Дарданци
Дарданци (латински: Dardani) — исклучително моќен илирско-тракиски народ, многу близок до Трибалите. Според легендата, Дарданците биле основачите на Троја и сојузници на Тројанците во Тројанската војна.
Тие живееле во античко време во голем дел од денешна јужна Србија, Македонија и Косово.
Кралство Дарданија
уредиДарданскиот регион се протегал приближно од Књажевац до Велес и од Шар Планина до Бугарија. Дарданците биле освоени од Римјаните веројатно на крајот на 1 век п.н.е.. [1]
Дарданија била богата со руди. Дарданците биле добро обучени борци. Соседните народи, Македонците, а подоцна и Римјаните, претрпеле многу од нивните упади со Скордисците.
200 и 197 пр.н.е., го поплавиле северниот дел од државата на македонскиот крал Филип III.
-
Кралство Дарданија, 3-1 век пр.н.е.
-
Кралство Дарданија, 3-1 век пр.н.е.
Населени места
уредиПоважни и поголеми градови на Дарданците биле Ulpiana (Приштина), Therranda (Призрен), Vicianum (Вучитрн), Skopi (Скопје), Damastioni (во близина на Охридско Езеро). Naissus (Ниш) подоцна станал најважниот град и на римската провинција Мизија.[2]