Милан Обреновиќ, познат како Милан Обреновиќ IV и Милан I Обреновиќ [белешка 1] (22 август 1854 - 11 февруари 1901) бил кнез (1872-1882) и прв нововековен крал на Србија (1882-1889). Кнезот Михајло Обреновиќ III умрел без законски потомок, а за негов наследник бил избран Милан кој тогаш имал 14 години и се школувал во гимназијата Луј Велики во Париз. Бидејќи бил малолетен било избрано Намесништво на чело со Јован Ристиќ. Милан израснал во Париз и имал носталгија кон Франција и нејзината престолнина. Често го напуштал Белград и се враќал во Париз каде што се одавал на раскошниот живот [1].

Милан I Обреновиќ
кнез на Србија
Портретот
На престол1872 - 1889
ПретходникМихајло Обреновиќ III
НаследникАлександар I Обреновиќ
Жена
Полно име
Милан Обреновиќ
ДинастијаОбреновиќ
ТаткоМилош Обреновиќ
МајкаЕлена Марија Катарџи
Монета со ликот на Милан од 1882 г.
Портрет на Милан Обреновиќ

Во текот на овој период, Намесништвото на чело со Ристиќ го демократизирало српскиот политички живот, било воведено општо право на глас за мажите и рамномерна фискална реформа. Во 1875 година било кренато востание во Босна и Херцеговина против Османлиското царство. Јован Ристиќ плашејќи се од Австроунгарска окупација на оваа област го потикнал Милан да им објави војна на Османлиите. Меѓутоа, во 1876 година српските сили биле поразени, а угледот на Милан опаднал, а во Руско-турска војна од 1877-1878 година, Србија не учествувала. Со Берлинскиот конгрес српското кнежевство било прогласено за независно, а Австроунгарија го добила правото да ги окупира Босна и Херцеговина и Новопазарскиот санџак, со што биле ослабени позициите на српската држава, а Милан се нашол во тешка позиција.

За да го поправи својот углед и да ја заврсти својата разнишана позиција, во 1882 година Милан се прогласил за крал под името Милан I Обреновиќ. Кралската титула ја засилиле неговата амбиција и одлучил сам да владее. Во 1883 година извршил државен удар со кој го укинал уставот и започнал да се пресметува со политичките партии, особоено настрадала Радикалната партија која била составена од либерали, политичкиот живот на Србија бил исполнет со крвави нереди и политички процеси кои со години траеле.

Во 1885 година дошло до обединување помеѓу Бугарското кнежевство и Источна Румелија со што територијата на младата бугарска држава удвоила. Милан побарал територијална компезација за Србија која требало да биде еднаква на проширувањето на Бугарија. Таквата претензија не била исполнета и Милан ја нападнал Бугарија со што започнала Српско-бугарската војна. Меѓутоа, српските сили биле поразени и бил потпишан Вториот букурешки договор со кој се зголемила непопуларноста на Милан во Србија.

Милан сакал да се разведе од својата сопруга Наталија Кешко, угледна Русинка од истакнато кнежевско семејство Гика. Меѓутоа српската православна црква не сакала да му дозволи развод, а Милан сам себеси се развел со што целосно го уништил својот углед во конзервативна Србија. За да избегне избувнување на граѓанска воја, во 1889 година абдицирал во полза на својот син Александар. Во замена добил 2 000 000 франки во злато и заминал за Париз.

Неговиот син и наследник Александар имал дванаесет години кога бил избран за владетел на Србија. Поради малолетноста на новиот крал, бил избран Намеснички совет на чело со неизбежниот Јован Ристиќ. Меѓутоа во 1893 госина, кога Александар имал 16 години, бил извршен државен удар во текот на кој сите намесници и министри биле апсени, а Александар се прогласил за полнолетен и го суспендирал уставот. Државниот удар бил организиран од Милан кој дошол тајно во Србија и го потикнал својот син на акција. Александар својот татко го назначил за врховен командант на српската армија.

