The Moody Blues

англиска рок-група

The Moody Blues ― англиска рок-група основана во 1964 година во Бирмингем. Групата ја основале од Мајк Пиндер и Реј Томас на кои им се придружил Греам Еџ, а подоцна и Џон Лоџинд и Џастин Хејворт.

The Moody Blues
The Moody Blues на аеродромот Шипхол во Амстердам во 1970 година; од лево кон десно: Мајк Пиндер, Греам Еџ, Џастин Хејворд, Реј Томас и Џон Лоџ
Животописни податоци
ПотеклоБирмингем, Англија
Жанрови
Период на активност
  • 1964–1974
  • 1977–2018
Издавачи
Мреж. местоmoodybluestoday.com
Поранешни членови
  • Греам Еџ
  • Дени Лејн
  • Мајк Пиндер
  • Реј Томас
  • Клинт Ворвик
  • Џастин Хејворд
  • Џон Лоџ
  • Патрик Мораз

The Moody Blues, со објавувањето на нивниот албум Days of Future Passed (1967), силно влијаеле на развојот и се вбројуваат меѓу основоположниците на прогресивниот рок (симфониски рок), но исто така и на други поджанрови како што е арт-рокот. Тие исто помогнале синтисајзерите да станат дел од поп-рок музиката. Гардијан во 2015 година ги нарекол Муди Блуз „заборавените херои на психоделијата “.

Заедно со Ролинг Стоунс и The Who биле групи од „првата британска инвазија“ кои најдолго ја задржале својата популарност во САД каде што секоја година до 2018 година имале турнеја. Групата се распаднала во 2018 година по повлекувањето на Греам Еџ, последниот преостанат оригинален член.[9]

The Moody Blues продале 70 милиони албуми во светски рамки,[10] а имале 18 платинести и златни плочи. Објавиле 16 студиски албуми.[11] Групата била примена во Куќата на славните на рокенролот во 2018 година.[12]

Историја на групата

уреди

Томас и Пиндер ја основале нивната нова група во мај 1964 година; ги ангажирале Еџ и Лејн, а составот го комплетирал Ворвик откако Лоџ ја одбил понудата да им се приклучи.[13][14]

На почетокот свиреле ритам и блуз музика како и другите слични групи од Бирмингем. Групата стекнала популарност со песната "Go Now", издадена кон крајот на 1964 година и која се пласирала на прво место на британската топ-листа и во топ-10 на американската топ-листа.[15] Со нивниот втор албум, Days of Future Passed (1967), кој бил спој на рок со класична музика (изведен со Оркестарот на Лондонскиот фестивал) групата го прифатила психоделичното рок-движење и станала основоположник на арт-рок и прогресивната рок-музика.[16][17] Албумот се смета за "темелник" и "еден од првите успешни концептуални албуми".

До 1974 година групата објавила уште шест албуми и членовите имале интензивни турнеи по што заминале на пауза. Во периодот од 1967 до 1974 година групата објавила песни кои се вбројуваат меѓу најуспешните песни од прогресивниот рок како што се: „Nights in White Satin" (1967; повторно се појавила на топ-листите во 1972), „Tuesday Afternoon" (1968), „Question" (1970), „The Story in Your Eyes" (1971), „Isn't Life Strange" (1972) и "I'm Just a Singer (In a Rock and Roll Band)" (1973). Повторно почнале да снимаат песни во 1977 година, а следната година Пиндер ја напуштил групата и бил заменет со поранешниот клавијатурист од групата Yes, Патрик Мораз. Во 1980-тите почнале да снимаат песни со синт-поп звук, какви што биле хитовите: „Gemini Dream“ (1981), „The Voice“ (1981), „Your Wildest Dreams" (1986) и „I Know You're Out There Somewhere" (1988). Со „Your Wildest Dreams“, Moody Blues станале прв изведувач кој имал топ-10 синглови во САД во три различни децении. Мораз ја напуштил групата во 1991 година, а во 2002 година истото го направил Томас. Последниот студиски албум на групата бил божиќниот албум December (2003), по што членовите од групата одлучиле да не снимаат други студиски албуми.[18] Во текот на 2000-тите продолжиле со турнеите, а подоцна периодично се составувале за одредени настани, еднократни концерти и кратки турнеи. Групата се распаднала во 2018 година по повлекувањето на Греам Еџ, последниот преостанат оригинален член.[9]

Клинт Ворвик починал во 2004 година, Реј Томас во 2018 година, Грем Еџ во 2021 година, Дени Лејн во 2023 година и Мајк Пиндер во 2024 година.[19]

