Париз-Рубе 2016
Париз-Рубе 2016 — еднодневна класична велосипедска трка, која се одржала на 10 април 2016 година, во северна Франција. Било 114. издание на трката Париз-Рубе и претставувала десетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1] Воедно, бил трет велосипедски монумент во сезоната.
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 114. Париз-Рубе | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2016 1.UWT | ||
Датум | 10 април 2016 | ||
Растојание | 257,5 км | ||
Држава | Франција | ||
Поаѓалиште | Компјењ | ||
Одредиште | Рубе | ||
Екипи | 25 | ||
Возачи на почеток | 198 | ||
Возачи на крај | 119 | ||
Просечна брзина | 43,907 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Метју Хејман (Тим Џејко АИУла) | ||
Второпласиран | Том Бонен (Судал Квик-Степ) | ||
Третопласиран | Ијан Станард (Инеос Гренадиерс) | ||
◀2015 | 2017▶ | ||
Документација |
Трката се одржала на растојание од 257,5 километри. Главна потешкотија биле 27. Сектори со калдрма, кои биле во вкупна должина од 52,8 километри. Тешките услови обезбедени со калдрмата и го донеле името „Пеколот на Северот“.[2] Со нејзе бил ставен крај на сезоната на калдрмисани класици, недела по Трката околу Фландрија 2016; меѓу фаворитите за победа бил победникот на трката, Петер Саган (Тинкоф), како и Фабијан Канчелара (Трек-Сегафредо) и Том Бонен (Етикс-Квик Степ).
Трката била тешка од самиот почеток, додека главните напади биле направени на 100 километри од целта. Канчелара и Саган се одржале од падовите и во последните 20 километри се создала група од петмина, и и покрај многуте напади во последниот дел на трката, сите дошле на велодромот во Рубе заедно. Во спринтот победил Метју Хејман (Орика-БајкЕксчејнџ) пред Бонен, додека Ијан Станард (Тим Скај) завршил на третото место.
Рута
уредиРутата на Париз-Рубе не била значително променета од изданието во 2015 година. Била малку подолга со 257,5 километри. Имало 27 сектори со калдрма: дополнителен еден на рутата, искачувањето Амо ди Бија. Неколку сектори, вклучувајќи го тешкото кај Мон ан Певел, биле обновени од 2015 година.[3]
И покрај своето име, трката не започнала во Париз: започнала во Компјењ (80 километри северно) и патувала главно на југ кон Рубе. Главна тешкотија биле 27. сектори со калдрма, во вкупна должина од 52,8 километри; организаторите на трката им доделувале ѕвездички на тежина, каде пет ѕвезди значело најтежок сектор, додека најлесен сектор бил тој означен со една. Првите 98,5 километри биле главно рамни на обични патишта, а првиот сектор дошол помеѓу Труавил и Инши. Во следните 60 километри, имало уште осум сектори со калдрма, пред да дојде првиот сектор со пет ѕвезди. Ова било Труе д’Аренберг и бил долг 2,4 километри. Како рутата повторно водела на север, возачите поминале уште неколку сектори со калдрма — сите со три или четири ѕвезди — до следниот сектор со пет ѕвезди, 3 километри долгиот Мон ан Певел. На крајот на овој сектор, имало уште 45 километри до целта.[4][5][6]
По Мон ан Певел, имало уште седум сектори со калдрма пред последниот сектор со пет ѕвезди. Ова бил 2,4 километри долгиот Карфур де л’Арбр; до крајот имало уште 15 километри. Имало уште три сектори со калдрма — два сектори со две ѕвезди и последниот со една ѕвезда кога рутата веќе навлегувала во Рубе. Рутата завршувала на велодромот Андре-Петрио во Рубе; возачите влегле на пола велодром и свртеле еден и пол круг на 500-метарската патека за завршување на трката.[4][5][6]
Карти
уредиКарти на рутата на Париз-Рубе 2016. Калдрмисаните сектори се прикажани во зелено
-
Рутата помеѓу Компјењ и Сен Квентин
-
Рутата помеѓу Сен Квентин и Солесм
-
Рутата помеѓу Солесм и Орки
-
Рутата помеѓу Орки и Рубе
Калдрмисани сектори
уредиБрој на сектор |
Име | Раст. од почеток (км) |
Должина (м) |
Категорија |
