Бар (единица)
Бар (од грч. βάρος = тежина, притисок[1], симб. бар или bar) — единица за притисок еднаква на 100 килопаскали, и приближно еднаква на атмосферскиот протисок на морското ниво. Од барот се изведени единиците: мегабар (Mbar), килобар (kbar), децибар (dbar), центибар (cbar), и милибар (mbar/mb). Овие единици се вонсистемски, т.е. не припаѓаат на SI или СГС, но се прифатени за употреба со единиците на SI.[2] Барот наоѓа широка примена за изразување на притисок бидејќи е само за 1% помал од атмосферата (atm), која се дефинира како точно 1,01325 bar. Како единица е озаконет во земјите на ЕУ.[3]
Барот и милибарот се воведени во in 1909 г. од британскиот метеоролог Вилијам Нејпиер Шо (1854-1945) како директор на Метеоролошката служба во Лондон (1907-20)[4]
„Барг“ е единица на манометарот, и означува притисок во барови над амбиентниот или атмосферскиот притисок.
Дефиниција и претворање
уредиБарот се дефинира со SI-единицата паскал, имено: 1 bar ≡ 100.000 Pa. Затоа, 1 bar е еднакво на:
паскал | бар | техничка атмосфера | стандардна атмосфера |
Милиметар на живиниот столб (тор) |
фунта на квадратен инч | |
---|---|---|---|---|---|---|
Pa | bar | at | atm | torr | psi | |
1 Pa | ≡ 1 N/m2 | 10−5 | 1,0197×10−5 | 9,8692×10−6 | 7,5006×10−3 | 145,04×10−6 |
1 bar | 105 | ≡ 106 dyn/cm2 | 1,0197 | 0,98692 | 750,06 | 14,5037744 |
1 at | 0,980665 ×105 | 0,980665 | ≡ 1 kp/cm2 | 0,96784 | 735,56 | 14,223 |
1 atm | 1,01325 ×105 | 1,01325 | 1,0332 | ≡ p0 | 760 | 14,696 |
1 torr | 133,322 | 1,3332×10−3 | 1,3595×10−3 | 1,3158×10−3 | = 1 mmHg | 19,337×10−3 |
1 psi | 6,895×103 | 68,948×10−3 | 70,307×10−3 | 68,046×10−3 | 51,715 | ≡ 1 lbF/in2 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „бар“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
- ↑ Меѓународно биро за тегови и мерки (2006), Меѓународен систем на мерни единици (SI) (PDF) (VIII. изд.), стр. 127, ISBN 92-822-2213-6 (англиски).
- ↑ Британски стандард BS 350:2004 „Фактори на претворање на единиците“
- ↑ Вилијам Нејпиер Шо Архивирано на 29 август 2007 г. (англиски)
- Оваа статија содржи материјал од статијата „Bar (unit)“ на Citizendium, кој е под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови 3.0 Нелокализирана, но не и под ГНУ-овата лиценца за слободна документација (ГЛСД).