Марко Миљанов (српски: Марко Миљанов Поповић; 25 април 1833 – 2 февруари 1901) бил брдски поглавар и црногорски генерал и писател.

Марко Миљанов
Роден(а)25 април 1833(1833-04-25)
Медун, Скадарски санџак, Османлиска империја
Починал(а)2 февруари 1901(1901-02-02) (возр. 67)
Херцег Нови, Кралство Далмација, Австроунгарија

Тој стапил во служба кај Данило I, првиот секуларен кнез на Црна Гора во модерната ера, и го предводел своето племе Кучи во војните против Османлиската империја во 1861–62 и 1876–78, истакнувајќи се како способен воен водач. Тој успеал да го обедини своето племе со Црна Гора во 1874. Подоцна дошло до јаз помеѓу Миљанов и кнезот Никола I. Тој исто така бил успешен писател кој стекнал репутација со своите описи на црногорското општество.

Дела

уреди
 
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:

Марко Миљанов починал пред било кое негово дело да биде објавено. Сите дела првично биле објавени во Србија, бидејќи Марко бил познат дисидент на кнезот Никола.

  • Примери за човештво и јунаштво (српски: Примјери чојства и јунаштва, Белград 1901), е негово најзначајно дело, збирка на вистински анегдоти кои прикажуваат практични примери на постигнатиот етички идеал кон кој се стремеле Црногорците од негово време. Тоа е траен споменик на инаку неопеаните херои од црногорската борба за независност во 19 век. Анегдотите ги опишуваат обичните и скромни луѓе, нивниот јазик и обичаи и нивните дела кои ги натерале другите Црногорци и Албанци да им се восхитуваат. Јазикот и фразата на Марко се јасни и груби, но неговата порака е звучна.
  • Племето Кучи во народните приказни и песни (српски: Племе Кучи у народној причи и пјесми, Белград 1904), била втора негова објавена книга, е збирка на историски, фолклорни и етнографски (антополошки) податоци за племето Кучи.
  • Животот и обичаите на Арбанасите (српски: Живот и обичаји Арбанаса), е дело за соседните албански католички племиња кое ја опишува нивната култура и секојдневен живот.
  • Српски ајдути (српски: Српски хајдуци), еп
  • Нешто за Братожиќите (српски: Нешто о Братоножићима), еп