---|---|---|---|---|
27 | Труавил до Инши | 98,5 | 2200 | |
26 | Вели до Кеви | 105 | 1800 | |
25 | Кеви до Сен Питон | 107,5 | 3700 | |
24 | Сен Питон | 112,5 | 1500 | |
23 | Вертен до Сен Мартен сир Екајон | 120,5 | 2300 | |
22 | Капел до Риен (Амо ди Бија) | 127 | 1700 | |
21 | Керенен до Мен | 137,5 | 2500 | |
20 | Мен до Моншо сир Екајон | 141 | 1600 | |
19 | Авлиј до Валер | 154 | 2500 | |
18 | Труе д’Аренберг | 162 | 2400 | |
17 | Валер до Елем | 168 | 1600 | |
16 | Орнен до Вандињи | 175 | 3700 | |
15 | Варлен до Бријон | 182,5 | 2400 | |
14 | Тија до Сар е Розер | 186 | 2400 | |
13 | Беври ла Форе до Орши | 192,5 | 1400 | |
12 | Орши | 197,5 | 1700 | |
11 | Оши ле Орши до Берсе | 203,5 | 2700 | |
10 | Мон ан Певел | 209 | 3000 | |
9 | Мерињи до Авлан | 215 | 700 | |
8 | Пон Тибо до Енвлан | 218 | 1400 | |
7 | Тамплев | 224,5 | 500 | |
6 | Сизуан до Бургел | 231 | 1300 | |
Бургел до Ванен | 233,5 | 1100 | ||
5 | Камфен ан Певел | 238 | 1800 | |
4 | Карфур де л’Арбр | 240,5 | 2100 | |
3 | Гризон | 243 | 1100 | |
2 | Вилем до Ем | 249,5 | 1400 | |
1 | Рубе | 256,5 | 300 | |
Вкупна должина на секторите | 52800 |
Екипи
уредиБидејќи Париз-Рубе е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[7] Во февруари 2016 година, организаторите на трката објавиле седум професионални континентални екипи, кои добиле специјални покани, со што главната група била составена од 25 екипи .[8] Секоја екипа имала право да настапи со осум возачи, со што главната група имала 200 возачи.[9] Астана била единствената екипа која пријавила само седум возачи. Возачот на Катјуша Јакопо Гварниери не успеал да ја започне трката, со што трката започнала со 198 возачи.[10]
Екипи од Светската турнеја на UCI[8]
Континентални професионални екипи[8]
Фаворити пред трката
уредиНеодамнешните изданија на Париз-Рубе биле освоени на различни начини. Седум од претходните десет изданија биле освоени од возачи кои имале соло бегства; најнеодамнешен таков победник бил Ники Терпстра во 2014 година. Други изданија биле освоени во помали групни спринтови: имало тројца возачи на завршницата во 2008 година, двајца во 2013 година и шестмина во 2015 година.[11]
Џон Дегенколб (Џајант-Алпецин) го освоил спринтот во 2015 година, но не успеал да ја одбрани титулата во 2016 година поради повреди здобиени при судир со автомобил во текот на зимскиот тренинг.[12] Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер), кој завршил трет во 2015 година, исто така, не успеал да ја започне трката откако ја скршил клучната коска при пад на Трката околу Фландрија претходната недела.[13]
Два главни фаворити за победа на трката биле Петер Саган (Тинкоф) и Фабијан Канчелара (Трек-Сегафредо). Саган, владејачкиот светски првак, ја освоил Трката околу Фландрија (друг монумент на калдрма) во соло бегство. Најдобар претходен резултат на Саган на Париз-Рубе било шестото место во 2014 година.[11][14] Канчелара ја освоил трката во три претходни изданија (во 2006, 2010 и 2013 година) и завршил меѓу најдобрите десет на пет други настани.[11] Канчелара го возел својот последен Париз-Рубе, откако најавил дека ќе се повлече на крајот на сезоната 2016.[15]
Еден од главните соперници на Канчелара на класичните трки низ кариера бил Том Бонен (Етикс-Квик Степ), кој го освоил Париз-Рубе четири пати во минатото. Меѓутоа, не бил во добра форма во сезоната 2016 и се мачел со повреда од Трката околу Фландрија. Меѓутоа, неговата екипа, била доста силна, со Терпстра, Стејн Ванденберг и Здењек Штибар сите можни победници на трката.[5]
Други можни победници биле Сеп Ванмарке (Лото НЛ-Џамбо), кој бил трет на Трката околу Фландрија, Александер Кристоф (Катјуша), Ларс Бом (Астана), Ијан Станард (Тим Скај) и Едвалд Боасон Хаген (Тим Дименжн Дата).[5][14]
Извештај од трката
