Рене Зелвегер
Рене Катлин Зелвегер (роден 25 април 1969 г.) — американска глумица и продуцент.
Рене Зелвегер | |
---|---|
Зелвегер во 2009 година | |
Роден(а) | Рене Катлин Зелвегер 25 април 1969 Кејти, Тексас, САД |
Занимање | Глумица, продуцент |
Активен период | 1992–сè уште |
Првата голема филмска улога Зелвегер ја добила во хорор продолжението Тексашки масакр со моторна пила: Наредната генерација (1994), а потоа привлекла пошироко внимание во спортската драма Џери Магвајер (1996). За изведбата во комедијата Сестра Бети (2000), таа била наградена со Златен глобус за најдобра глумица во мјузикл или комедија. Таа потоа глумела во романтичната комедија Дневникот на Бриџит Џонс (2001), улога за која добила номинации за Оскар и БАФТА за најдобра глумица. За изведбата во мјузиклот Чикаго (2002), таа по вторпат добила номинација за Оскар за најдобра глумица и по вторпат добила Златен глобус.
Таа добила Оскар, БАФТА награда и трет Златен глобус за најдобра споредна глумица за нејзината изведба во епската воена драма Студена планина (2003). Подоцна таа ја повторила улогата на Бриџит Џонс во продолжението Бриџит Џонс: На ивица на разумот (2004), глумела во драмата Пепелашко (2005), и ја толкувала Беатрикс Потер во биографскиот филм Госпоѓица Потер (2006).[1] Откако направила шестгодишна пауза во кариерата, Зелвегер се вратила успешно на филмското платно во 2016 година, играјќи ја повторно улогата на Бриџит Џонс во романтичната комедија Бебето на Бриџит Џонс.
Филмографија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Profile - Renée Zellweger and Ewan McGregor,“. The Seattle Times. 3 January 2007.
Надворешни врски
уреди- Рене Зелвегер на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Интервју со Зелвегер. Архивирано на 10 октомври 2008 г.
- Интервју со Рене Зелвегер за филмот „Бриџит Џонс“ Архивирано на 12 април 2008 г.
- Рене Зелевегер за „Нова во градот“
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |