Поткарпатско Војводство

војвојдство во Полска

Поткарпатско Војводство (полски: województwo podkarpackie) — војводство на крајиот југоисток на Полска. Седиште и најголем град е Жешув. Сè до 1945 г. оваа улога ја имал Лавов, кој потоа прешол во Украина.

Поткарпатско Војводство
województwo podkarpackie
војводство
Знаме на Поткарпатско ВојводствоГрб на Поткарпатско Војводство
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Окрузи во Поткарпатското Војводство
Окрузи во Поткарпатското Војводство
Земја Полска
CapitalЖешув
Окрузи4 градски, 21 земски *
Површина
 • Вкупно17.844 км2 (6,890 ми2)
Население (2014)
 • Вкупно2.129.187
 • Густина120/км2 (300/ми2)
 • Градскo850.022
 • Селско1.246.949
Рег. таб.R
Мреж. местоwrota.podkarpackie.pl
Лубомирскиот дворец во Жешув.
Катедралата во Пшемишл.
Градскиот дом во Јарослав.
Замокот во Баранув Сандомјерски.
Замокот во Лањцут.
Замокот во Крашичин.

Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Жешувско, Пшемишлско, Кросненско и (делумно) Тарнувско и Тарнобжешко, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по блиските планини Карпати и опфаќа две историски области — западниот и северозапдниот дел припаѓаат на Малополска, а остатокот е во областа Црвена Русија. Во меѓувоениот период (1918-1939), Поткарпатското Војводство бил во помалку развиениот дел на земјата. Кон средината на 1930-тите, полската држава отпочнала големоразмерна индустријализација, создавајќи го Централниот индустриски округ. Со програмата се основани неколку крупни фабрики за оружје како ПЗЛ „Мјелец“, ПЗЛ „Жежув“, „Хута Сталова Вола“ и разни производни заводи во Дембица, Нова Демба, Санок, Тарнобжег и Нова Сажина.

Се граничи со Малополското Војводство на запад, Светокришкото на северозапад, Лублинското на север, Украина на исток и Словачка на југ. Зафаќа површина од 17.844 км2 и има население од 2.129.187 жители (2014). Војводството е претежно планинско, со исклучок на северозападниот дел, кој е рамничарски. Позначајни планини се Бјешчадите и Бескидите. Има висок степен на пошуменост (35,9 %) и во себе го опфаќа целиот национален парк Бјешчади и делови од националниот парк Магура.

Градови и гратчиња

уреди

Војводството има 50 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2008 година:[1]

Управна поделба

уреди

Поткарпатското Војводство е поделено на 25 окрузи, од кои 4 се градски, а 21 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 160 општини.

Име и
изворно име
Површина
(км²)
Население
(2006)
Седиште Други градови Општини
Градски окрузи
Жешув
Rzeszów
77 179.455 1
Кросно
Krosno
43 47.693 1
Пшемишл
Przemyśl
44 66.715 1
Тарнобжег
Tarnobrzeg
86 50.033 1
Земски окрузи
Жешувски
powiat rzeszowski
1.219 169.586 Жешув * Динув, Богухвала, Глогув Малополски, Соколув Малополски, Тичин, Блажова 14
Мјелечки
powiat mielecki
880 133.148 Мјелец Радомишл Вјелки, Пшецлав 10
Дембички
powiat dębicki
776 132.473 Дембица Плизно, Бжостек 7
Јарославски
powiat jarosławski
1.029 122.368 Јарослав Радимно, Прухњик 11
Јаселски
powiat jasielski
830 115.128 Јасло Колачице 10
Кросненски
powiat krośnieński
924 109.715 Кросно * Једличе, Риманув, Дукла, Ивоњич-Здруј 10
Сталововолски
powiat stalowowolski
833 109.170 Сталова Вола 6
Саночки
powiat sanocki
1.225 94.740 Санок Загуж 8
Пшеворски
powiat przeworski
698 78.691 Пшеворск Кањчуга, Шењава 9
Лањцутски
powiat łańcucki
452 77.710 Лањцут 7
Ропчичко-сенѓишувски
powiat ropczycko-sędziszowski
549 71.220 Ропчице Сенѓишув Малополски 5
Пшемишлски
powiat przemyski
1.214 70.882 Пшемишл * 10
Лежајски
powiat leżajski
583 69.235 Лежајск Нова Сажина 5
Нисковски
powiat niżański
786 67.042 Ниско Рудник на Сан, Уланув 7
Бжозувски
powiat brzozowski
540 65.254 Бжозув 6
Стшижувски
powiat strzyżowski
503 61.938 Стшижув 5
Клобушовски
powiat kolbuszowski
774 61.399 Колбушова 6
Лубачувски
powiat lubaczowski
1308 57.120 Лубачув Олешице, Нарол, Ќешанув 8
Тарнобжешки
powiat tarnobrzeski
520 53.730 Тарнобжег * Нова Демба, Баранув Сандомјерски 4
Лески
powiat leski
835 26.613 Леско 5
Бјешчадски
powiat bieszczadzki
1.138 22.213 Устшики Долне 3
* седиштето не е дел од округот

Народи

уреди
 
Погорјани во носии.

Најчести презимиња

уреди
  1. Мазур: 9.530
  2. Новак: 9.301
  3. Баран: 8.020

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население. Бројност и состав по територијални единици на 31 декември 2008 г.“ (PDF). Централна статистичка служба. 2009-06-02. Посетено на 2009-06-22. (полски)

Надворешни врски

уреди

49°57′24″N 22°10′22″E / 49.95667° СГШ; 22.17278° ИГД / 49.95667; 22.17278