Нишавски Округ
Нишавски Округ — округ кој наоѓа во југоисточниот дел на Република Србија. Управниот округ претставува подрачен центар на државната управа за одредена област. Во Република Србија има 29 окрузи, чии раководители ги именува Министерството за државна управа и локална самоуправа, односно Владата на Република Србија.
Нишавски Округ Нишавски округ Nišavski okrug | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Округ во Србија | |||||||||||||||||||
Слики од Нишавскиот Округ | |||||||||||||||||||
Местоположба на Нишавскиот Округ во Србија | |||||||||||||||||||
Држава | Србија | ||||||||||||||||||
Област | Јужна и Источна Србија | ||||||||||||||||||
Административно седиште | Ниш | ||||||||||||||||||
Управа | |||||||||||||||||||
• Началник | упразнето | ||||||||||||||||||
Површина | |||||||||||||||||||
• Вкупно | 2,729 км2 (1,054 ми2) | ||||||||||||||||||
Население (2011) | |||||||||||||||||||
• Вкупно | 372,404 | ||||||||||||||||||
• Густина | 136,8/км2 (354/ми2) | ||||||||||||||||||
ISO 3166 | RS-20 | ||||||||||||||||||
Општини | 6 и 1 град | ||||||||||||||||||
Населби | 285 | ||||||||||||||||||
- Градови | 8 | ||||||||||||||||||
- Села | 277 | ||||||||||||||||||
Мреж. место | nis.okrug.gov.rs |
Нишавскиот округ го опфаќа градот, односно градските општини и општините:
- 1. Градска општина Медијана - седиште градска населба Ниш,
- 2. Градска општина Палилула - седиште градска населба Ниш,
- 3. Градска општина Пантелеј - седиште градска населба Ниш,
- 4. Градска општина Црвен Крст - седиште градска населба Ниш,
- 5. Градска општина Нишка Бања - седиште градска населба Нишка Бања,
- Општина Алексинац - седиште градска населба Алексинац ,
- Општина Сврљиг - седиште градска Сврљиг,
- Општина Мерошина - седиште на населба Мерошина,
- Општина Ражањ - седиште на населба Ражањ,
- Општина Дољевац - седиште на населбата Дољевац и
- Општина Гаџин Хан - седиште на населбата Гаџин Хан.
Седиште на округот е градската населба Ниш. Округот се простира на површина од 2.729 и претставува втор по големина округ во Србија. Има вкупно население од 376.319 (попис од 2011 година).[1]
Во самиот град Ниш се наоѓа Нишката тврдина, која е една од најубавите и најдобро зачуваните тврдини на Балканот, а е изградена кон крајот на 17 век. На периферијата на Ниш се наоѓа споменикот Ќеле-кула, што Турците го изградиле со черепите и главите на српските востаници убиени на Чегра, каде под водство на Стеван Синѓелиќ се одиграла Чегарската битка против Турците (1809 година). Турците победиле, па оваа битка била пресудна за пропаста на Првото српско востание.
Физичко-географски одлики
уредиРелјеф
уредиТектонски облици во релјефот
уредиВо Нишавскиот Округ, тектонските облици се претставени со долини и планини со средна висина. Долините се спуштени долж тектонските ровови создадени од радијални тектонски движења, додека тангентните движења предизвикале издигнување на планините. На територијата на округот се издвојуваат: Нишката, Алексиначката, Сврљишката и Заплањската Котлина. Нишката Котлина е дел од композитната долина на реката Јужна Морава. Зафаќа површина од 620 km2, има форма на неправилен елипсоид со подолга оска од околу 44 km и пократка оска од 22 km. Во поголемиот дел е ограничена со планини, а е поврзана со Сврљишката, Заплањската Котлина и Добрич со Топлица.[2]
Нишката Котлина е опкружена со варовничките масиви Калафат (837 m), Баталовац (707 m), Црни Врх (683 m), кристалеста маса на Попова Глава (534 m), бариерата Мезграј и кристалестиот гребен Мали Јастребац од северот и западот. Гребенот Мали Јастребац го образува западниот раб на Нишката Котлина од Купињак до Батишчички Вис. Источниот раб на долината е претставен со варовничкиот гребен на Сврљишките Планини и ограноците на Сува Планина, додека јужниот раб е претставен со варовничкиот гребен на Сува Планина и кристалестиот гребен на планината Селичевица.[3]
Алексиначката Котлина е ограничена со Послонските Планини и Буковик на северозапад, Китица, Седи Врв, Лесковик и Девица на север, Калафат, Попова Глава, мезграјска бариера, гребенот Мали Јастребац, гребенот Велики Јастребац (до врвот Змајевац) на југ и запад. На запад долината се протега до сливот на Рибарска Река, Каонички и Здравињски Превој. Има трапезоидна форма со максимална должина од 43 km и максимална ширина од 37 km.[4]
Сврљишката Котлина зафаќа површина од околу 500 km2, опфаќајќи го доминантниот дел од сливот Сврљишки Тимок, левата составка на Бел Тимок. Се протега помеѓу планинските венци на планините Сврљиг (Зелени 1.334 m) на југ, Пајешки Камен (1.074 m) на исток, планините Тресибаба (786 m) на север и Калафат (839 m) на запад. Во регионалната физиономија на долината се забележуваат три различни делови: високиот дел претставен со околината на Луково, потесниот дел од долината Сврљиг и просторната долина во северното подножје на Сврљишките Планини.[5]
Заплањската Котлина се протега помеѓу Сува Планина, Бабичка Гора и Селичевица . Просторот што го зафаќа најмногу се совпаѓа со територијата на општина Гаџин Хан . Долга е до 40 km во правец СЗ-ЈИ, а широка 7–8 km. Долината е предиспонирана за раседи од ист правец и се наоѓа на тектонската граница помеѓу Родопскиот Масив на запад и Карпатобалканидите на исток. Има две природни целини: Горно и Долно Заплање. Горно Заплање се протега помеѓу Сува Планина и Бабичка Гора, односно од двете страни на регионалниот пат Ниш - Гаџин Хан - Боњинце. Долно Заплање се наоѓа помеѓу Селичевица, Бабичка Гора и ограноците на Сува планина.[6]
Сува Планина спаѓа во најистакнатите варовнички гребени во Источна Србија. Припаѓа на западниот појас на источната зона на младите венечни планини. Името го добила по безводицата која е типична за терени со многу напредна фаза на развој на карстниот процес. Секоја од овие планини се протега во правец северозапад-југоисток во должина од 45 km, а најголемата ширина е 15 km. Според поделбата на Јован Цвијиќ се состои од три дела: потковичест гребен, лакот на Црвената река и површината на Валожје.[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Попис становништва pop-stat.mashke.org (српски)
- ↑ Мартиновић, Ж (1976). „Нишка котлина - генеза и еволуција“. Посебна издања Српског географског друштва. 43.
- ↑ Костић, М (1967). „Нишка котлина - Студија друштвено-географског развоја“. Зборник радова Географског института Јован Цвијић. 21: 295–357.
- ↑ Костић, М (1969). „Алексиначка котлина - Друштвено - географска студија“. Зборник радова Географског института Јован Цвијић. 22: 453–591.
- ↑ Голубовић, П (1997). Сврљишка котлина - социогеографска и демографска проучавања. Ниш.
- ↑ Симоновић, Д (1982). Заплање. Ниш.
- ↑ Милић, Ч. „Главне одлике краса Суве планине“. Зборник радова Географског института Јован Цвијић. 18: 93–154.