Кога Александар решил да се ожени со Драга Машин, Милан се спротивставил на тој брак и кон крајот на 1900 година за секогаш ја напутил Србија. Милан најпрво живеел во Карлсбад, потоа во Темишвар, а последните денови од животот ги поминал во Виена. Во престолнината на Австроунгарија се разболел и по тешко боледување умрел на 11 февруари. Тој е закопан во Крушедол на Фрушка Гора покрај кнегињата Љубица.

Рани години

уреди
 
Кралот Милан Обреновиќ како дете
 
Крагуевац

Бил роден на имотот на својот татко Милош, син Јеврем Обреновиќ кој бил брат на првиот српски кнез Милош Обреновиќ I. Неговиот татко како странски наемник служел во романската војска и загинал во борбите со Османлиите кај Букурешт на 20 ноември 1861 година. Неговата мајка, Елена Марија Катарџи била ќерка на романскиот гроф Константин Катарџи. По неговото раѓање, неговите родителе се оддалечиле, тој бил нивни единствен син и имал една сестра, Томанија.

По смртта на неговиот татко, за Милан се грижела неговата мајка која водела раскошен аристократски живот. Елена Марија Катарџи не се грижела многу за воспитувањето на својот син. Грижата за него ја презел српскиот кнез Михајло Обреновиќ III. На шест години, Милан пристигнал во Крагуевац.

Српскиот кнез му обезбедил гувернанта која го воспитувала и подучувала, а меѓу неговите воспитувачи бил и познатиот дубровнички поет Медо Пуциќ. По созревањето, Михајло Обреновиќ III својот внук го испратил на школување во Париз.

Владетел на Србија

уреди

Намесништво

уреди

Во 1868 година бил извршен атентат врз Михајло Обреновиќ III во Коштуњак. Михајло немал законски потомок кој би можел да го наследи српскиот престол. По предлог на министерот Миливој Блазнавц, Милан бил избран за наследник на свој четиринаесет години. Бидејќи бил малолетен во моментот на изборот за српски кнез, наместо него управувало Намесништво во состав: Блазнавац, Ристиќ и Гавриловиќ.

На 29 јуни 1869 година, била спроведена првата мерка на Намесништвото, донесување на Устав во кој било предвидено дека српскиот престол, во случај ако изумре машката линија на Обреновиќите, може да биде наследен од женските потомци на кнезот Милан по женска линија. Овој устав бил силно нападнат од страна на опозицијата. Во текот на овој период, Намесништвото на чело со Ристиќ го демократизирале српскиот политички живот, а било воведено општо право на глас за мажите и била спроведена рамномерна фискална реформа.

1872 - 1882

уреди

Надворешна политика

уреди
 
Милан околу 70 - те години на 19 век
 
Водачи на Босанското востание

Во 1872 година, Милан се стекнал со полнолетство и ја презел власта во Србија како кнез и владеел под името Милан Обреновиќ IV. Во почетокот на своето владеење, главно се потпирал врз војската и се стремел кон нејзино зајакнување. Во надворешната политика, српското кнежевство имало најдобри односи со Руското царство.

Во 1875 година избувнало Босанското востание против Османлиите. Милан во почетокот не сакал да се меша на каков било начин и го осудил востанието. Меѓутоа под притисок на српското граѓанство и под влијание на Јован Ристиќ, во 1876 година Милан и објавил војна на Османлиското царство, но српските сили биле поразени од реформираната османлиска армија.

По започнувањето на Руско-турската војна, под притисок на Руското царство, на 2 декември 1877 година Милан повторно влегол во војна со Османлиите. Српската војска се движела кон Ниш, Пирот и Врање. Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор и создавањето на Голема Бугарија, Милан останал со празни раце. Овој момент бил пресвртница во надворешната политика на кнезот, тој се свртел кон Австроунгарија.

