Светокришко Војводство
Светокришко Војводство (полски: województwo świętokrzyskie, Швјентокшиско Војводство) — војводство во југоисточна Полска, во рамките на историската област Малополска. Наречено е по Светокришките Планини. Главен и најголем град е Келце.
Светокришко Војводство województwo świętokrzyskie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Светокришкото Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Келце | ||
Окрузи | 1 градски, 13 земски * | ||
Површина | |||
• Вкупно | 11.672 км2 (4,507 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 1.263.176 | ||
• Густина | 110/км2 (300/ми2) | ||
• Градскo | 581.322 | ||
• Селско | 700.474 | ||
Рег. таб. | T | ||
Мреж. место | kielce.uw.gov.pl | ||
|
Се граничи со шест други војводства: Мазовското на север, Лублинското на исток, Поткарпатското на југоисток, Малополското на југ, Шлеското на југозапад и Лоѓското на северозапад.
Создадено е на 1 јануари 1999 г. од Келечкото, источниот дел на Ченстоховското и западниот дел на Тарнобжешкото војводство, согласно управната реформа усвоена претходната година. Зафаќа површина од 11.672 км2 и има 1.263.176 жители (2014).
Градови и гратчиња
уредиВојводството има 32 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[1]
- Келце (207.718)
- Островјец Швјентокшиски (73.937)
- Стараховице (53.092)
- Скаржиско-Камјена (49.131)
- Сандомјеж (25.088)
- Коњске (20.667)
- Буско-Здруј (17.297)
- Јенджејув (16.577)
- Сташув (15.499)
- Пињчув (11.886)
- Влошчова (10.782)
- Сухеднњув (8.911)
- Полањец (8.316)
- Опатув (6.846)
- Сенѓишув (6.813)
- Стомпоркув (5.986)
- Кажимјежа Вјелка (5.730)
- Ожарув (4.816)
- Хенќини (4.252)
- Хмјелник (4.005)
- Малогошч (3.943)
- Радошице (3.267)
- Ќмјелув (3.172)
- Кунув (3.127)
- Далешице (2.800)
- Вонхоцк (2.760)
- Копшивница (2.531)
- Боѕентин (2.241)
- Ошек (1.955)
- Завихост (1.853)
- Стопњица (1.545)
- Скалбмјеж (1.323)
- Ѓалошице (1.068)
Управна поделба
уредиСветокришкото Војводство е поделено на 14 окрузи, од кои 1 е градски, а 13 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 102 општини.
Име и изворно име |
Површина (км²) |
Население (2006) |
Седиште | Други градови | Општини |
Градски окрузи | |||||
Келце Kielce |
110 | 207.718 | 1 | ||
Земски окрузи | |||||
Буски powiat buski |
967 | 73.940 | Буско-Здруј | 8 | |
Влошчовски powiat włoszczowski |
906 | 47.137 | Влошчова | 6 | |
Јенджејувски powiat jędrzejowski |
1.257 | 89.304 | Јенджејув | Сенѓишув, Малогошч | 9 |
Кажимјешки powiat kazimierski |
422 | 35.770 | Кажимјежа Вјелка | Скалмбмјеж | 5 |
Келечки powiat kielecki |
2.247 | 198.581 | Келце * | Хенќини, Хмјелник, Далешице, Боѕентин | 19 |
Коњечки powiat konecki |
1.140 | 84.239 | Коњске | Стомпоркув, Радошице | 8 |
Опатувски powiat opatowski |
912 | 56.645 | Опатув | Ожарув | 8 |
Островјечки powiat ostrowiecki |
616 | 116.179 | Островјец Швјентокшиски | Ќмјелув, Кунув | 6 |
Пињчувски powiat pińczowski |
611 | 42.127 | Пињчув | Ѓалошице | 5 |
Сандомјешки powiat sandomierski |
676 | 81.733 | Сандомјеж | Копшивница, Завихост | 9 |
Скаржиски powiat skarżyski |
395 | 80.024 | Скаржиско-Камјена | Сухедњув | 5 |
Стараховички powiat starachowicki |
523 | 94.395 | Стараховице | Вонхоцк | 5 |
Сташувски powiat staszowski |
925 | 74.004 | Сташув | Полањец, Ошек | 8 |
* седиштето не е дел од округот |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Статистички податоци“. Архивирано од изворникот на 27 December 2007. Посетено на 2 January 2008.
Надворешни врски
уреди„Светокришко Војводство“ на Ризницата ? |
- Светокришко Војводство — официјално мрежно место
- Туристички портал на Светокришкото Војводство