уредиТрката започнала брзо, кога неколку групи се обиделе да создадат бегства; секое било следено од главната група. Првата група од шест возачи била достигната во 20 километри од почетокот; потоа група од 25 возачи кратко одржала 30-секундно водство, пред да биде повторно достигната од главната група. По неколку напади и вкупно 67 километри, возачите сè уште биле заедно во една група. Потоа, група од шеснаесет возачи нападнале и изградиле водство, и покрај напорите на екипите Етикс-Квик Степ и Бора-Аргон 18 да ги следат. Кога возачите стигнале на првите сектори на калдрма, Скај го презел водството во главната група за да ги заштитат своите возачи и предноста на бегството се зголемила на две минути, иако било намалено на четиринаесет возачи.[16] Возачите во бегството биле Силвен Шаванел (Директ Енержи), Метју Хејман и Магнус Корт (Орика-БајкЕксчејнџ), Јеле Валајс (Лото-Судал), Јарослав Попович (Трек-Сегафредо), Жоан Ле Бон (ФДЖ), Марко Кумп (Лампре-Мерида), Тим Деклерк (Топспорт Вландерен-Балоас), Салваторе Пучо (Скај), Рејнарт Јансе ван Ренсбург (Дименжн Дата), Фредерик Бакерт (Ванти-Груп Гобер), Максим Даниел (Аг2р-Ла Мондијал), Борут Божич (Кофидис) и Иманол Ервити (Мовистар Тим).[17] Бегството било познато по присуството на Попович, кој објавил дека трката ќе биде последна во неговата кариера, и по Ервити, кој завршил меѓу првите десет на Трката околу Фландрија една недела претходно каде бил исто во рано бегство.[16][18]
Со поминати 140 километри и повеќе од 115 километри до целта, имало пад во главната група пред осмиот калдрмисан сектор. Етикс-Квик-Степ веднаш ги испратил Тони Мартин и Гијом ван Кејрсбулк напред во групата и силно забрзале; ова предизвикало групата да се подели. Групата напред составена од Бонен, Боасон Хаген, Станард, Роу и Ванмарке заедно со неколку други, со Саган, Канчелара, Штибар и Терпстра во групата зад нив. ЛотоНЛ-Џамбо имал шест возачи во првата група. Разликата помеѓу првата и втората група брзо пораснала на една минута, благодарение на работата на Мартин; поминал околу 40 километри напред во групата на Бонен.[16][17] Напорот на Мартин ја намалил групата на пет возачи, кога отпаднале Ванмарке и Роу.[19] Кога стигнале на Труе д’Аренберг, бегството имало над една минута предност пред првата група; групата на Ванмарке била околу 20 секунди зад нив, додека Канчелара и Саган во друга група, која доцнела уште околу една минута. Самиот Саган правел напори напред во групата да се врати во првата група.[16]
На 87 километри пред целта, групата на Ванмарке се споила со групата на Бонен, создавајќи група од 16 возачи која била 55 секунди зад бегството. На Александер Кристоф му се дупнала гума и морал да отпадне од групата, во која биле Контадор и Саган. Во следните километри, Хејман нападнал самиот од бегството; во меѓувреме, Јаспер Стејвен (Трек-Сегафредо) возел силно да го донесе својот колега Канчелара назад во првата група.[17] Хејман бил достигнат од остатокот на групата, додека Попович отпаднал од бегството со цел да и помогна на групата на Канчелара на 64 километри пред крајот.[16] По следниот сектор со калдрма, групата на Бонен го достигнала остатокот од бегството и создала група од околу 20 возачи, предводена од Тим Скај, која била околу 50 секунди пред групата на Канчелара.[16][17]
Канчелара и Саган заедно работеле силно на чело на групата, тогаш втора група на трката. Кратко потоа, првата група била нарушена кога тројца од четворицата возачи на Тим Скај —Роу, Пучо и Џани Москон — се судрила на неколку кривини, оставајќи го Станард како единствен возач од екипата во водечката група.[16] На 48 километри пред крајот и втората група на 37 секунди, возачите го поминале секторот Мон ан Певел. Канчелара паднал на калливиот сектор. Саган, возејќи веднаш зад него, успеал да го скокне — со само една нога на неговиот велосипед — и продолжил во потера на водечката група. Канчелара, иако можел да ја продолжи трката, никогаш не се приклучил на групата. Терпстра бил меѓу оние кои паднале во несреќа.[16][17][20] Списанието „Сајклинг Викли“ го опишал маневарот на Саган како „неверојатно управување со велосипед“.[21]
