Административна поделба на Отоманското Царство
Административната поделба на Отоманското Царство претставува територијална поделба заснована на воената администрација но со цивилна управа. Оваа поделба не ги опфаќала вазалните и потчинетите држави.
Постоеле два вида на територијална организација. Првиот вид се однесува на првобитната организација кој се развивала паралелно со развојот на Отоманското Царство, а другиот вид се појавил после големите административни реформи во 1864 година.
Првобитна организација
уредиПрвобитната организација има свои корени уште во времето на настанувањето на Отоманското Царство, како вазална држава на Селџуците (Uç Beyliği) во централана Анадолија.
Проширувањата настанале врз основа на веќе постоечката административна структура на селџучкиот систем, во која наследните владеачи на овие територии ја имале титулата бег. Овие бегови (локални водачи) продолжиле да владеат под сузеренство на Отоманските султани. Титула бег од тогаш не се однесувала само на постоечките и поранешните владеачи туку и на новите управници кои султанот ги поставувал на местото на оние кои ги разрешувал.
Отоманското Царство на почетокот било поделено на суверени санџаци и санџаци доделени на султановите синови. Со санџаците управувале санџак-бегови, воени управници кои добивале од страна на султанот знаме, или барјак таканаречен санџак. Како што се ширело царството низ Европа, се појавила потреба за формирање на нови административни единици од повисоко ниво. За време на владеењето на Мурат I (владеел од 1359-1389), беглер-беговите биле одредувани да управуваат со Румелија, т.е. со европскиот дел на царството.
После формирањето на беглер-беглуците, санџаците станувале второстепени административни единци. Беглер-беговите покрај тоа што имале обврска да управуваат со доделената територија, биле и команданти на сите воени трупи на својата територија.
Првостепени административни единици
уредиЕјалети 1299-1609
уредиОд средината на XIV век па до крајот на XVI век, настанал само еден беглер-беглук - Караман.
Ејалети настанати пред 1609
уредиЕјалетите кои настанувале пред 1609 и ејалетите кои настанале после 1609 се:
- Абхазија (1578-?)
- Ахишка (околу 1603-?)
- Дагистан (1578-?)
- Туманис (околу 1584-?)
- Ганџа (околу 1588-1604)
- Гори (околу 1588-?)
- Ѓаник (1594-1598)
- Кахети (околу 1578-?), кахетскиот крал станал наследен бег
- Лори (околу 1584-?)
- Молдавија (само 1595)
- Начиван (околу 1603)
- Поти (1579-?)
- Сана (1567-1569)
- Шемаха (околу 1583)
- Зигетвар (околу 1596), подоцна префрлен на Кањижа.
- Ширван (1578-1604)
- Тебриз (1585-1603)
- Тифлис (1578-1586)
- Влашка (само 1595)
- Ереван (1583-1604)
- Зебид (1567-1569)
Ејалети во 1609
уредиОсвојувањата на Селим I и Сулејман I во XVII век значеле потреба за нови административни единици. До крајот на втората половина од XVII век имало 42 ејалети, како што тогаш се нарекувале беглер-беглуците.
Во следната табела е прикажана административната поделба од 1609 година.
Вилает | Турски назив | Воспоставен | Денешна локација | |
---|---|---|---|---|
Абисинија | Habeş | околу 1554 | Саудиска Арабија, Судан, Еритреја, Сомалија | Му припаѓале области од двете страни на Црвеното Море. Го нарекувале и "Мека и Медина". |
Адана | آضنه Ażana (Adana) | околу 1608 | Турција | |
Џезаир (Егејски архипелаг) | Cezayir | средина на 1500-те | Грција | |
Халеп | حلب Ḥaleb (Halep) | околу 1516-1521 | Сирија, Турција | |
Џезаир Карп | جزاير غرب Cezâyîr-i Ġarb (Cezayir Garp) | 1519 | Алжир | |
Анадолски | Anadolu | околу 1365 | Турција | |
Багдадски | بغداد Baġdâd (Bağdat) | 1535 | Ирак | |
