Тур Даун Андер 2011 — 13. издание на велосипедската етапна трка Тур Даун Андер. Се одржала од 18 до 23 јануари 2011 година и била прва трка во сезоната на Светската турнеја.[1] Трката следувала по трката Кансер Кансил Класик, во неделата на 16 јануари, која се состоела од 30 кругови околу паркот Римил во Аделаида, со вкупна должина од 51 километар.[2]

Тур Даун Андер 2011
Светска турнеја на UCI 2011, трка 1 од 27
Детали за трката
Датум(и) 18–23 јануари
Етапи 6
Растојание 758 км
Време 17ч 54' 27" (26.302 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Камерон Мајер (Австралија) (Гармин-Сервело)
Втор  Метју Гос (Австралија) (ХТЦ-Хајроад)
Трет  Бен Свифт (Велика Британија) (Тим Скај)

Планински  Лук Робертс (Австралија) (УниСА)
Младински  Камерон Мајер (Австралија) (Гармин-Сервело)
Спринтерски  Метју Гос (Австралија) (ХТЦ-Хајроад)
Екипен Мовистар Тим
2010
2012

Трката била освоена од возачот на Гармин-Сервело Камерон Мајер, откако ја носел водечката охра маичка, која ја преземал по етапната победа на четвртата етапа.[3][4] Победничката разлика на Мајер пред второпласираниот сонародник Метју Гос (ХТЦ-Хајроад) — победник на првата етапа на трката — била само две секунди, втора најмала разлика во историјата на трката. Возачот на Тим Скај Бен Свифт — двократен етапен победник на втората и завршната етапа — го заокружил подиумот, осум секунди зад Мајер.

Во другите пласмани на трката, крајниот победник Мајер бил исто така и освојувач на црната маичка за највисоко пласиран возач под 26 години, а Гос ја зел сината маичка за највисок број на бодови освоени на средните спринтови и етапните завршници. Возачот на УниСА-Австралија Лук Робертс го освоил планинскиот пласман, а Мовистар Тим завршиле на чело на екипниот пласман.

Фаворити

уреди

Тур Даун Андер 2011 била многу возбудлива трка бидејќи Марк Кевендиш од ХТЦ-Хајроад го забележил своето прво појавување на трката.[5] Германецот Андре Грајпел ја напуштил екипата на Марк Кевендиш, Тим ХТЦ-Колумбија, во 2010 година и се приклучил на Омега Парма-Лото, создавајќи соперништво помеѓу двајцата спринтери. Грајпел, предводник на Омега Парма-Лото се обидел да извлече целосна предност од неговото водство и да оствари трета победа на Тур Даун Андер.[6]

Иако не се очекувал како фаворит, трката во 2011 година ја одбележил Ленс Армстронг како последна трка надвор од САД како професионален велосипедист.[7]

Екипи

уреди

Бидејќи Тур Даун Андер е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и се обврзани да испратат своја екипа. Покрај нив била повикана и екипата на Универзитетот на Јужна Австралија (УниСА), со што се создала група од 19 екипи.

UCI ProTeam екипи:

Екипа повикана со специјална покана:

Распоред

уреди
Етапа Движење Растојание Датум Победник
1 Мосон ЛејксАнгастон 138 км 18 јануари   Метју Гос (АВС)
2 Тејлем БендМанум 146 км 19 јануари   Бен Свифт (ВБР)
3 АнлиСтирлинг 129 км 20 јануари   Мајкл Метјус (АВС)
4 НорвудСтраталбин 124 км 21 јануари   Камерон Мајер (АВС)
5 Мекларен ВалВилунга 131 км 22 јануари   Франсиско Вентосо (ШПА)
6 АделаидаАделаида 90 км 23 јануари   Бен Свифт (ВБР)