Со Берлинскиот конгрес од 1878 година Србија се стекнала со независност од Османлиското царство, а добила и извесно територијално проширување: Нишкиот, Пиротскиот и Топличкиот округ. Меѓутоа, Босна и Херцеговина станала протекторат на Австроунгарија. Набргу потоа, Милан ја испратил првата делегација на виенскиот двор. На чело на оваа делегација се наоѓал Ристиќ, водачот на либералите кој се обврзал во име на Србија да склучи трговски договор и спогодба за изградба на железничка линија со Австроунгарија.

Судир со поглаварот на автокефалната српска црква

уреди
 
митрополитот Михајло

Белградскиот митрополит Михајло бил русофил, а како таков им сметал на Виена, Милан и неговите приврзаници.

Митрполитот Михајло преку српските свештенци во Босна дејствувал против интересите на Австроунгарија, а финансиска помош добивал до руските словенски комитети. Во 1881 година, митрополитот Михајло дошол во судир со приврзаниците на Милан.

Милан решил да го отстрани митрополитот. Како повод послужил Законот за црковните такси кој стапил на сила на 1 јуни 1881 година, а бил донесен без консултации и согласност на Светиот архијерејскои собор. Дошло до судир помеѓу владата и митрополитот.

На 18 октомври 1881 година, Милан издал указ со кој Михајло бил отстранет од својата положба без пензија или каква било друга издршка.

По отстранувањето, Михајло живеел во својата приватна куќа во Белград, меѓутоа под притисок на српските власти, во 1883 година ја напуштил Србија. Меѓутоа, подоцна Милан му дозволил да се врати.

Атентат

уреди

На 11 октомври 1882 година, Јелена Илка Марковиќ, вдовица на полковникот Јеврем Марковиќ, се обидела да го убие Милан во Соборниот храм во Белград. Поводот за атентатот било стрелањето на нејзиниот маж за време на Тополската буна. Атентатот бил неуспешеан, а Јелена Илка Марковиќ била упасена и на 12 април 1883 година била осудена на смрт. Била помилувана, меѓутоа подоцна била пронајдена мртва во пожаревачкиот затвор.

Поради атентатот, била упасена и нејзината роднина, Лена Книќанка. На 28 март 1883 година, таа била пронајдена обесена во затворот. Смртта на овие две жени се случиле под сомнителни околности: стражарот на Лена исто така умрел. Во двата случаја, по еден лекар од комисијата која ги испитувала причините за смртта, утврдиле дека не се работи за самоубиство.

Во 1891 година, весниците ги обвиниле Милан и Милутин Гарашанин за наредбодавци на убиствата. Милан се обидел атентатот да го искористи против Радикалите, меѓутоа во текот на истрагата не биле откриени докази против нив [2].

Прогласување на Србија за кралство

уреди
 
Прогласување на Србија за кралство
 
Србија во 1878 година

На 16 јуни 1881 година, во Виена била потпишана т.н Тајна коненција. Со неа било предвидено пријателска политика помеѓу Србија и Австроунгарија, српската страна од своја страна се обврзала да се откаже од својата претезија кон Босна и Херцеговина, која била признаена за хабсбуршка сфера на влијание, во замена Србија добила согласност за територијално проширување кон југ, односно кон Македонија, како и ветување дека Виена ќе се заложи кај останатите големи сили да ја прифатат српската територијална експанзија на југ. Меѓу другото, било договорено и прогласување на Србија за кралство.

По потпишувањето на договорот, првиот министер на српската влада - Михаил Пироќанец поднел оставка, меѓутоа Милан не ја прифатил. На 21 февруари (стар календар 1882 година, Милан се крунисал за крал под името Милан I Обреновиќ , Србија станала кралство, а царот Франц Јосиф I лично му честитал на новиот крал.

1882-1889

уреди

Судир со Радикалите

уреди
 
Никола Пашиќ

По прогласувањето на Милан за крал, дошло до промена во политичкиот живот на Србија. Се формирале партии: Радикалната партија (1881) на чело со Никола Пашиќ, Либералната партија на чело со Јован Ристиќ и Напредната партија на самиот крал Милан. Српските граѓани биле незадоволни од владеењето на Милан. Плашејќи се од истапувањето на народот, како и поради набавката на нови пушки, Милан се повикал на правото да формира платеничка армија и наредил да се собере оружјето од народот и да се складира во магацини.