Роу повторно и се приклучил на водечката група со Хајнрих Хауслер и Алексеј Сарамотинс (обајцата од ИАМ Сајклинг) за да ја создадат водечката група од десет луѓе, која водела пред групата на Саган со над една минута на 30 километри пред целта.[16] Роу бил уморен по враќањето од неговиот пад; се согласил целосно да работи за Станард.[22] Дал силен напор во следните 20 километри, кога отпаднале Ервити, Хауслер, Сарамотинс и Марсел Зиберг (Лото-Судал), кои создале група зад нив.[18] Груоа од петмина потоа се создала на Камфен ан Певел, со Станард, Бонен, Боасон Хаген, Хејман и Ванмарке како единствени возачи кои преостанале. Ванмарке извел поголем напад на Карфур де л’Арбр; иако кратко имал значајна разлика, другите четворица возачи го достигнале пред следниот сектор на калдрма.[16]
Станард нападнал на 6 километри пред целта. Имал 20 метри предност, но групата успеала да го достигне. Во завршните три километри, Бонен нападнал неколкупати. На последниот од тие напади, Хејман забрзал и двајцата возачи влегле заедно на велодромот, а Ванмарке набрзо им се приклучил.[19] Со еден преостанат круг од 500 метри, Станард и Боасон Хаген ја стигнале групата. Хејман го повел спринтот: Бонен бил на неговото тркало, а Станард дошол од надворешната страна. Ниеден не успеал да го претекне и Хејман ја поминал целта прв и ја освоил трката. Бонен бил втор, додека Станард завршил трет. Ванмарке завршил зад нив на четвртото место; Боасон Хаген бил три секунди зад нив на петтото место.[16]
Групата на Хауслер, Зиберг и Сарамотинс завршиле една минута зад нив, додека Ервити со дополнителни седум секунди зад нив завршил на деветтото место. Групата на Саган пристигнала на две минута зад Хејман, додека Адријан Пети (Директ Енержи) го претекнал Саган за десеттото место.[17]
Резултат
уредиМесто | Возач | Екипа | Време |
---|---|---|---|
1 | Метју Хејман (АВС) | Орика-БајкЕксчејнџ | 5ч 51' 53" |
2 | Том Бонен (БЕЛ) | Етикс-Квик Степ | + 0" |
3 | Ијан Станард (ВБР) | Тим Скај | + 0" |
4 | Сеп Ванмарке (БЕЛ) | Лото НЛ-Џамбо | + 0" |
5 | Едвалд Боасон Хаген (НОР) | Тим Дименжн Дата | + 3" |
6 | Хајнрих Хауслер (АВС) | ИАМ Сајклинг | + 1' 00" |
7 | Марсел Зиберг (ГЕР) | Лото-Судал | + 1' 00" |
8 | Алексејс Сарамотинс (ЛАТ) | ИАМ Сајклинг | + 1' 00" |
9 | Иманол Ервити (ШПА) | Мовистар Тим | + 1' 07" |
10 | Адријан Пети (ФРА) | Директ Енержи | + 2' 20" |
Извор: [23] |
По трката
уредиРеакции
уредиТрката била пофалена од сите. Бернар Ино, кој ја освоил трката во 1981 година, ја опишал како „извонредна“. Особено го пофалил нападот на Етикс-Квик-Степ долго време пред целта, опишувајќи како вид на потег кој се користел, но не го видел долго време. Слично, Марк Мадио (менаџерот на екипата ФДЖ и победникот на трката во 1985 и во 1991 година[24]) ја опишал како „ убава трка со голем квалитет“ и го пофалил Хејман како „одличен победник“.[25] Портало „ВелоЊус“ ја опишал како „епска битка“ и како „еднодневно тркање во своето апсолутно најдобро издание“.[26] Велосипедскиот новинар и поранешен велосипедист Даниел Лојд твитнал дека тоа била „една од најдобрите трки кои ги видел“; Дејвид Милар, уште еден поранешен велосипедист, напишал „тоа беше исцрпувачки“ по трката.[27]