Етапи

уреди

Етапа 1

уреди
Резултат од етапа 1
Возач Екипа Време
1   Метју Гос (АВС) ХТЦ-Хајроад 3ч 17' 08"
2   Андре Грајпел (ГЕР) Омега Парма-Лото и.в.
3   Роби Мекјуан (АВС) Тим РадиоШек и.в.
4   Кристофер Сатон (АВС) Тим Скај и.в.
5   Елија Вивијани (ИТА) Ликвигас-Канондејл и.в.
6   Ромен Феји (ФРА) Вакансолел-ДКМ и.в.
7   Алесандро Балан (ИТА) Верандас Вилемс-Аксент и.в.
8   Ињаки Исаси (ШПА) Еускалтел-Еускади и.в.
9   Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим и.в.
10   Грег Хендерсон (НЗЛ) Тим Скај и.в.
Генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1   Метју Гос (АВС)       ХТЦ-Хајроад 3ч 16' 58"
2   Андре Грајпел (ГЕР) Омега Парма-Лото + 4"
3   Роби Мекјуан (АВС) Тим РадиоШек + 6"
4   Мичел Докер (АВС) УниСА + 7"
5   Матје Перже (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 7"
6   Сајмон Кларк (АВС)   Астана + 7"
7   Мигел Мингез (ШПА) Еускалтел-Еускади + 7"
8   Кристофер Сатон (АВС) Тим Скај + 10"
9   Елија Вивијани (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 10"
10   Ромен Феји (ФРА) Вакансолел-ДКМ + 10"

Етапа 2

уреди
Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1   Бен Свифт (ВБР) Тим Скај 3ч 27' 44"
2   Роби Мекјуан (АВС) Тим РадиоШек и.в.
3   Греам Браун (АВС) Рабобанк и.в.
4   Ромен Феји (ФРА) Вакансолел-ДКМ и.в.
5   Јирген Рулантс (БЕЛ) Омега Парма-Лото и.в.
6   Франческо Кики (ИТА) Квик Степ и.в.
7   Мајкл Метјус (АВС) Рабобанк и.в.
8   Денис Галимзјанов (РУС) Катјуша и.в.
9   Франсиско Вентосо (ШПА) Мовистар Тим и.в.
10   Алан Дејвис (АВС) Астана и.в.
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1   Роби Мекјуан (АВС)   Тим РадиоШек 6ч 44' 42"
2   Метју Гос (АВС)   ХТЦ-Хајроад + 0"
3   Бен Свифт (ВБР) Тим Скај + 0"
4   Андре Грајпел (ГЕР) Омега Парма-Лото + 4"
5   Мичел Докер (АВС)   УниСА + 4"
6   Греам Браун (АВС) Рабобанк + 6"
7   Дејвид Танер (АВС) Саксо Банк-СанГард + 6"
8   Матје Перже (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 7"
9   Мигел Мингез (ШПА) Еускалтел-Еускади + 7"
10   Зимон Цанер (ШВА) Верандас Вилемс-Аксент + 7"

Етапа 3

уреди
Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1   Мајкл Метјус (АВС) Рабобанк 3ч 11' 47"
2   Андре Грајпел (ГЕР) Омега Парма-Лото и.в.
3   Метју Гос (АВС)   ХТЦ-Хајроад и.в.
4   Сајмон Геранс (АВС) Тим Скај и.в.
5   Лук Робертс (АВС)   УниСА и.в.
6   Франсиско Вентосо (ШПА) Мовистар Тим и.в.
7   Горка Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади и.в.
8   Алан Дејвис (АВС) Астана и.в.
9   Блел Кадри (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
10   Симоне Понци (ИТА) Ликвигас-Канондејл и.в.
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1   Метју Гос (АВС)       ХТЦ-Хајроад 9ч 56' 25"
2   Андре Грајпел (ГЕР) Омега Парма-Лото + 2"
3   Роби Мекјуан (АВС) Тим РадиоШек + 4"
4   Мајкл Метјус (АВС) Рабобанк + 4"
5   Бен Свифт (ВБР) Тим Скај + 4"
6   Алан Дејвис (АВС) Астана + 14"
7   Франсиско Вентосо (ШПА) Мовистар Тим + 14"
8   Мануеле Мори (ИТА) Лампре-ИСД + 14"
9   Алесандро Балан (ИТА) Верандас Вилемс-Аксент + 14"
10   Грег Хендерсон (НЗЛ) Тим Скај + 14"