Радикалите започнале жестока борба против режимот на кралот Милан. Селаните од Тимочкиот округ дале отпор при собирањето на оружјето и под влијание на Радикалите одбиле да ги предадат оружјето. Во околината на Зајачар и Књажевац во 1883 година избувнала т.н Тимотичка буна, која Милан ја задушил со помош на војската. По задушувањето на буната, Милан наредил да се укине народната армија и започнал со создавање на редовна војска, која требало да му биде верна, меѓу другото започнал да ги гони приврзаниците на Радикалната партија. Никола Пашиќ, водачот на Радикалите бил принуден да замине за Бугарија и таму да ја продолжи својата дејност против режимот на Милан.

Недоразбирање со Бугарија

уреди
 
Александар I Батенберг
 
Балканот по Берлинскиот конгрес

По Берлинскиот конгрес, Милан бил во лоши односи со младата бугарска држава. Неговиот личен посед Брегово бил припоен кон Бугарија, а бугарските власти му дозволиле на Никола Пашиќ да се засолни во нивната држава од каде работел против српскиот крал. Во 1885 година, дошло до обединување помеѓу Бугарското кнежевство и Источна Румелија. Таквиот чекор, кој претставувал кршење на Берлинскиот конгрес, ги раздвижил српските владеачки кругови и кралот Милан бидејќи бугарската држава двојно ја зголемила својата територија и имала повеќе жители од српското кнежевство.

Милан побарал територијална компензација за Србија која требало да биде еднакава на бугарското обединување. Во Белград завладеала воена атмосфера. Ситуацијата уште повеќе се усложнила со бугарските претензии кон Македонија, која Милан ја сметал за српска сфера на влијание. Имено, веднаш по обединувањето бугарскиот министер - претседател Петко Каравелов на митинг во Трново истакнал:

Оваа година во Тракија, догодина во Македонија [3][4]

За разлика од бугарските политичари, бугарскиот кнез Александар I Батенберг бил поумерен. За да биде избегната војната помеѓу Србија и Бугарија, тој се решил да започне директни преговори со Милан. На 30 септември 1885 година, Батенберг му испратил писмо на Милан во кое му предолжил започнување на преговори помеѓу двете држави за да бидат утврдени сферите на влијанија. Батенберг, за преговарач од своја страна го поставил Константин Стоилов, по што испратил ново писмо до Милан во кое истакнал дека: ... го разбира српското барање за компензација... но Турција е голема [4][5]. Меѓутоа сите предлози биле одбиени од српскиот крал.

Српско-бугарска војна

уреди
Борби
уреди
 
Кралот Милан
 
Српско-бугарската војна

По низа провокации од српска страна, инцидентот од 1 ноември кај месноста Цветков гроб му послужила на Милан како повод на 2 ноември да и објави војна на Бугарија. Претходно, српската влада не обрнувала никакво внимание на протестите на Бугарија против овие погранични провокации, како и против обидот на српски емисари да го бунтуваат пограничното бугарско население. Српскиот крал ја мобилизирала војската. Според некој податоци податоци српската војска по мобилизацијата броела 51.500 луѓе: 550 официри, 43.750 војници и 7 200 мешан кадар.

Врховната команда над целата српска армија ја презел лично кралот Милан, кој за началник на штабот го поставил, воениот министер полк. Јован Петровиќ, што било невообичаено, а за команданти на армиите, од искусните генерали од турските војни, биле поставени само генералите Јовановиќ и Лешјанин. Кралот Милан, стравувајќи да не му ја приграбат славата од сигурната победа над Бугарите, за свој соработник не земал ниеден од останатите искусни команданти од војните со Турција како што биле: Хорватовиќ, Белимарковиќ или Протиќ. Кралот Милан се надевал дека, во меѓувреме пред да започне бугарскиот противнапад, големите сили ќе се вмешаат и ќе ја прекинат војната.

