Свен Тафт
Свен Тафт (англиски: Svein Tuft; р. 9 мај 1977) — канадски професионален друмски велосипедист и првак во Американската турнеја на UCI 2006-2007. Тафт моментално настапува за професионалната континентална екипа Хјуман Пауеред Хелт.[1]
Тафт на Светското хронометарско првенство 2008 | ||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Свен Тафт | |||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Свеино | |||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 9 мај 1977 Ленгли, Британска Колумбија, Канада | |||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,80 м | |||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 74 кг | |||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Хјуман Пауеред Хелт | |||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за хронометри | |||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||
2005–2008 2009–2010 2011 2012–2018 2019- | Симетрикс Гармин-Слипстрим СпајдерТек-Ц10 ГринЕЏ Рели УХЦ Сајклинг | |||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 14 април 2019 |
Тафт е двократен национален друмски првак и единаесеткратен национален хронометарски првак.
Личен живот
уредиБил роден во Ленгли, Британска Колумбија, Канада. Неговиот дедо, Арне Тафт, бил олимписки крос-кантри скијач од Норвешка.
Тафт се откажал од училиштето на 15 години за да патува и кампува со неговото куче Беар. Следните години ги поминал во искачување на планини и долго возење на велосипед, вклучувајќи го и патувањето од над 6.500 километри до Алјаска како тинејџер.[2]
Додека возел со Симетрикс Сајклинг тим, Тафт живеел во приколка зад куќата на сопственикот на екипата Кевин Канингем близу Ленгли. Во соседната приколка бил колегата на Тафт Кристијан Мајер. Екипата нив двајцата ги нарекувала момци од приколките.
Кариера
уредиТафт започнал со тркање во 1999 година, на покраинското првенство во Британска Колумбија. Добрите резултати му донеле место во екипата Броудмарк Капитал, пред тоа поминувајќи кратко време во екипите Меркури и Прајм Алијанс. Кариерата на Тафт процветала, кога возел за канадската екипа Симетрикс Сајклинг тим – позната екипа на северноамериканскиот континент од 2005–2008. Тафт е седумкратен канадски национален хронометарски првак, обезбедувајќи ја титулата три години по ред од 2004 до 2006 година и потоа четири години по ред од 2008 до 2012 година. Најпрвин ја освоил титулата во 2004 година од неговиот поранешен колега и трикратен канадски олимпиец Ерик Волберг. Волберг ја држел титулата осум последователни години пред Тафт. Во 2007 година, Тафт ја загубил титулата канадски хронометарски првак од Рајдер Хесједал.
Тој бил избран да настапи за Канада на Олимпијадата 2008 во Пекинг (Кина) на друмската трка и хронометарот. Свен Тафт имал најдобро време на самиот хронометар долго време, пред на крајот да заврши како седми.
Негов најдобар резултат досега е второто место на Светското хронометарско првенство 2008 во Варезе (Италија), кога се здобил со дупната гума во последните 5 километри.
Во стрипот напишан и осмислен од екипата во која настапувал, Тафт е прикажан како многу мускулест, при што тој прокоментирал дека „всушност ние сите сме едни големи лигуши“.[3]
Во 2011 година Свен Тафт требало да биде дел од Тим Пегасус Сајклинг. За жал, поради проблеми со спонзорот, екипата морала да се повлече во последен момент.[4] Тафт бил земен како член на канадската професионална континентална екипа, СпајдерТек-С10, менаџирана од Стив Бауер. Тафт ги освоил обете титули на канадските национални првенства, друмската трка и хронометарот во Барлингтон, Онтарот со СпајдерТек во 2011. Во август 2011, Тафт објавил дека ќе го напушти СпајдерТек за австралиската екипа ГринЕЏ во 2012.[5]
Тој се впуштил во самотно возење од 200 километри пред главната група на етапата 2 на Тирено-Адријатико 2012. Во текот на трката согорил неверојатни 6.500 калории. Марк Кевендиш објавил на Твитер „Возење на денот... Не, ова го прави возење на милениумот, постигнато од возачот на ГринЕЏ Свен Тафт. 200 км САМ да ја контролиш групата! Почит“.
