Лоѓско Војводство
Лоѓско Војводство (полски: województwo łódzkie) — војводство во средна Полска. Создадено е на 1 јануари 1999 г. од Лоѓското, Шерачкото, Пјотркувското, Скерњевичкото и делумно од Плочкото Војводство, согласно управната реформа донесена претходната година. Зафаќа површина од 18.219 км2.
Лоѓско Војводство Województwo łódzkie | |||
---|---|---|---|
војводства | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Лоѓското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Лоѓ | ||
Окрузи | 3 градски, 21 земски* | ||
Површина | |||
• Вкупно | 18.219 км2 (7,034 ми2) | ||
Население (2016) | |||
• Вкупно | 2.485.323 | ||
• Густина | 140/км2 (350/ми2) | ||
• Градскo | 1.563.595 | ||
• Селска | 921.728 | ||
БДП (номин; 2014)[1] | |||
• Вкупно | 25 млј € | ||
• ПГЖ | 10.000 € | ||
Рег. таб. | E | ||
Мреж. место | lodzkie.pl | ||
*понатаму се делат на 177 општини |
Се граничи со шест војводства: Мазовското на север и исток, Светокришкото на југоисток, Шлеското на југ, Ополското на југозапад, Големополско на запад и, во мала мера, Кујавско-поморското на север. Неговата територија опфаќа три историски области — Мазовија во источниот, Големополска во западниот и Малополска во југоисточниот дел, во околината на Опочно).
Градови и гратчиња
уредиВојводството има 44 градски населени места. Тука се наведени по број на жители според состојбата во 2016 година:[2]
- Лоѓ (696.503)
- Пјотркув Трибуналски (74.694)
- Пабјањице (66.265)
- Томашув Мазовјецки (63.601)
- Белхатув (58.326)
- Згеж (56.929)
- Скерњевице (48.327)
- Радомско (46.583)
- Кутно (44.718)
- Шераѕ (42.762)
- Здуњска Вола (42.698)
- Лович (28.811)
- Вјелуњ (22.973)
- Опочно (21.635)
- Александрув Луѕки (21.380)
- Озоркув (19.809)
- Константинув Луѕки (17.892)
- Ласк (17.604)
- Рава Мазовјецка (17.561)
- Гловно (14.534)
- Ленчица (14.362)
- Колушки (13.246)
- Бжежини (12.514)
- Вјерушув (8.639)
- Жихлин (8.376)
- Зелув (7.725)
- Поддембице (7.630)
- Тушин (7.280)
- Пајенчно (6.829)
- Сулејув (6.272)
- Ѓалошин (6.040)
- Крошњевице (4.458)
- Джевица (3.913)
- Пшедбуж (3.649)
- Стрикув (3.477)
- Рзгув (3.378)
- Злочев (3.371)
- Варта (3.303)
- Бјала Равска (3.212)
- Уњејув (2.984)
- Камјењск (2.821)
- Волбуж (2.339)
- Блашки (2.196)
- Шадек (1.976)
Управна поделба
уредиЛоѓското Војводство е поделено на 24 окрузи, од кои 3 се градски, а 21 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 177 општини.[2]
Име и изворно име |
Површина (км²) |
Население (2016) |
Седиште | Други гратчиња | Општини |
---|---|---|---|---|---|
Градски окрузи | |||||
Лоѓ
Łódź |
293 | 696.503 | 1 | ||
Пјотркув Трибуналски
Piotrków Trybunalski |
67 | 74.694 | 1 | ||
Скерњевице
Skierniewice |
33 | 48.327 | 1 | ||
Земски окрузи | |||||
Белхатувски powiat bełchatowski |
969 | 113.004 | Белхатув | Зелув | 8 |
Бжежински powiat brzeziński |
359 | 30.912 | Бжежини | 5 | |
Вјелуњски powiat wieluński |
928 | 77.238 | Вјелуњ | 10 | |
Вјерушувски powiat wieruszowski |
576 | 42.237 | Вјерушув | 7 | |
Згешки powiat zgierski |
854 | 165.206 | Згеж | Озоркув, Александрув Луѕки, Гловно, Стрикув | 9 |
Здуњсковолски powiat zduńskowolski |
369 | 67.248 | Здуњска Вола | Шадек | 4 |
Источнолоѓски powiat łódzki wschodni |
499 | 70.796 | Лоѓ * | Колушки, Тушин, Рзгув | 6 |
Радомски powiat radomszczański |
1.443 | 114.336 | Радомско | Пшедбуж, Камјењск | 14 |
Кутновски powiat kutnowski |
886 | 98.583 | Кутно | Жихлин, Крошњевице | 11 |
Ласки powiat łaski |
617 | 50.285 | Ласк | 5 | |
Ленчички powiat łęczycki |
774 | 50.769 | Ленчица | 8 | |
Ловички powiat łowicki |
987 | 79.340 | Лович | 10 | |
Опоченски powiat opoczyński |
1.039 | 77.203 | Опочно | Джевица | 8 |
Пабјањички
powiat pabianicki |
491 | 119.299 | Пабјањице | Константинув Луѕки | 7 |
Пајенчненски powiat pajęczański |
804 | 52.003 | Пајенчно | Ѓалошин | 8 |
Пјотркувски powiat piotrkowski |
1.429 | 93.334 | Пјотркув Трибуналски * | Сулејув, Волбуж | 11 |
Поддембички powiat poddębicki |
881 | 41.484 | Поддембице | Уњејув | 6 |
Равски powiat rawski |
647 | 49.081 | Рава Мазовјецка | Бјала Равска | 6 |
Скерњевички powiat skierniewicki |
756 | 38.198 | Скерњевице * | 9 | |
Томашувски powiat tomaszowski |
1.026 | 118.234 | Томашув Мазовјецки | 11 | |
Шерачки powiat sieradzki |
1,491 | 119.009 | Шераѕ | Злочев, Варта, Блашки | 11 |
* седиштето не е дел од округот |
Наводи
уреди- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-02-29. Посетено на 2016-02-28.
- ↑ 2,0 2,1 Население. Состојба и состав на територијалниот пресек (состојба на 31 декември 2016 г.) (PDF). Варшава: Главна статистичка служба. 2017. стр. 114–118. ISSN 2451-2087. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-07-09.
Надворешни врски
уреди„Лоѓско Војводство“ на Ризницата ? |
- Лоѓско Војводство — официјална страница
- Туристички портал на Лоѓското Војводство