Членови

уреди
  • Греам Еџ – тапани, перкусии, пејач (1964–2018; починал 2021)
  • Реј Томас – флејта, хармоника, саксофон, перкусии, вокал (1964–2002; починал 2018)
  • Мајк Пиндер – клавијатури, пејач (1964–1978; починал 2024)
  • Дени Лејн – гитара, пејач (1964–1966; починал 2023 година)
  • Клинт Ворвик – бас, пејач (1964–1966; починал 2004)
  • Род Кларк – бас, пејач (1966)
  • Џастин Хејворд – гитара, пејач (1966–2018)
  • Џон Лоџ – бас, гитара, пејач (1966–2018)
  • Патрик Мораз – клавијатури (1978–1991)

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • The Magnificent Moodies (1965)
  • Days of Future Passed (1967)
  • In Search of the Lost Chord (1968)
  • On the Threshold of a Dream (1969)
  • To Our Children's Children's Children (1969)
  • A Question of Balance (1970)
  • Every Good Boy Deserves Favour (1971)
  • Seventh Sojourn (1972)
  • Octave (1978)
  • Long Distance Voyager (1981)
  • The Present (1983)
  • The Other Side of Life (1986)
  • Sur la Mer (1988)
  • Keys of the Kingdom (1991)
  • Strange Times (1999)
  • December (2003)

Наводи

уреди
  1. Perone, James E. (2009). Mods, Rockers, and the Music of the British Invasion. ABC-CLIO. стр. 130. ISBN 978-0-275-99860-8. Архивирано од изворникот 1 January 2018.
  2. Ray, Michael, уред. (2012). Disco, punk, new wave, heavy metal, and more: Music in the 1970s and 1980s. Rosen Education Service. стр. 107. ISBN 978-1615309085.
  3. Prown, Pete; Newquist, HP (1997). Legends of Rock Guitar: The Essential Reference of Rock's Greatest Guitarists. Hal Leonard Corporation. стр. 78. ISBN 978-0793540426. ... British art rock groups such as the Nice, Yes, Genesis, ELP, King Crimson, the Moody Blues, and Procol Harum ...
  4. Chapman, Rob (18 September 2015). „The Moody Blues – psychedelia's forgotten heroes“. The Guardian. Посетено на 26 January 2020.
  5. Tawa, Nicholas E. (2005). Supremely American: Popular Song in the 20th Century: Styles and Singers and what They Said about America. Scarecrow Press. стр. 248. ISBN 978-0-8108-5295-2.
  6. Greene, Doyle (10 March 2014). The Rock Cover Song: Culture, History, Politics. McFarland. стр. 124. ISBN 978-1-4766-1507-3. Архивирано од изворникот 1 January 2018.
  7. Macan, Edward (2005). Endless Enigma: A Musical Biography of Emerson, Lake and Palmer. Open Court. стр. 78. ISBN 978-0-8126-9596-0. Архивирано од изворникот 25 March 2017.
  8. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Eder 2009.
  9. 9,0 9,1 Hayward, Justin (11 November 2021). „Graeme Edge Passing“. moodybluestoday.com. Посетено на 18 August 2023.
  10. Parker, Matt (25 July 2013). „Justin Hayward on The Moody Blues and writing in corners“. MusicRadar. Архивирано од изворникот на 10 September 2015. Посетено на 27 August 2015.
  11. Houghton, Cillea: "Meaning Behind the Band Name: The Moody Blues" March 2023, American Songwriter, retrieved 20 May 2023
  12. "https://www.rockhall.com/moody-blues "Inductee Insights: The Moody Blues," 22 July 2020, Rock and Roll Hall of Fame, retrieved 20 May 2023
  13. Classic Artists: Moody Blues. 2006. https://www.imdb.com/title/tt3703018/releaseinfo?ref_=tt_dt_dt. 
  14. „Ray Thomas – The Moody Blues“. The Strange Brew. 28 November 2014. Архивирано од изворникот на 13 June 2017. Посетено на 21 June 2017.
  15. „Moody Blues - British Invasion Bands“. britishinvasionbands.com. Архивирано од изворникот на 24 August 2010.
  16. Runtagh, Jordan: "The Moody Blues' 'Nights in White Satin': An Oral History," 9 April 2018, Rolling Stone, retrieved 20 May 2023
  17. Greene, Andy (24 април 2013). „Readers' Poll: 10 Bands Who Should Enter the Rock and Roll Hall of Fame in 2014“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот 24 септември 2015. Посетено на 25 август 2015.
  18. „Justin Hayward Says No More Moody Blues Albums“. Noise11.com. 2 March 2016.
  19. Runnels, Charles; Ruggieri, Melissa (April 25, 2024). „Mike Pinder, last original Moody Blues member, dies months after bandmate Denny Laine“. USA Today.

Надворешни врски

уреди