Во август 2012 година, Тафт преовладал на етапата 6 на Енеко Тур, поединечен хронометар од 17,4 километри. Победата го довела до водечката маичка во генералниот пласман.[6] Го загубил водството следниот ден на седмата и последна етапа на трката, кога морал да се соочи со стрмните искачувања на белгиските „планини“. Тафт завршил како трет во генералниот пласман, но откако заработил казна од 20 секунди за земање шише со вода од неговиот тимски автомобил на помалку од 20 километри пред целта, што е спротивно на правилата на велосипедските трки. Оваа казна го преместила на седмото место, една минута зад победникот Ларс Бом од Аксент.џобс-Вилемс Веранда.[7][8]
Во 2013 година, Тафт ја освоил првата победа во сезоната за Орика-ГринЕЏ преку поединечниот хронометар на Тур де Сан Луис.[9] Во јули завршил последен на 100. издание на Тур де Франс во 2013.[10]
Во 2014 година, Тафт ја носел розовата маичка како предводник на Џиро д’Италија откако Орика-ГринЕЏ го освоиле воведниот екипен хронометар и прв ја поминал целта. Потоа изјавил: „За дечко како мене, да ја носи розовата маичка е искуство еднаш во животот, и сум навистина благодарен на мојата екипа за овој подарок. Навистина е специјална работа“.[11]
Во 2015 година, Тафт паднал на Тур де Франс носејќи бидони полни со вода за колегите. Не ја започнал третата етапа на трката.[12] Подоцна било објавено дека по медицинскиот преглед се утврдило дека има помала фрактура на рачниот зглоб и повреда на градите и затоа бил повлечен од составот на екипата за Џиро д’Италија.[13]
Достигнувања
уреди- 2004
- 1. Национален хронометарски првак
- 2005
- 1. Национален хронометарски првак
- 2006
- 1. Национален хронометарски првак
- 2007
- Првак Американска турнеја на UCI 2006-2007
- 1. Краен пласман Вуелта а Куба
- 1. Етапа 1 Класик Редландс
- 1. УС Опен Велосипедско првенство
- 2. Краен пласман Тур де Бос
- 2008
- 1. Национален хронометарски првак
- Пан Ам првак - хронометар
- Пан Ам првак - поединечна потера
- Пан Ам првак - медисон (со Зак Бел)
- Пан Ам првак - бодовна трка
- 1. Краен пласман Тур де Бос
- 1. Етапа 4a
- 3. Краен пласман Трка околу Мисури
- 2. Светско хронометарско првенство
- 7. Олимписки хронометар
- 2009
- 1. Национален хронометарски првак
- 2010
- 1. Национален хронометарски првак
- 1. Пролог Енеко Тур
- 2. Краен пласман Трка околу Данска
- 1. Етапа 5 (ITT)
- 2011
- 1. Национален хронометарски првак
- 1. Национален друмски првак
- 3. Краен пласман Тур де Бос
- 1. Етапа 4 (ITT)
- 1. Етапа 6
- 2012
- 1. Национален хронометарски првак
- 1. Дуо Норманд (со Лук Дарбриџ)
- 1. Етапа 4 (ITT) Тур де Бос
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
- 3. Екипен хронометар на Светските друмски првенства
- 7. Краен пласман Енеко Тур
- 1. Етапа 2 (ТТТ)
- 1. Етапа 6 (ITT)
- 2013
- 1. Дуо Норманд (со Лук Дарбриџ)
- 1. Етапа 4 (ТТТ) Тур де Франс
- 1. Етапа 4 (ITT) Тур де Сан Луис
- 1. Етапа 1 (ITT) Трка околу Словенија
- 2. Светско првенство во екипен хронометар
- 2014
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Национално друмско првенство
- 2. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
- 2015
- 4. Светско првенство во екипен хронометар
- 2016
- 1. Дуо Норманд (со Лук Дарбриџ)
- 3. Светско првенство во екипен хронометар
- 3. Национално хронометарско првенство
- 2017
- 1. Национално хронометарско првенство
- 2018
- 1. Национално хронометарско првенство
- 10. Краен пласман Тур де Бос
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | 125 | — | 148 | 153 | 155 | — | 146 | 142 | 147 |
Тур | — | — | — | — | 169 | 131 | 159 | — | — | — |
Вуелта | СО | — | — | — | — | — | — | 158 | СО | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Орика-ГринЕЏ (OGE) - АВС“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 3 јануари 2014.
- ↑ Макур, Џулиет (8 февруари 2009). „Canadian Rider Makes Unorthodox Climb to Pinnacle“. The New York Times. Посетено на 8 февруари 2009.
- ↑ Кингстон, Гери (13 јули 2007). „Drawing inspiration“. The Vancouver Sun. Архивирано од изворникот на 2008-09-29. Посетено на 8 февруари 2009.
- ↑ Clarke, Les (12 декември 2010). „Pegasus Sports owner pulls plug on team“. CyclingNews. Future Publishing Limited. Посетено на 1 ноември 2011.
- ↑ Обри, Џејн (24 август 2011). „Tuft heads back to the WorldTour with GreenEdge“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 1 јануари 2012.
- ↑ „Тафт го освои хронометарот на Енеко и генералниот пласман“. Cycling News. Future Publishing Limited. 11 август 2012. Посетено на 11 август 2012.
- ↑ Atkins, Ben (12 август 2012). „Lars Boom secures overall with late attack on final stage“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 12 август 2012.
- ↑ „Бом победи на Енеко Тур 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. 12 август 2012. Посетено на 12 август 2012.
- ↑ „Квијатковски го освои водството на трката со солиден резултат на хронометар“. VeloNation. VeloNation LLC. 24 јануари 2013. Посетено на 25 јануари 2013.
- ↑ „Classifications“. Тур де Франс. ASO. 21 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2017-02-25. Посетено на 23 октомври 2013.
- ↑ Тимоти Џон (30 април 2015). „Belfast crowds 'truly impressive' and team-mates 'like brothers' says maglia rosa Svein Tuft“. RoadCyclingUK. MPORA. Посетено на 30 април 2015.
- ↑ „Albasini doubles up at Tour de Romandie“. Cyclingnews.com. Future plc. 30 април 2015. Посетено на 30 април 2015.
- ↑ Емил Акселгард (30 април 2015). „Tuft out of the Giro“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 1 мај 2015.
Надворешни врски
уреди„Свен Тафт“ на Ризницата ? |
- 2009 Профил на Свен Тафт
- Symmetrics Cycling Архивирано на 25 декември 2005 г.
- BikingBros Блог (со колегата Кристијан Мајер)
- Достигнувања на Cycling Base Архивирано на 15 февруари 2012 г.
- „Достигнувања на Свен Тафт“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Свен Тафт“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Свен Тафт“. ProCycling.