Првите борби биле водени на 2 ноември кај Цариброд, кој истиот ден бил заземен од страна на Нишавската армија. На југ од Цариброд настапила српската Шумадиска дивизија во намерата да го запоседне патот Пирот-Трн-Брезник и во содејство со Моравската дивизија, откако ќе го преземат Трн и Брезник, да навлезат од југ во Софиското поле и изолирајќи го бугарскиот Ќустендилски одред, да се соединат со Дунавската дивизија, која настапувала од центарот на фронтот. Но, наидувајќи на силен отпор од бугарските единици, Шумадиската дивизија напредувала само 15 km, а бугарските трупи се повлекувале, отстапувајќи кон градот Трн. Во постојано напредување српските војски, по тешки борби и големи загуби на бугарска страна, на 4 ноември го заземале Трн.

 
Манифестот на Александар I Батенберг за објавување на војна
 
Батенберг за време на Битката кај Сливница

Бугарската војска и понатаму се повлекувала, но сега утврдувајќи се на позициите кај с. Сливница, а исто така и српската армија успеала да се пробие кон Сливница. Положбата на бугарската војска била тешка и на воениот совет на бугарската армија, одржан на 4 ноември со учество на кнезот Александар I, било решено кај Сливница да се групира поголем дел од војската и следниот ден да се започне битка, во која би се одбиле српските напади додека не пристигне источно-румелиската војска. Кај Сливница на 4 ноември бугарската војска броела сè на сè околу 12.000 луѓе, наспроти скоро 25.000 српски војници.

Со таков сразмер на силите на 5 ноември, во раните утрински часови, започнала решавачката битка помеѓу двете армии. По неколкучасовни борби кон пладне борбите се интензивирале во центарот и на левото крило на бугарската војска. Понатаму во текот на денот, битката главно се одвивала помеѓу крилата, а во центарот иницијативата била на бугарска страна, благодарение на успешната поддршка на артилеријата. Така, Бугарите го задржале противникот и добиле во време до пристигнувањето на војските од Тракија.

По победата кај Сливница, на јужниот фронт Бугарите прешле во настапување кон запад, а српската војска започнала во паника да се повлекува кон нејзината политичка граница. За време на ова напредување на бугарската армија и по неколку воени победи биле ослободени градовите: Брезник на 8 ноември, Драгоман на 10 ноември, и Цариброд на 11 ноември, по што воените дејства се префрлиле и на српска територија.

На 14 ноември по една жестока битка во близина на градот Пирот, и поголем број жртви на двете страни, бугарската армија ги пробила позициите на српската Нишавска армија, по што Србите биле принудени да отстапат назад во паника и метеж.

 
Бугарскиот мајор Аврам Гуџев
 
Бугарската војска влегува во Пирот

По битката, српската главна Нишавска армија била расцепена на два дела: Шумадиската и Дунавската дивизија се повлекувал кон Књажевац, а Моравската и Дринската дивизија на југозапад. По оваа победа Бугарите влегле во Пирот и го запоседнале, така што патот кон Ниш им бил отворен.

Додека на јужниот, решавачки фронт, Бугарите напредувале и нанесувале порази на противникот, на северниот фронт бугарските војски давале сериозен отпор на српските напади. Откако го освоиле гр. Кула и го опседнале гр. Видин од копно, Србите ги насочиле своите трупи кон Белоградчик и с. Арчар-Вибдол на Дунав. На 11 и на 16 ноември околу 6.000 бугарски војници со 31 артилериско орудие и 5 митралеза, од Видинската тврдина, ги одбиле силните напади на околу 15.000 српски војници. На 17 ноември на предлог на српскиот командант ген. Лешјанин, бугарскиот заповедник на Северниот одред кап. Узунов се согласил на примирје. За време на примирјето, на двете страни пристигнале повеќе дипломатски мисии на големите сили со цел да се одредат условите на примирјето и на 9 декември примирјето било потпишано, според кое двете армии требало да се повлечат до крајот на месецот на старите граници [6][7][8][9][10][11][12].

