Лубушко Војводство

војвојдство во Полска

Лубушко Војводство (полски: województwo lubuskie) — војводство во западна Полска.

Лубушко Војводство
województwo lubuskie
војводство
Знаме на Лубушко ВојводствоГрб на Лубушко Војводство
Местоположба во Полска
Местоположба во Полска
Окрузи во Лубушкото Војводство
Окрузи во Лубушкото Војводство
Земја Полска
Seats
Окрузи2 градски, 12 земски *
Површина
 • Total13.987,93 км2 (540,077 ми2)
Население (2017)
 • Total1.016.652
 • Густина73/км2 (190/ми2)
 • Градскo659.708
 • Rural356.944
Рег. таб.F
Мреж. местоlubuskie.pl

Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Гожувско и Желоногурско, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по историската област Лубушка Земја (германски: Land Lebus), иако делови од војводството припаѓаат на историските области Шлеска, Големополска и Лужица. Сè до 1945 г. територијата била во состав на германската управна област Нојмарк во рамките на пруската покраина Бранденбург.

Управата е разделена во два града — Гожув Вјелкополски и Желона Гура. Во Гожув е седиштето на војводата (управникот), додека пак во Желона Гура е војводското собрание и извршните органи на чело со маршалот.

Војводството е прилично низинско, со бројни езера и шуми. Во јужниот дел, околу Желона Гура е застапено лозарството.

Се граничи со следниве војводства: Западнопоморското на север, Големополското на исток, Долношлеското на југ, и Германија (покраините Бранденбург и Саксонија) на запад.

Историја

уреди

Областа е придодадена кон полската држава со освојувањата на првиот водач на Полјаците, кнезот Мјешко I, а подоцна и со успесите на првиот полски крал Болеслав I Храбриот, кој го освоил лубушкиот дел од Лужица. Дел од таа историска област се протегала по западниот брег на реката Одра, каде е основан градот Лубуш, подоцна од Германците наречен Лебус.

Во 1226 г. Лебус потпаднал под непосредна власт на Светото Римско Царство, но околу 1250 г. му припаднало на благородничкото семејство Аскани — владетели на Маркгрофовијата Бранденбург. Воочи и за време на Втората светска војна, ова бил првиот дел од Полска заземен од Германија со нејзиниот „Пробив на исток“ за повраток на германските краишта.

Во 1945 г. Црвената армија ја освоила источна Германија и стапила кон прекројување на границите. Источниот дел од областа на Лубуш (Лебус) е припоена кон Полска, како дел од пропагандно наречените „Повратени земји“. Германското населението кое ги преживеало етничките чистки и не пребегало западно од Одра, било веднаш протерано и заменето со Полјаци од средна и поранешна источна Полска.

Градови и гратчиња

уреди
 
Желона Гура — седиште на војводското собрание.
 
Гожув Вјелкополски — седиште на војводата.
 
Нова Сул — дел од историската област Долна Шлеска.
 
Загањ
 
Швјебоѓин

Војводството има 42 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година[1]:

Управна поделба

уреди

Големополското Војводство е поделено на 14 окрузи, од кои 2 се градски, а 12 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 83 општини.

Име и
изворно име
Површина
(км²)
Население
(2006)
Седиште Други градови Општини
Градски окрузи
Гожув Вјелкополски
Gorzów Wielkopolski
86 125.204 1
Желона Гура
Zielona Góra
58 118.201 1
Земски окрузи
Всховски
powiat wschowski
625 38.958 Всхова Слава, Шлихтингова 3
Гожувски
powiat gorzowski
1.213 65.546 Гожув Вјелкополски * Костшин на Одра, Витница 7
Жагањски
powiat żagański
1.131 82.226 Жагањ Шпротава, Илова, Маломице, Гоздњица 9
Жарски
powiat żarski
1.393 98.929 Жари Лубско, Јашењ, Ленкњица 10
Желоногурски
powiat zielonogórski
1.571 89.543 Желона Гура * Сулехув, Новогруд Бобжањски, Бабимост, Червјењск, Каргова 10
Кросненски
powiat krośnieński
1.390 56.463 Кросно Оджањске Губин 7
Мјенѕижечки
powiat międzyrzecki
1.388 58.335 Мјенѕижеч Сквјежина, Тшќел 6
Новосулски
powiat nowosolski
771 86.773 Нова Сул Кожухув, Битом Оджањски, Нове Мјастечко 8
Слубички
powiat słubicki
1.000 46.777 Слубице Жепин, Ошно Лубуске, Цибинка 5
Стшелечко-дрезденечки
powiat strzelecko-drezdenecki
1.248 50.151 Стшелце Крајењске Дрезденко, Добјегњев 5
Суленќински
powiat sulęciński
1.177 35.329 Суленќин Тожим, Лубњевице 5
Швјебоѓински
powiat świebodziński
937 55.989 Швјебоѓин Збоншинек 6
* седиштето не е дел од округот

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-05-05. Посетено на 2008-05-05.

Надворешни врски

уреди

52°11′43″N 15°20′51″E / 52.19528° СГШ; 15.34750° ИГД / 52.19528; 15.34750