Метју Хејман ја опишал својата реакција како „неверување“. Имал скршена рака на падот на Омлоп Хет Ниувсблад на почетокот на сезоната на класиците и скоро воопшто не се тркал пред трката. Изјавил дека сфатил дека другите возачи не биле надмоќни од него откако не успеале да се одвојат од него во последните километри. Изјавил дека можел да се „коцка“.[28] Менаџерот на екипата на Хејман, Шејн Бенан, го опишал како „толку професионален“ и навел дека му помогнал со добра подготовка и мотивација надополнета со недостиг на очекувања; го нарекол „неверојатно возење“.[29]
Бонен ја пофалил победата на Хејман. Изјавил дека Хејман бил „возачот на кој никој не гледал“ и дека извозел „добар спринт“, иако никој немал толку енергија на велодромот; Ванмарке опаднал во последните метри и го турнал Бонен на крај на патеката. Изјавил дека добил порака утрото пред трката од доктор кој го лекувал по фрактурата на неговиот череп на Трката Абу Даби 2015; докторот изјавил дека денот на трката ќе биде првиот ден на кој Бонен може да се врати на неговиот велосипед. Изјавил дека „не може да биде незадоволен“ иако не ја освоил трката.[30] Станард ја опишал трката како „толку близу, а толку далеку“ и дека можел да има подобар резултат од третото место, поради тоа што не нападнал во последните километри. Изјавил дека бил „супер среќен“ што ја видел победата на Хејман; исто така изјавил дека останале „уште две скалила за да го искачам мојот пат сега“.[31]
Фабијан Канчелара го завршил својот последен Париз-Рубе на 40. место, седум минути зад Хејман.[23] Изјавил „не сум тажен, среќен сум што не сум во болница. Среќен сум што завршив“, и дека бил повреден целосно, поради падот на трката и падот на велодромот, но изјавил дека бил „среќен што е готово“.[32] Саган ја опишал трката како „луд ден“; изјавил дека бил среќен што не паднал со Канчелара, но дека неговата трка била готова на таа точка. Ја опишал Париз-Рубе како „многу тешка за победа“.[17]
Поредок во Светската турнеја
уредиВо Светската турнеја, најдобрите десет во поединечниот пласман останале релативно непроменети по трката. Саган сè уште бил на врвот, 49 бода пред Алберто Контадор. Ванмарке се поместил од осмото на петтото место, додека Станард се поместил на десеттото место. Тинкоф останал пред Тим Скај во екипниот пласман; во националниот пласман, Австралија се вратила во водство, додека Белгија се поместила на второто место и ја истуркала Шпанија на третото место.[33]
Место | Возач | Екипа | Бодови |
---|---|---|---|
1 | Петер Саган (СВК) | Тинкоф | 329 |
2 | Алберто Контадор (ШПА) | Тинкоф | 280 |
3 | Ричи Порт (АВС) | Ванти-Груп Гобер | 222 |
4 | Серхио Енао (КОЛ) | Тим Скај | 204 |
5 | Сеп Ванмарке (БЕЛ) | Лото НЛ-Џамбо | 201 |
6 | Наиро Кинтана (КОЛ) | Мовистар Тим | 178 |
7 | Фабијан Канчелара (ШВА) | Трек-Сегафредо | 166 |
8 | Грег ван Авермат (БЕЛ) | Ванти-Груп Гобер | 162 |
9 | Арно Демар (ФРА) | ФДЖ | 137 |
10 | Ијан Станард (ВБР) | Тим Скај | 120 |
Извор: [34] |
Наводи
уредиИзвори
уреди- Paris–Roubaix: Roadbook. Amaury Sport Organisation. 2016.
Наводи
уреди- ↑ Вин, Најџел. „Календар за 2016 на Светската турнеја на UCI“. Cycling Weekly. Посетено на 18 декември 2015.
- ↑ Вестбај, Мет (7 април 2016). „Paris-Roubaix: What is so special about the 'Hell of the North'?“. Sky Sports. Посетено на 8 април 2016.
- ↑ „2016 Paris-Roubaix route to include extra uphill cobbled sector“. Cyclingnews.com. 29 април 2016. Посетено на 8 април 2016.[мртва врска]
- ↑ 4,0 4,1 ASO 2016, стр. 13.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Флечер, Патрик (7 април 2016). „Paris-Roubaix 2016: Preview“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 2016-04-12. Посетено на 8 април 2016.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „52,8 km of cobbles: the star ratings“. Paris-Roubaix. Amaury Sport Organisation. Посетено на 4 април 2016.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 „Paris-Roubaix wildcards announced“. Cyclingnews.com. 22 февруари 2016. Архивирано од изворникот на 2016-04-26. Посетено на 8 април 2016.