Етапа 4

уреди
Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1   Камерон Мајер (АВС) Гармин-Сервело 2ч 57' 55"
2   Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ и.в.
3   Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 3"
4   Метју Вилсон (АВС) Гармин-Сервело + 10"
5   Метју Гос (АВС)   ХТЦ-Хајроад + 24"
6   Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим + 24"
7   Бен Свифт (ВБР) Тим Скај + 24"
8   Јирген Рулантс (БЕЛ) Омега Парма-Лото + 24"
9   Николај Трусов (РУС) Катјуша + 24"
10   Ромен Феји (ФРА) Вакансолел-ДКМ + 24"
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1   Камерон Мајер (АВС)     Гармин-Сервело 12h 54' 30"
2   Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 10"
3   Метју Гос (АВС) ХТЦ-Хајроад + 12"
4   Роби Мекјуан (АВС) Тим РадиоШек + 15"
5   Андре Грајпел (ГЕР) Омега Парма-Лото + 16"
6   Мајкл Метјус (АВС) Рабобанк + 18"
7   Бен Свифт (ВБР) Тим Скај + 18"
8   Блел Кадри (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 26"
9   Франсиско Вентосо (ШПА) Мовистар Тим + 27"
10   Алан Дејвис (АВС) Астана + 28"

Етапа 5

уреди
Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1   Франсиско Вентосо (ШПА) Мовистар Тим 3ч 06' 10"
2   Мајкл Метјус (АВС) Рабобанк и.в.
3   Метју Гос (АВС) ХТЦ-Хајроад и.в.
4   Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим и.в.
5   Лук Робертс (АВС)   УниСА и.в.
6   Роберт Хантер (ЈАР) Тим РадиоШек и.в.
7   Блел Кадри (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
8   Алесандро Балан (ИТА) Верандас Вилемс-Аксент и.в.
9   Бен Херманс (БЕЛ) Тим РадиоШек и.в.
10   Бен Свифт (ВБР) Тим Скај и.в.
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1   Камерон Мајер (АВС)     Гармин-Сервело 16ч 00' 40"
2   Метју Гос (АВС)   ХТЦ-Хајроад + 8"
3   Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 10"
4   Мајкл Метјус (АВС) Рабобанк + 12"
5   Франсиско Вентосо (ШПА) Мовистар Тим + 17"
6   Бен Свифт (ВБР) Тим Скај + 18"
7   Блел Кадри (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 26"
8   Андре Грајпел (ГЕР) Омега Парма-Лото + 27"
9   Алан Дејвис (АВС) Астана + 28"
10   Лук Робертс (АВС)   УниСА + 28"

Етапа 6

уреди
Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1   Бен Свифт (ВБР) Тим Скај 1ч 53' 47"
2   Грег Хендерсон (НЗЛ) Тим Скај и.в.
3   Метју Гос (АВС)   ХТЦ-Хајроад и.в.
4   Роби Мекјуан (АВС) Тим РадиоШек и.в.
5   Хуан Хосе Аедо (АРГ) Саксо Банк-СанГард и.в.
6   Алан Дејвис (АВС) Астана и.в.
7   Андре Грајпел (ГЕР) Омега Парма-Лото и.в.
8   Ромен Феји (ФРА) Вакансолел-ДКМ и.в.
9   Давиде Вигано (ИТА) Леопард Трек и.в.
10   Џонатан Кантвел (АВС) УниСА и.в.
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1   Камерон Мајер (АВС)     Гармин-Сервело 17ч 54' 27"
2   Метју Гос (АВС)   ХТЦ-Хајроад + 2"
3   Бен Свифт (ВБР) Тим Скај + 8"
4   Мајкл Метјус (АВС) Рабобанк + 9"
5   Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 10"
6   Франсиско Вентосо (ШПА) Мовистар Тим + 17"
7   Андре Грајпел (ГЕР) Омега Парма-Лото + 26"
8   Блел Кадри (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 26"
9   Алан Дејвис (АВС) Астана + 27"
10   Лук Робертс (АВС)   УниСА + 28"

Поредок

уреди

На Тур Даун Андер 2011 се доделувале шест различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси за првите тројца на секоја етапа и на средните спринтови, предводникот ја носел охра маичката.[8] Овој пласман се сметал за најважен на Тур Даун Андер 2011 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.

