјата (со 379 жит./км2, споредено со државниот просек од 124 жит./км2). Поради високоразвиената индустрија, има најниска стапка на невработеност (6,2 %) од сите војводства. Степенот на урбанизација е голем, при што 78 % населението живее во градовите.
Знаменитости
уредиСеверниот и јужниот дел од војводството се опкружени со зелен појас. Бјелско-Бјала е обиколен од венецот Бескиди, познат по зимските спортови. На планините има вкупно 150 жичници и 200 километри скијачки патеки. Најпосетени скијачки места се Шчирк, Брена, Висла и Устроњ. Во Краковско-ченстоховската Јура е застапено искачувањето. На истото подрачје забележителна е Патеката на Орловите Гнезда која минува покрај разни срушени замоци. Голема посетеност има светилиштето Јасна Гура во Ченстохова, со 4 милиони поклоници годишно. Во југозападниот дел на војводството има паркови, дворци и стар манастир (Руди, Воѓислав Шлонски). Долж реката Одра се протегаат природни резервати.
Со повеќе од два века индустриска историја, областа има и низа споменици на техниката. Тука спаѓаат железници, рудници за јаглен и сребро и рударска опрема од XIX и XX век.
Градови и гратчиња
уредиПоради степенот на урбанизација и индустријализација, војводството има необично голем број градови — дури 12 од 40-те најголеми градови во Полска. 19 од нив имаат статус на градски окрузи — несразмерно повеќе од секое друго војводство. Војводството има вкупно 71 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 г.[5]):
- Катовице (307.233)
- Ченстохова (235.798)
- Сосновјец (214.488)
- Гливице (186.347)
- Битом (176.106)
- Бјелско-Бјала (174.370)
- Забже (169.643)
- Руда Шлонска (142.510)
- Рибњик (140.863)
- Тихи (129.322)
- Домброва Гурнича (124.701)
- Хожув (111.536)
- Јавожно (94.580)
- Јастшембје-Здруј (92.105)
- Мисловице (75.428)
- Шемјановице Шлонске (69.713)
- Жори (62.110)
- Тарновске Гури (60.889)
- Бенѓин (59.023)
- Пјекари Шлонске (57.917)
- Раќибуж (56.397)
- Швјентохловице (53.150)
- Завјерќе (51.862)
- Воѓислав Шлонски (49.353)
- Кнурув (39.823)
- Миколув (38.392)
- Ќешин (36.014)
- Чеховице-Ѓеѓице (34.811)
- Челаѓ (34.173)
- Мишкув (32.830)
- Живјец (32.078)
- Червјонка-Лешчини (28.486)
- Пшчина (25.621)
- Лублињец (24.229)
- Ридултови (21.950)
- Лажиска Гурне (21.906)
- Бјеруњ (19.642)
- Писковице (19.127)
- Ожеше (18.830)
- Радлин (17.673)
- Раѓионкув (17.220)
- Ленѓини (16.156)
- Устроњ (15.420)
- Скочув (14.641)
- Пшув (14.012)
- Клобуцк (13.193)
- Висла (11.453)
- Блаховња (9.863)
- Војковице (9.434)
- Поремба (8.784)
- Калети (8.657)
- Имјелин (7.887)
- Мјастечко Шлонске (7.368)
- Лази (7.139)
- Славкув (6.833)
- Коњецпол (6.303)
- Шчирк (5.860)
- Шевјеж (5.528)
- Кужња Раќиборска (5.517)
- Кшепице (4.524)
- Огроѓењец (4.465)
- Жарки (4.419)
- Вожники (4.410)
- Шчекоќини (3.795)
- Тошек (3.822)
- Струмјењ (3.397)
- Виламовице (2.818)
- Кожеглови (2.505)
- Кшановице (2.207)
- Пилица (1.971)
- Сошњицовице (1.747)
Управна поделба
уредиШлеското Војводство е поделено на 36 окрузи, од кои 19 се градски, а 17 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 167 општини.