Втор букурешки договор
уреди
 
Иван Гешов, претставник на Бугарија во Букурешт
 
Букурешт

По потпишувањето на примирјето, во Букурешт на 23 јануари 1886 година започнале преговорите со посредство на големите европски сили за потпишување на конечен мир помеѓу Србија и Бугарија. Бугарија била принудена паралелно со преговорите со Србија да води преговори за спогодба и со Османлиското царство за прашањето на Источна Румелија. Според спогодбата со Турција од 20 јануари 1886 година, управувањето над Источна Румелија му се доверувало на бугарскиот кнез во рок од 5 години, по кој рок ако кнезот ги исполнувал своите обрски правилно, ќе биде повторно назначен од страна на султанот, потоа т.н. непокорни села на Родопите и муслиманските села во Крџалиската област се присоединувале кон Османлиското царство и била договорена заемна помош помеѓу Цариград и Софија во случај на напад од трета страна.

На преговорите во Букурешт, Бугарија била принудена да се откаже од воена оштета и од меѓународно признание на соединувањето на Источна Румелија кон Кнежевството. Бугарија, под притисок на Австроунгарија, Германија, Османлиското царство и Италија, се согласила на мир со Србија без никакви територијални отстапки или парична оштета од српска страна.

Мировниот договор бил потпишан на 19 декември 1886 година и содржел само еден член според кој од денот на потпишувањето на договорот се воспоставува состојба на мир помеѓу двете завојувани страни и се враќа предвоената состојба. Веднаш по потпишувањето на овој мир, Србија и Бугарија започнале со демобилизација на своите армии [13][14][15][16][17].

Последици
уреди
 
 
Балканот во 1890 година

Објавувањето на војната од страна на српската влада наишло на големо незадоволство кај населението од скоро сите европски земји. Во Чешка се пишувало дека кралот Милан започнал братоубиствена војна, поради што бил наречен и Каин. Малкумина во Европа верувале дека Бугарија ќе победи во војната, туку спротивно, скоро сите сметале дека Србија, која имала искусна, добро подготвена и вооружена армија, ќе извојува лесна победа. Еден од најголемите песимисти за бугарска победа бил и англискиот премиер Солзбери, кој во моментите непосредно пред почетокот на војната го поттикнувал бугарскиот кнез Александар I на непосредни преговори со кралот Милан.

Во обединувањето на Бугарија, српскиот крал Милан и премиерот Гарашанин гледале опасност и по самиот биолошки опстанок на српскиот народ, а исто така во создавањето на една голема бугарска држава тие гледале и такво нарушување на балканската рамнотежа, поради кое целокупноста на Србија и нејзиното ширење кон југ биле доведени во непосредна опасност.

Српската буржоазија и нејзините најизразити претставници, како радикалите и либералите, се повикувале на начелото на народноста и се залагале за тоа Србија да има други правци на ширење т.е. на југ (Македонија) и југоисток каде се наоѓала Османлиското царство, а не тие кон исток кон Бугарија, каде Србија ја туркале кралот Милан и неговата влада. Српските претензии кон Македонија по Српско-бугарската војна го засилиле антагонизмот помеѓу Бугарија и Србија, бидејќи и бугарските владеачки кругови имале претензии кон Македонија [18].

Поразот на Милан го нарушил неговиот углед, по заврувањето на војната врз него бил извршен неуспешен обид за атентат, меѓутоа благодарение на будноста на стражарите, српскиот крал се спасил.

Развод

уреди

Милан поради своите љубовни авантури дошол во судир со својата сопруга кралицата Наталија Кешко Обреновиќ. Милан верувал дека таа дејствува против него, поради нејзиното русофилство, а кралицата Наталија не можела повеќе да го трпи неговото неверство. Семејната расправа имала последици врз политичкиот живот во српското кралство. Милутин Гарашанин ја поддржувал страната на кралицата Наталија, а Милан ја соборил неговата влада и формирал нова составена од либерали и радикали под водство на Јован Ристиќ. Во 1888 година, по бројни перипетии дошло до сомнителен развод.

