Олштин
Олштин (полски: Olsztyn, германски: Allenstein, пруски: Alnāsteini или Alnestabs, литвански: Olštynas) - град во североисточна Полска, низ кој тече реката Лина. Олштин е главен град на Варминско-мазурското Војводство и има 173,070 жители.
Олштин | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
| |||
Држава | ![]() | ||
Војводство | ![]() | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Пјотр Гжимович | ||
Површина | |||
• Градска | 88,328 км2 (34,104 ми2) | ||
Најг. вис. | 154 м | ||
Најм. вис. | 88 м | ||
Население (2017) | |||
• Градско | 173.070 ▼ | ||
• Густина | 1.965.3/км2 (5,090/ми2) | ||
• Метро | 270.000 | ||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски број | од 10-001 до 11–041 | ||
Повик. бр. | +48 89 | ||
Мреж. место | http://www.olsztyn.eu |
До 1466 година, градот бил под контрола и влијание на Тевтонскиот ред, а потоа бил инкорпориран во Круната на Полското Кралство. Со векови градот бил важен трговски, занаетчиски, научен и административен центар на Вармискиот регион и ја поврзувал Варшава со Кенигсберг. По првата поделба на Полска во 1772, Вармија била анексирана од страна на Прусија и престанала да биде во сопствеништво на свештенството. Во 19-тиот век, угледот на градот целосно се сменил со тоа што станал најзначајниот економски центар во јужниот дел на Источна Прусија. Изградбата на железница и раната индустријализација многу помогнала за важноста на Олштин. По крајот на Втората светска војна, градот ѝ бил вратен на Полска со потпишувањето на Потсдамскиот договор.
Од 1999 година, Олштин е главен град на Варминско-мазурското Војводство. Од истата година постои и Варминско-мазурскиот универзитет, кој е создаден со спојување на три локални универзитети. Денес, замокот на Варминските бискупи е музеј и место на кое се одржуваат концерти, уметнички изложби, филмски проекции и други културни настани, кои го прават Олштин позната туристичка дестинација.
Едни од најважните знаменитости во Олштин се средновековниот стар дел на градот и градската катедрала, која датира пред повеќе од 600 години. Живописниот пазар е дел од Европскиот пат на тулната готика, а катедралата се смета за еден од најдобрите споменици на готската архитектура во Полска.
Олштин со години се наоѓа високо на листите според квалитетот на животот, приходите, вработеноста и безбедноста. Во моментот се смета за едно од најдобрите места во Полска за живеење и работа. Исто така, Олштин е и еден од најсреќните градови во државата.