Дополнително, постоел и спринтерски пласман, кој се наградувал со сината маичка.[8] Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на некое од првите три места на некоја етапа и на средните спринтови, па најдобрите тројца на етапите добивале 8, 6 и 4 бода соодветно, а најдобри тројца на средните спринтови добивале 6, 4 и 2 бода соодветно.

Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала белата маичка.[8] Во планинскиот пласман, бодови се добивале доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти. За разлика од други велосипедски трки, немало категоризација на искачувањето, па така сите искачувања имале исти бодови (16, 12, 8, 6 и 4) на првите петорица на врвот.

Четвртата маичка ја претставува пласманот за млад возач, обележан со црната маичка.[8] Овој пласман се пресметува на ист начин како генералниот пласман, но само возачите кои се родени на и по 1 јануари 1986 може да учестуваат во пласманот.

Поради правилата на UCI кои го ограничуваат бројот на маички на четири, горните се единствените маички кои се доделувале на возачите, кои потоа биле носени од возачите на следната етапа. Но имало и две други маички. Првата била црвената маичка за најборбен возач. Оваа награда била споредена со наградата за борбеност на Тур де Франс. Ако возачот ја добиел црвената маичка на подиумот по етапата, тој ја носел неговиот вообичаен дрес (освен ако не носел некоја од горните четири) на следната етапа, додека наградата за најборбен возач била означувана со црвен број.

Шеста и последна маичка била за екипниот пласман. Оваа маичка не била доделувана на подиумот по етапите, туку била доделувана на победничката екипа на крајот на трката. Екипниот пласман бил пресметуван со додавање на времињата на најдобрите четворица возачи од секоја екипа по секоја етапа. Маичката била сина.

Етапа Победник Генерален пласман
 
Планински пласман
 
Спринтерски пласман
 
Пласман за млад возач
 
Екипен пласман
 
Најборбен возач
 
1 Метју Гос Метју Гос Лук Робертс Метју Гос Метју Гос Тим Скај Сајмон Кларк
2 Бен Свифт Роби Мекјуан Мичел Докер Јуриј Кривцов
3 Мајкл Метјус Метју Гос Метју Гос Лук Дарбриџ
4 Камерон Мајер Камерон Мајер Томас де Гент Камерон Мајер Гармин-Сервело Томас де Гент
5 Франсиско Вентосо Метју Гос Мовистар Тим Ричи Порт
6 Бен Свифт Стјуарт О’Грејди
На крај Камерон Мајер Лук Робертс Метју Гос Камерон Мајер Мовистар Тим

Наводи

уреди
  1. „Карта на сите етапи - Сантос Тур Даун Андер 2011“. Архивирано од изворникот на 2010-10-27. Посетено на 2014-09-19.
  2. „Кансер Кансил Класик“. Архивирано од изворникот на 2011-01-11. Посетено на 2014-09-19.
  3. „Камерон Мајер победи на Тур Даун Андер додека Бен Свифт ја освои последната етапа“. The Guardian. Guardian Media Group. Press Association. 23 јануари 2011. Посетено на 23 јануари 2011.
  4. „Meyer wins, Armstrong bows out“. Independent Online. Independent News & Media. SAPA-AFP. 23 јануари 2011. Посетено на 23 јануари 2011.
  5. „Добре дојте Кевендиш“. Архивирано од изворникот на 2011-01-11. Посетено на 2014-09-19.
  6. „Преглед - Сантос Тур Даун Андер“. Архивирано од изворникот на 2011-01-13. Посетено на 2014-09-19.
  7. „Lance Armstrong boosts ride numbers“. Архивирано од изворникот на 2011-01-12. Посетено на 2014-09-19.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 „Тур Даун Андер: Маички“. Velostage.com. Velostage. Посетено на 29 јануари 2013.

Надворешни врски

уреди