Долношлеско Војводство

војводство во Полска

Долношлеско Војводство (полски: województwo do)nośląskie) — војводство во југозападна Полска, наречено по историската област Долна Шлеска.

Долношлеско Војводство
województwo dolnośląskie
војводство
Знаме на Долношлеско ВојводствоГрб на Долношлеско Војводство
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Окрузи во Долношлеското Војводство
Окрузи во Долношлеското Војводство
Земја Полска
СедиштеВроцлав
Површина
 • Вкупно19.946,74 км2 (770,148 ми2)
Население (2014)
 • Вкупно2.908.457
 • Густина150/км2 (400/ми2)
 • Градскo2.047.151
 • Селско837.097
Рег. таб.D
Мреж. местоumwd.pl

Војводството било дел од средновековната полска држава под водство на династијата Пјасти. По смррта на кнезот Болеслав III Кривоустиот во 1138 г. државата почнала да се раздвојува на делови. Шлеска станала полска покраина како кнежевство, но подоцна се расцепкало на мали кнежевства под власта на кнезови од семејството Пјасти. Во овој период стапило германското влијание, поради доселувањето на население од германските краишта на Светото Римско Царство. Ова оставило белег на архитектурата, обичаите и кујната. Сепак, Долна Шлеска останала и центар на полската култура. Тука е напишан ракописот кој ја содржи првата позната реченица на старополски јазик (Хенрикувска книга, XIII век), како и првата печатена книга на полски (Statuta synodalia Episcoporum Wratislaviensis, 1475), обете изложени во Вроцлав. Злоторија е најстариот град во Полска, прогласен со повелба на кнезот Хенрик Брадестиот (XII-XIII век). Низ вековите, Долна Шлеска доживеала редица епохални настани како протестантската реформација, Шлеските војни, индустријализацијата и двете светски војни.

Долна Шлеска се вбројува меѓу побогатите краишта во Полска поради значајните природни ресурси како бакарот, лигнитот и други камени материјали кои ги исползуваат најголемите претпријатија, како и развиено стопанство во разни други гранки.[1]

Седиштето Вроцлав е сместено на реката Одра. Градот е меѓу најголемите и најважните во Полска. Тука, како и во Тшебница, се гробниците на полските владетели. Војводството има многубројни замоци и дворци и ужива голема посетеност.

Историја и географија

уреди

Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Вроцлавско, Легњичко, Валбжишко и Јелењогурско, согласно управната реформа усвоена претходната година. Зафаќа површина од 19.946 км2 и има 2.908.457 жители (2014).

Војводството е претежно низинско, со исклучок на повисоките делови по кои продолжуваат Судетите што се протегаат долж полско-чешката граница. Мошне посетени се скијачките места како Карпач и Шкаларска Поремба на венецот Карконоше. Други попосетени места се Вроцлав, Јелења Гура и Легњица. Градот Болеславјец е познат по Болескавечката керамика.

Во Долна Шлеска има голем број бањски лекувалишта: Ќеплице Шлонске-Здруј, Длугополе-Здруј, Душњики-Здруј, Једлина-Здруј, Кудова-Здруј, Лондек-Здруј, Полањица-Здруј, Пшежечин-Здруј, Шчавно-Здруј, Швјерадув-Здруј.

Долношлеското Војводство се граничи со Лубушкото Војводство на северозапад, Големополското на североисток, Ополското на југоисток, Чешка на југ и Германија (Саксонија) на запад.

Градови и гратчиња

уреди
 
Легњица
 
Јелења Гура
 
Глогув
 
Болеславјец познат по керамичките производи.
 
Клоѕко

Војводството има 91 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[2]

  1. Вроцлав (631.188)
  2. Влабжих (119.955)
  3. Легњица (102.708)
  4. Јелења Гура (83.097)
  5. Лубин (74.886)
  6. Глогув (69.608)
  7. Швидњица (60.213)
  8. Болеславјец (40.837)
  9. Олешњица (36.951)
  10. Ѓержоњув (34.678)
  11. Згожелец (32.925)
  12. Бјелава (31.219)
  13. Олава (30.908)
  14. Клоѕко (28.249)
  15. Јавор (24.347)
  16. Нова Руда (24.261)
  17. Швјебоѓице (23.126)
  18. Полковице (22.279)
  19. Лубањ (22.137)
  20. Камјена Гура (21.440)
  21. Богатиња (19.068)
  22. Стшегом (16.782)
  23. Богушув-Горце (16.687)
  24. Злоторија (16.503)
  25. Зомбковице Шлонске (16.242)
  26. Јелч-Ласковице (15.196)
  27. Хојнув (14.389)
  28. Бжег Долни (12.786)
  29. Гура (12.574)
  30. Волув (12.286)
  31. Стшелин (12.192)
  32. Тшебњица (12.180)
  33. Милич (12.004)
  34. Ковари (11.824)
  35. Сицув (10.712)
  36. Бистшица Клоѕка (10.638)
  37. Кудова-Здруј (10.204)
  38. Лвувек Шлонски (9.687)
  39. Пјешице (9.490)
  40. Жембице (9.234)
  41. Шрода Шлонска (8.800)
  42. Оборњики Шлонске (8.426)
  43. Хоќанув (8.215)
  44. Грифув Шлонски (7.128)
  45. Шкларска Поремба (7.094)
  46. Глушица (6.999)
  47. Жарув (6.902)
  48. Полањица-Здруј (6.900)
  49. Твардогура (6.866)
  50. Собутка (6.780)
  51. Пилава Гурна (6.779)
  52. Жмигруд (6.573)
  53. Пшемкув (6.551)
  54. Лубавка (6.529)
  55. Пјеховице (6.494)
  56. Строње Шлонске (6.246)
  57. Лондек-Здруј (6.181)
  58. Шќинава (5.934)
  59. Плењск (5.799)
  60. Шчавно-Здруј (5.506)
  61. Конти Вроцлавске (5.418)
  62. Болкув (5.380)
  63. Јавожина Шлонска (5.240)
  64. Шчитна (5.234)
  65. Једлина-Здруј (5.116)
  66. Душњњики-Здруј (5.113)
  67. Бјерутув (5.066)
  68. Карпач (5.063)
  69. Олшина (4.786)
  70. Лешна (4.752)
  71. Швјерадув-Здруј (4.554)
  72. Мјерошув (4.515)
  73. Завидув (4.412)
  74. Мирск (4.136)
  75. Новогроѓец (4.055)
  76. Војќешув (3.940)
  77. Шехњице (3.851)
  78. Проховице (3.702)
  79. Њемча (3.121)
  80. Вонглињец (3.072)
  81. Злоти Сток (2.930)
  82. Бардо (2.860)
  83. Вонсоч (2.828)
  84. Мјенѕилеше (2.776)
  85. Радкув (2.460)
  86. Швјежава (2.439)
  87. Мјенѕибуж (2.356)
  88. Вјонзув (2.230)
  89. Прусице (2.203)
  90. Влењ (1.884)
  91. Лубомјеж (1.818)