Име и изворно име |
Површина (км²) |
Население (2006) |
Седиште | Други градови | Општини |
Градски окрузи | |||||
Битом Bytom |
69 | 187.205 | 1 | ||
Бјелско-Бјала Bielsko-Biała |
125 | 176.678 | 1 | ||
Гливице Gliwice |
134 | 199.099 | 1 | ||
Домброва Гурнича Dąbrowa Górnicza |
188 | 129.753 | 1 | ||
Жори Żory |
65 | 62.625 | 1 | ||
Забже Zabrze |
80 | 190.610 | 1 | ||
Јавожно Jaworzno |
152 | 96.051 | 1 | ||
Јастшембје-Здруј Jastrzębie-Zdrój |
85 | 95.149 | 1 | ||
Катовице Katowice |
165 | 315.996 | 1 | ||
Мисловице Mysłowice |
66 | 74.988 | 1 | ||
Пјекари Шлонске Piekary Śląskie |
40 | 59.494 | 1 | ||
Рибњик Rybnik |
148 | 141.382 | 1 | ||
Руда Шлонска Ruda Śląska |
78 | 145.929 | 1 | ||
Тихи Tychy |
82 | 130.842 | 1 | ||
Хожув Chorzów |
33 | 114.434 | 1 | ||
Ченстохова Częstochowa |
160 | 246.129 | 1 | ||
Сосновјец Sosnowiec |
91 | 225.202 | 1 | ||
Швјентохловице Świętochłowice |
13 | 55.172 | 1 | ||
Шемјановице Шлонске Siemianowice Śląskie |
25 | 72.451 | 1 | ||
Земски окрузи | |||||
Бенѓински powiat będziński |
368 | 151.122 | Бенѓин | Челаѓ, Војковице, Славкув, Шевјеж | 8 |
Бјелски powiat bielski |
457 | 150.764 | Бјелско-Бјала * | Чеховице-Ѓеѓице, Шчирк, Виламовице | 10 |
Бјеруњско-ленѓински powiat bieruńsko-lędziński |
157 | 55.868 | Бјеруњ | Кожеглови, Имјелн | 5 |
Воѓиславски powiat wodzisławski |
287 | 155.228 | Воѓислав Шлонски | Ридултови, Радлин, Пшув | 9 |
Гливички powiat gliwicki |
663 | 114.963 | Гливице * | Кнурув, Писковице, Тошек, Сошњицовице | 8 |
Живјечки powiat żywiecki |
1.040 | 149.492 | Живјец | 15 | |
Завјерќански powiat zawierciański |
1.003 | 124.127 | Завјерќе | Поремба, Лази, Огроѓењец, Шчекоќини, Пилица | 10 |
Клобучки powiat kłobucki |
889 | 84.730 | Клобуцк | Кшепице | 9 |
Лублинечки powiat lubliniecki |
822 | 76.628 | Лублињец | Вожники | 8 |
Миколувски powiat mikołowski |
232 | 91.022 | Миколув | Лажиска Гурне, Ожеше | 5 |
Мишкувски powiat myszkowski |
479 | 71.619 | Мишкув | Жарки, Кожеглови | 5 |
Пшчински powiat pszczyński |
473 | 104.638 | Пшчина | 6 | |
Раќибушки powiat raciborski |
544 | 111.505 | Раќибуж | Кужња Раќиборска, Кшановице | 8 |
Рибњички powiat rybnicki |
225 | 73.527 | Рибњик * | Червјонка-Лешчини | 5 |
Тарногурски powiat tarnogórski |
643 | 137.979 | Тарновске Гури | Раѓионкув, Калети, Мјастечко Шлонске | 9 |
Ќешински powiat cieszyński |
730 | 171.029 | Ќешин | Устроњ, Скочув, Висла, Струмјењ | 12 |
Ченстоховски powiat częstochowski |
1.519 | 133.553 | Ченстохова * | Блаховња, Коњецпол | 16 |
* седиштето не е дел од округот |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-08-16. Посетено на 2017-07-24.
- ↑ 2,0 2,1 Śląskiego, Urząd Marszałkowski Województwa. „Województwo Śląskie - Śląskie. Pozytywna energia“ (PDF). www.silesia-europa.pl. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-16. Посетено на 15 March 2018.
- ↑ „Śląski Urząd Wojewódzki w Katowicach - strona oficjalna“. Архивирано од изворникот на 2009-10-19. Посетено на 12 December 2016.
- ↑ Art4net. „The Śląskie Voivodeship“. Архивирано од изворникот на 30 June 2016. Посетено на 12 December 2016.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-05-05. Посетено на 2008-05-05.
Надворешни врски
уреди„Шлеско Војводство“ на Ризницата ? |
- Шлеско Војводство Архивирано на 16 март 2010 г. — официјална страница
- Портал на Шлеска