Јарослав Качињски
Јарослав Александер Качињски (полски: Jarosław Aleksander Kaczyński) – полски политичар, роден на 18 јуни 1949 година во Варшава, брат-близнак на Лех Качињски. По професија е адвокат, а премиер на Полска станал во 2006 година, по Кажимјеж Марќинкевич. На таа функција бил до 2007 година, а по него премиер на Полска станал Доналд Туск.
Животопис
уредиПолитичка кариера
уредиВо 1991 година, Јарослав Качињски ја формирал демохристијанската партија „Центарски договор“ со која си обезбедил два мандата како пратеник во Сејмот, во 1991 и повторно во 1997 година. Во 2001 година, заедно со братот-близнак Лех Качињски, ја формирал десничарската партија „Право и правда“, која на изборите во 2001 година освоила над 10% од гласовите. Откако брат му станал градоначалник на Варшава, во 2003 година Јарослав застанал на чело на партијата „Право и правда“. Во 2006-2007 година, Јарослав Качињски бил премиер на Полска.[1]
Наводи
уреди- ↑ Мирослав Саздовски, „Евроскептицизмот најде ново упориште - Полска“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 74-75.