Басра | بصره Baṣra (Basra) | околу 1552. | Ирак, Кувајт | |
Босански | Bosna | околу 1520-те | Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора | |
Будински | Budin | 1541 | Унгарија, Хрватска, Србија | |
Кипарски | قبرص Ḳıbrıṣ (Kıbrıs) | 1571 | Кипар, Турција | од околу 1660-1703 и 1784 па натаму, дел од вилаетот на Егејскиот архипелаг (Џезаир) |
Дијарбекир | دياربكر Diyârbekir (Diyarbakır) | 1515 | Турција, Ирак | |
Егир | اكر Egir (Eğri) | 1596 | Унгарија | |
Египет (Мисир) | مصر Mıṣır (Mısır) | 1517 | Египет, Израел, Јордан, Саудиска Арабија | |
Ерзурум | Erzurum | околу 1514-1534 | Турција | |
Ал-Хаса | Lahsa | околу 1579 | Саудиска Арабија | |
Кефе | Kefe | околу 1581 | Украина, Русија | |
Кањишки | Kanije | 1600 | Унгарија, Хрватска | |
Карамански | Karaman | околу 1470 | Турција | |
Карс | Kars | 1579 | Турција, Грузија | |
Мараш | Maraş, Dulkadır | околу 1522 | Турција | |
Мусул | Musul | касни 1500-те | Ирак | |
Рака | Rakka | касни 1500-те | Сирија, Турција, Ирак | |
Румелиски | Rumeli | околу 1365 | Бугарија, Грција, Република Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Турција | Со Анадолскиот, еден од двата првобитни ејалети. |
Самше | Çıldır | околу 1579 | Грузија, Турција | |
Шеризор | Şehrizor | средина на 1500-те | Ирак, Иран | |
Силистриски | Silistre | околу 1599 | Бугарија, Романија, Молдавија, Украина | |
Шивас | Sivas | ране 1500-те | Турција | |
Сириски | Şam | 1516-17 | Сирија, Либан, Израел, Палестина, Јордан, деол од Турција и дел од Ирак | |
Темишварски | Tımışvar | 1552 | Романија, Србија, Унгарија | |
Трабзон | Trabzon | касни 1500-те | Турција, Грузија | исто така познат како Требизондски вилает |
Триполи (Источен Триполи) | Trablus-ı Şam (Trablusşam) | околу 1570 | Либан, Сирија | |
Триполитанија (Западен Триполи) | Trablus-ı Garb (Trablusgarp) | 1551 | Либија | |
Туниски | Tunus | 1574 | Тунис | |
Вански | Van | 1548 | Турција | |
Јеменски | Yemen | 1517-18, 1539 | Јемен, Саудиска Арабија |
Ејалети кои настанале 1609-1683
уреди- Крит (1669/70– )
- Мора (1620–1687) и (1715–1829)
- Подолија (само 1674–1699)
- Сидон (1660– )
- Ујвар (1663–1685)
- Варад (1661–1692)
Ејалети кои настанале 1683-1864
уредиВторостепени административни единици
уредиВилаетите биле поделени на санџаци со кои управувале санџак-бегови. Некои, како Муташарифатскиот санџак (Ерусалимски), не биле дел од ниту еден вилает. Санџак-беговите служели и како воени командири со своја коњица од својот санџак. Некои вилаети (како Египтскиот, Багдадскиот, Абисинискиот и Ал-Хасанскиот) не биле поделени на санџаци.
Административна реформа од 1864 година
уредиКако што слабеело Отоманското Царство, административната структура била разнишана. Со Отоманскиот закон од 1864 направена е реформа на административната поделба на царството во која ејалетите станале мали вилаети со кои управувале валии. Вилаетите биле поделени на санџаци, муташарифати и вазални држави како што биле Србија, Романија и Црна Гора, кои останале надвор од овој административен систем.
Вилаети од 1877
уредиЗападни:
- Босна (Bosna)
- Подунавски (Дунав) (Tuna), прв вилает формиран во 1864
- Једирне (Edirne), исто така нарекуван и Адријанополски
- Истанбул (İstanbul), исто така нарекуван и Цариградски
- Јанина (Yanya)
- Чаталџа (Çatalca) автономен санџак, не е вилает (Çatalca Sancağı)
- Кипар (Kıbrıs) остров со посебен статус (Kıbrıs Adası)
- Косово (Kosova)
- Крит (Girit)
- Манастир (Manastır), исто така нарекуван и Битолски 1873/74 (бил укинат 1878, а повторно бил обновен во 1879)
- Мека (Mekke) автономен шарифат, не е вилает (Mekke Şerifliği)
- Мосул (Musul) од 1879.
