Отвори го главното мени

Бруто општествен производ

(Пренасочено од БНП)

Бруто општествен производ или БОП (наречен и „бруто национален производ“, од англиски: Gross national product, GNP) — пазарната вредност на сите стоки и услуги во дадена година произведени (или пружени) со трудот и средствата на државјаните на една земја. За разлика од бруто домашниот производ (БДП), што го опишува производството според тоа каде географски се одвива, БОП ја изразува произведената вредност според сопственоста.

БОП не прави разлика помеѓу квалитетивното подобрување во техниката (на пр. побрза обработка кај сметачи) и квантитативните зголемувања во производството (на пр. повеќе произведени сметачи). Обете ги става под рубриката „економски раст“.[1]

Во основа, БОП претставува вкупната вредност на сите конечни произведени стоки и пружени услуги во дадена година, заедно со заработениот доход на нејзините државјани (вклучувајќи ги оние сместени во странство), а без доходот на оние без државјанство или постојан престој во земјата. Како таква, ова е мерка за вредноста на производите и услугите на државјаните на земјата, без оглед на тоа каде се наоѓаат. Ова е еден од показателите за економската благосостојба на земјата, под претпоставката дека поголем БОП дава повисок квалитет на живот.

Содржина

БОП наспроти БДПУреди

Бруто општествениот производ (БОП) честопати се поставува наспроти бруто домашниот производ (БДП). Додека БОП го изразува производството во претпријатијата на една земја (било да работат дома или во странство), БДП е мерка за произведеното во границите на земјата (било од домашни или странски претпријатија). Овие два показтела највеќе се разликуваат кога земјата има средства во странство (погони, фабрики, претпријатија) во облик на инвестиции, учество и др.

Список на десет најсилни земји по БОП (БНД)Уреди

Ова е список на десет земји со највисок бруто општествен производ, т.е. општествен доход во 2012 г., изразено номинално, со методот „Атлас“ во милиони долари[2]

Поврзано: Список на земји по БДП (номинално)
Место 2011 2010 2009
1   САД 15.097.089
2   НР Кина 6.628.086   НР Кина 5.717.592   НР Кина 4.822.913
3   Јапонија 5.774.376   Јапонија 5.359.236   Јапонија 4.793.538
4   Германија 3.594.303   Германија 3.513.807   Германија 3.472.823
5   Франција 2.775.664   Франција 2.745.670   Франција 2.742.735
6   Обединето Кралство 2.366.544   Обединето Кралство 2.373.636   Обединето Кралство 2.532.124
7   Италија 2.246.998   Италија 2.149.222   Италија 2.141.109
8   Бразил 2.107.628   Бразил 1.859.414   Бразил 1.575.897
9   Индија 1.746.481   Индија 1.539.419   Шпанија 1.469.901
10   Канада 1.570.886   Канада 1.475.865   Канада 1.412.899

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Daly, Herman E. (1996), Beyond Growth. Beacon Press
  2. БНД (GNI), Метод „Атлас“ (англиски)

Надворешни врскиУреди