Управна поделба

уреди
 
Костурницата во Чермина, Кудова.
 
Црква на мирот во Швидњица — светско наследство на УНЕСКО.
 
Црква на мирот во Јавор — светско наследство на УНЕСКО.
 
Ваншката гредна црква во Карпач, стара осум века.
 
Бенедиктинската опатија во Кшешув.

Западнопоморското Војводство е поделено на 30 округ, од кои 4 се градски, а 26 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 169 општини.

Име и
изворно име
Површина
(км²)
Население
(2014)
Седиште Други градови Општини
Градски окрузи
Валбжих
Wałbrzych
84,70 117.264 1
Вроцлав
Wrocław
293 633.105 1
Јелења Гура
Jelenia Góra
109,22 81.640 1
Легњица
Legnica
56,29 101.768 1
Земски окрузи
Болеславјечки
powiat bolesławiecki
1.303м26 90.295 Болеславјец Новогроѓец 6
Валбжишки
powiat wałbrzyski
430,22 57.620 Валбжих * Богушув-Горце, Глушица, Шчавно-Здруј, Једлина-Здруј, Мјерошув 9
Волувски
powiat wołowski
675 47.475 Волув Бжег Долни 3
Вроцлавски
powiat wrocławski
1116,15 129.576 Вроцлав * Собутка, Конти Вроцлавске, Шехњице 9
Ѓержоњувски
powiat dzierżoniowski
478,34 104.285 Ѓержоњув Бјелава, Гола Ѓержоњовска, Њемча, Пјешице, Пилава Гурна 7
Глогувски
powiat głogowski
443,06 90.194 Глогув 6
Гурски
powiat górowski
738,11 36.321 Гура Вонсоч 4
Згожелечки
powiat zgorzelecki
838,11 92.799 Згожелец Богатиња, Пјењск, Завидув, Венглињец 7
Злоториски
powiat złotoryjski
575,45 44.893 Злоторија Војшеќув, Швјежава 6
Зомбковички
powiat ząbkowicki
801,75 67.614 Зомбковице Шлонске Жембице, Злоти Сток, Бардо 7
Јаворски
powiat jaworski
581,25 51.949 Јавор Болкув 6
Јелењогурски
powiat jeleniogórski
628,21 65.069 Јелења Гура * Ковари, Шкларска Поремба, Пјеховице, Карпач 9
Камјеногурски
powiat kamiennogórski
396,13 44.824 Камјена Гура Лубавка 4
Клоцки
powiat kłodzki
1643,37 164.155 Клоѕко Нова Руда, Бистшица Клоѕка, Кудова-Здруј, Полањица-Здруј, Строње Шлонске, Лондек-Здруј, Шчитна, Душњики-Здруј, Мјенѕилеше, Радкув 14
Лвувечки
powiat lwówecki
709,94 47.120 Лвувек Шлонски Грифув Шлонски, Мирск, Влењ, Лубомјеж 5
Легњички
powiat legnicki
744,60 54.929 Легњица * Хојнув, Проховице 8
Лубањски
powiat lubański
428,30 55.919 Лубањ Олшина, Лешна, Швјерадув-Здруј 7
Лубински
powiat lubiński
711,99 106. Лубин Шќинава 4
Милички
powiat milicki
715,01 37.286 Милич 3
Олавски
powiat oławski
523,73 75.869 Олава Јелч-Ласковице 4
Олешњички
powiat oleśnicki
1049,74 106.167 Олешњица Сицув, Твардогура, Бјерутув, Мјенѕибуж 8
Полковички
powiat polkowicki
779,93 63.185 Полковице Хоќанув, Пшемкув 6
Стшелински
powiat strzeliński
622,27 44.322 Стшелин Вјонзув 5
Тшебњички
powiat trzebnicki
1025,55 83.176 Тшебњица Оборњики Шлонске, Жмигруд, Прусице 6
Швидњички
powiat świdnicki
742,89 160.658 Швидњица Швјебоѓице, Стшегом, Жарув, Јавожина Шлонска 8
Шродски
powiat średzki
703,68 52.543 Шрода Шлонска 5
* седиштето не е дел од округот

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Past and Present Regions of Poland - Lower Silesia“. Архивирано од изворникот на 2016-07-20. Посетено на 10 March 2017.
  2. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-05-05. Посетено на 2008-05-05.

Надворешни врски

уреди

51°05′N 16°24′E / 51.083° СГШ; 16.400° ИГД / 51.083; 16.400