Велодромски велосипедизам

велосипедска дисциплина

Велодромски велосипедизамвелосипедски спорт кој вообичаено се одржувани на специјални патеки или велодроми, иако многу настани се одржувале на постари велодроми, каде патеките се релативно плитко направени. За овој спорт се користат специјални велосипеди, со што се истакнува нивната аеродинамичност.

Лондонскиот велопарк, поседува патека од сибирски бор долга 250 метри, која била домаќин на велосипедските настани на Летните олимписки игри 2012

Самите патеки имаат облик на јајце и обично се долги 200 м, 250 м или 333,33 м. Трките за велодромски велосипедизам биле присутни на сите Олимписки игри, освен на оние во Стокхолм 1912 година. Женските дисциплини првпат се појавиле на Олимписките игри во Сеул во 1988 година, во делот за спринт.

Овој спорт е најпопуларен во Европа, особено во Белгија, Франција, Германија и Англија, додека надвор во Европа, во Јапонија и Австралија. Од 1993 секоја година се одржуваат светски првенства.

Дисциплини уреди

Дисциплините во велодромскиот велосипедизам се делат на две широки категории, спринтерски трки и трки на издржливост. Возачите обично се определуваат за една од овие две категории и не настапуваат во другата.

Спринтерските трки обично се возат по 8 до 10 кругови и се насочуваат на спринтерската сила.

Главни спринтерски дисциплини

  • Спринт
  • Екипен спринт
  • Кеирин
  • Велодромски хронометар

Трките на издржливост се одржуваат на многу подолги растојанија. Иако овие примарно ја ставаат на проверка издржливоста на возачите, вештината за спринт е исто така потребна во медисон, бодовната трка и скреч. Должината на овие трки се движи од 12 до 16 кругови за индивидулната и екипната потера, до 200 круга во медисон на Светските првенства или Олимписките игри.

Главни дисциплини во издржливост

  • Поединечна потера
  • Екипна потера
  • Скреч
  • Бодовна трка
  • Медисон
  • Омниум
  • Елиминациски трки

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди