Ешборн-Франкфурт 2021 (позната и како: Трка околу Франкфурт 2021) — 60. издание на велосипедскатаеднодневна тркаТрка околу Франкфурт, која се одржала на 19 септември како дваесетти и седми настан во сезоната на Светската турнеја.[1] Трката се вратила во календарот на Светската турнеја откако изданието во 2020 година било откажано поради пандемијата на КОВИД-19 во Германија.[2] Традиционално, трката се одржува на 1 мај, Ден на трудот, но била одложена поради пандемијата на КОВИД-19.[3]
Трката се одржала на растојание од 187,5 километри и била искачена висина од околу 3.200 метри. Започнала во Ешборн, во предградијата на Франкфурт. Потоа, се влегува во Франкфурт се вози поголемиот дел од завршниот круг, за да се продолжи северозападно низ Оберузел на ридскиот масив Таунус. Фелдберг, првиот од овие ридови, бил најдолг со должина од 11 километри и просечен наклон од 4,8%. Потоа, возачите поминале двапати од поголемиот круг и скоро четирипати од помалиот круг околу Кронберг во Таунус, искачувајќи го Рупертсхајн двапати и Мамолсхајн четирипати. Од тука, трката поминала повторно низ почетокот во Ешборн, пред да заврши со три цели круга од 5,5 километри во Франкфурт.[4][5] Покрај генералниот пласман, имало и планински пласман со бодови на секој од осумте качувања и три спринта, секој со парична награда за првиот возач низ линијата на спринтот.[6]
Како нов настан на Светската турнеја, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Со тоа, тринаесет од деветнаесетте екипи избрале да учествуваат. Дополнително биле поканети и седум професионални континентални екипи, со што на трката настапиле вкупно 20 екипи.[7][8]Аркеа-Самсик, со шест возачи, била единствената екипа која не настапила со максималните дозволени седум возачи. Вкупно 139 возачи ја започнале трката, од кои 91 завршил.[9]
↑Roadbook 2021, стр. 16. sfn error: no target: CITEREFRoadbook2021 (help)
↑„Liste des engagés“ [List of participants] (PDF) (француски). Pressebüro Eschborn-Frankfurt. 14 September 2021. Архивирано од изворникот(PDF) на 2021-09-19. Посетено на 19 September 2021.