- Планина Либан (Cebel-i Lübnan [Cebeli Lübnan]) муташарифат на Бејрут, не е вилает (Cebel-i Lübnan Mutasarrıflığı)
- Салоника (Selanik), исто така нарекуван и Солунски 1867
- Сервија санџак (Serfije, Servia), не е дел од вилает
- Сирија (Şam), исто така нарекуван и Дамаски
- Сисам (Sisam) остров со посебен статус (Sisam Beyliği)
- Скадар (İşkodra)
- Софија (Sofya)
- Триполитанија (Trablusu-Garb [Trablusgarp])
- Тунис (Tunus) автономен елает, со него владееле наследни бегови (Tunus Eyaleti)
- Херцеговина (Hersek)
Анадолија:
- Адана (Adana)
- Ајдин (Aydın)
- Анкара (Ankara)
- Бига (Biga) автономен санџак, не е вилает (Biga Sancağı)
- Битлис (Bitlis)
- Ван (Van)
- Џарбекир (Diyarbekır [Diyarbakır])
- Егејски архипелаг (Cezayir-i Bahr-i Sefid [Akdeniz Adaları])
- Ерзурум (Erzurum)
- Халеп (Haleb [Halep])
Источни:
- Багдад (Bağdad [Bağdat])
- Басра (Basra)
- Бејрут (Beyrut)
- Бенгази (Bingazi), автономен санџак, не е вилает (Bingazi Sancağı)
- Дар изор (Deyr-i Zor)
- Египет (Mısır), автономен кадиват, не е вилает (Mısır Hidivliği)
- Измит (İzmid [İzmit]), автономен санџак, не е вилает (İzmid Sancağı)
- Јерусалим (Kudüs-i Şerif) муташарифат, не е дел од ниеден вилает (Kudüs-i Şerif Mutasarrıflığı)
- Карпут (Mamuret-ül Aziz [Mamuretülaziz])
- Кастамону (Kastamonu)
- Конија (Konya)
- Хиџаз (Hicaz)
- Худавендигар (Hüdavendigar), исто така нарекуван и Бурсански
- Шивас (Sivas)
Вилаети 1915
уредиПосле Танзимат реформите од 1885, малоазиската област со кое управувало Отоманското Царство е поделена на 15 вилаета, едан санџак и едан утершафлик на Цариградскиот вилает (и двата од азиската страна на Босфор). Секој вилает бил поделен на неколку санџаци.
Западни:
- Независни вилает Дарданели
- санџак Усчудар
Анадолија:
- Измирски вилает, поделен на санџаците Маниса, Измир, Ајдин, Денизли, Ментезе
- Бурсански вилает, поделен на санџаците Баликесир, Бурса, Ердогул, Кјутахја и Афион
- Конја вилает, поделен на санџаците Бурдур, Хамид абад, Аталија, Конија и Нигде
- Вилает Кастамону, поделен на санџаците Болу, Чанкири, Кастамону и Синоп
- Анкарски виалет, поделен на санџаците Анкара, Киршехир, Ѓозгат и Кајшери
- Аданански виалет, поделен на санџаците Исел, Адана, Козан, Османија
- Шиваски виалет, поделен на санџаците Шивас, Токат, Амасја и Себинкарахисар
- Трабзонски виалет, поделен на санџаците Самсун, Трабзон, Џумушхан и Лазистан
- Ерзурумски виалет
- Бутлиски виалет, поделен на санџаците Муш, Генк и Ширт
- Вански виалет, поделен на санџаците Ван и Хаќари
- Независен Измитски мутершафлик
Источни:
- Мосулски вилает, поделен на санџаците Мосул, Шехризор и Сулејманијех
- Мамур ул Азизиски вилает, поделен на санџакот Џарбакир и мутершафликот Зор
- Халепски вилает, поделен на санџаците Халеп, Урфа и Мараш
Вилаети 1918
уредиЗападни:
- Истанбул
Анадолија:
- Аданански вилает
- Анкарски вилает
- Ајдински вилает
- Битлисски вилает
- Џарбекирски вилает
- Едимански вилает
- Ерзурумски вилает
- Худавендигарски вилает
- Измитски вилает
- Вилает Конја
- Мамурет ел Азизски вилает
- Шивасски вилает
- Трабзонски вилает
- Вански вилает
Источни:
- Мосулски вилает, поделен на санџаците Мосул, Шеризан и Сулејманих
Користена литература
уреди
- Colin Imber. The Ottoman Empire, 1300-1650: The structure of Power. (Houndmills, Basingstoke, Hampshire, UK: Palgrave Macmillan, 2002.)
- Halil Inalcik. The Ottoman Empire: The Classical Age 1300-1600. Trans. Norman Itzkowitz and Colin Imber. (London: Weidenfeld & Nicolson, 1973.)
- Donald Edgar Pitcher. An Historical Geography of the Ottoman Empire (Leiden, Netherlands: E.J.Brill,1972.)