- ↑ ASO 2016, стр. 15.
- ↑ „Paris - Roubaix (start list)“. ProCyclingStats. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 де Неф, Мат (8 април 2016). „Preview: What you should know before watching the 2016 Paris-Roubaix“. Cycling Tips. Архивирано од изворникот на 2016-04-10. Посетено на 8 април 2016.
- ↑ „Degenkolb aiming for Tour de France stage win after training ride crash“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 16 март 2016. Посетено на 8 април 2016.
- ↑ „Greg Van Avermaet undergoes surgery after Tour of Flanders crash“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 1 април 2016. Посетено на 8 април 2016.
- ↑ 14,0 14,1 Фрец, Кејли (7 април 2016). „Roubaix preview: Who will lift the cobblestone?“. VeloNews (англиски). Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-07-02. Посетено на 8 април 2016.
- ↑ „Paris-Roubaix: 10 riders to watch“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 5 април 2016. Архивирано од изворникот на 2016-07-23. Посетено на 8 април 2016.
- ↑ 16,00 16,01 16,02 16,03 16,04 16,05 16,06 16,07 16,08 16,09 16,10 Декаулве, Брехт; О’Ши, Садб (10 април 2016). „Hayman wins Paris-Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 2016-04-15. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 17,5 17,6 Роџерс, Нил (11 април 2016). „Mat Hayman surprises at Paris-Roubaix to win from daylong breakaway“. CyclingTips. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ 18,0 18,1 де Неф, Мат (12 април 2016). „Eight talking points from the 2016 Paris-Roubaix“. CyclingTips. Архивирано од изворникот на 2016-04-15. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ 19,0 19,1 Кларк, Стјуарт (10 април 2016). „Mathew Hayman denies Tom Boonen historic win in chaotic Paris-Roubaix“. Cycling Weekly (англиски). Time Inc. UK. Архивирано од изворникот на 2016-07-21. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ Паулисон, Спенсер (10 април 2016). „Roubaix madness: Sagan's save and Sky's crash“. VeloNews (англиски). Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-07-07. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ Кларк, Стјуарт (10 април 2016). „Unbelievable bike handling from Peter Sagan to avoid Fabian Cancellara crash (video)“. Cycling Weekly (англиски). Time Inc. UK. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ Флечер, Патрик (11 април 2016). „Rowe gives everything for Stannard in 'bittersweet' Paris-Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 2016-04-14. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ 23,0 23,1 „Paris - Roubaix (result)“. ProCyclingStats. 10 април 2016.
- ↑ „Marc Madiot“. ProCyclingStats. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ „Hinault, Moser and Duclos-Lassalle praise 'magnificent' Paris-Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 11 април 2016. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ Худ, Ендру (11 април 2016). „Emotion on the infield: Roubaix hides nothing, reveals all“. VeloNews (англиски). Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-06-27. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ Кларк, Стјуарт (11 април 2016). „14 of the best tweets from Paris-Roubaix“. Cycling Weekly (англиски). Time Inc. UK. Архивирано од изворникот на 2016-07-13. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ Фаранд, Стивен (10 април 2016). „Hayman in disbelief after winning Paris-Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 2016-07-09. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ „Bannan praises Hayman's character after Paris-Roubaix victory“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 11 април 2016. Архивирано од изворникот на 2016-07-12. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ Декаулве, Брехт (10 април 2016). „No fairy-tale finish for Boonen at Paris-Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 2016-07-12. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ Флечер, Патрик (10 април 2016). „So close yet so far for Stannard at Paris-Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 2016-07-15. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ Фаранд, Стивен (10 април 2016). „Crashes wreck Cancellara's last-ever Paris-Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 2016-07-06. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ „Sagan remains top of WorldTour standings after Paris-Roubaix“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 11 април 2016. Архивирано од изворникот на 2016-07-18. Посетено на 12 април 2016.
- ↑ „UCI WorldTour Ranking - 2016“. uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. 10 април 2016. Архивирано од изворникот на 12 април 2016. Посетено на 12 април 2016.
Надворешни врски
уреди- Париз-Рубе 2016 на Ризницата ?
- Матична страница