Лорд Киланин
Мајкл Морис, 3-от Барон Киланин (30 јули 1914 - 25 април 1999) бил ирски новинар и официјален спортски работник. Тој бил шестиот претседател на Меѓународниот олимписки комитет. Тој го наслледил неговиот чичко како барон Киланин во 1927 година. Тоа му овозможило да влезе ву куќата на лордови на 21 година.
Лорд Киланин се родил во Лондон како дете на Џорџ Хенри Морис и Дора Весли Хол. Неговиот татко бил убиен во Вилијер- Котрет, Франција на 1 септември 1914 година командувајќи со ирската гарда.
Лорд Киланин се школувал во престижниот колеџ Етон, а потоа во Сорбона и во Кембриџ. Својата новинарска кариера ја започнал во средината на триесеттите како уредник и работник во весниците Дејли Експрес, Дејли Скеч, а работел и за многу познатиот весник Дејли Мејл. Во периодот од 1937 до 1938 година, тој учествувал во Втората Сино-Јапонска војна.
Во ноември 1938 година, тој бил поставин во Ветминстер каде што бил одговорен за останатите глумци и музичари. Тој станал мајор, а учествувал во Втората светска војна, во операцијата Оверлорд во Нормандија во 1944 година. По неговото демобилизирање, тој се вратил во Ирска.
Во 1950, лорд Киланин ја заземал челната позиција на Олимпискиот совет на Ирска, а во 1968 година станал потпретседател на Меѓународниот олимписки комитет. За време на Летните олимписки игри - 1972 во Минхен, лорд Киланин бил избран за претседател на Меѓународниот олимписки комитет.
За време на неговото претседателство со комитетот олимписката активност низ светот била проследена со многу конфликти, а особено финансиската криза за време на Летните олимписки игри - 1976 во Монтреал и бојкотот на Летните олимписки игри - 1980 во Москва во . Тој донел неколку тешки и се чини погрешни одлуки, а тоа се при изборот на Леј Плесид за град- домаќин на Зимските олимписки игри во 1980 и Лос Анџелес за град- домаќин на Летните олимписки игри во 1984 година без конкуренција на други градови. Ова наишло на многу протести прорив неговото пртседателство за кое дал оставка во 1980 година, веднаш по одржувањето на Летните олимписки игри. Неговото претседателство го наследил Хуан Антонио Самаранч.
Лорд Киланин исто така бил активен и во филмската индустрија, а бил соработник со Џон Форд при снимањето на филмот „Тивкиот човек“.
Лорд Киланин бил и генерален конзул на Монако во Ирска.
Претседатели на МОК |
Деметриос Викелас (1894–1896) | Пјер де Кубертен (1896–1925) | Годфроа де Блоне (1916–1919) | Анри де Баје-Латур (1925–1942) | Зигфрид Едстрем (1942–1952) | Ејвори Брендиџ (1952–1972) | Лорд Киланин (1972–1980) | Хуан Антонио Самаранч (1980–2001) | Жак Рог (2001–2013) | Томас Бах (2013–-) |