Абдикација

уреди
 
Александар Обреновиќ во 1890 година
 
Светските државници во 1889 година, Милан е деветти од лево кон десно

Разводот, го уништил целосно и онака кревкиот углед на Милан во конзервативна Србија. Уште пред самиот развод, тој се обидел да си ја поправи репутацијата, во крајна мера угледот на Династија Обреновиќ.

На 1 ноември 1887 година, му одобрил на прогонетиот митрополит Михајло пензија, но не и дозвола да се врати во Србија. Истата година, ја обновил Тајната конвенција со Австроунгарија со надеж дека Виена ќе ги штити интерестите на Династија Обреновиќ. Овој потег, бил политичка подготовка за неговата абдикација и создавање на услови за наследување на срспкиот престол од страна на неговиот син Александар. Во 1888 година бил донесен Радикалскиот устав, кој во голема мера бил либерален. Уставот бил донесен врз основа на белгискиот устав од 1835 година.

На 22 февруари 1889 година, на Денот на Кралството, Милан ја објавил својата абдикација. Милан симнувајќи се од српскиот престол и врз основа на новодонесениот устав, одредил тројца намесници кој требало да управуваат сè додека Александар Обреновиќ не станал полнолетен.

Последни години

уреди

Прогонство

уреди

По отсапувањето на престолот, Милан се задржал во Србија. Кралицата Наталија се вратила во Белград, за да го види својот син Александар Обреновиќ. Меѓутоа, Милан успеал да го издејствува нејзино протерување, поради што дошло до нереди во Белград на 1 јуни 1891 година во кој имало и две жртви. Милан повторно станал непопуларен. Биле започнати преговори со Милан за неговово напуштање на Србија, а според некои извори му биле дадени два милиони динари од страна на рускиот двор за да се повлече. На 14 март 1892 година, српската влада со претходна согласност на Милан, донела закон со кој на Милан му било забрането да живее во Србија и не можел да добие српско државјнаство без претходна согласност на Народното собрание. Милан имал право да дојде во Србија, само во случај на болест на неговиот син Александар Обреновиќ и да остане само во периодот дадека трае таа болест.

Државен удар

уреди

Во февруари 1893 година се одржале паламентарни избори на кој радикалите и либералите освоиле еднаков број на гласови, а во Србија дошло до политичка криза. На 1 април 1893 година, Александар Обреновиќ ги повикал угледните министри и целото намесништво на вечера во Дворот.

Во текот на вечерата, постојано околу Александар имало околу 10-12 офицери кои служеле како служители. По вечерата, Александар ги повикал гостите во свечениот салон каде им соопштил дека ги презема кралските овластувања и ја разрешува владата и намесништвото. Според некои извори, зад целиот државен удар стоел Милан [1].

На 9 јануари 1894 година, Александар Обреновиќ го повикал својот татко да се врати во Белград, а Милан веднаш започнал да се меша во државните работи. Радикалната партија била незадоволна од враќањето на Милан, нејзините претставници во владата, формирана од Александар, ја напуштиле и преминале во опозиција.

Македонско прашање

уреди
 
Владан Ѓорѓевиќ
 
Македонското население според австриска статистика

Во пролета 1895 година, Милан бил принуден да ја напушти Србија, а кралицата Наталија повторно се вратила. Во негово отсуство, Александар Обреновиќ започнал силна меѓународна активност, а на 17 февруари 1897 година во Софија го потпишал Српско-бугарскиот договор со кој требало да се регулираат сите прашања кои ги засегале двете страни.

По потпишувањето на договорот, Александар Обреновиќ го повикал својот татко да се врати во Србија. По враќањето на Милан, била формирана нова влада на чело со Владан Ѓорѓевиќ, а Милан бил поставен за главен команднат на српската армија. Во овој период копјата помеѓу Србија и Бугарија се кршеле околу прашањето за Македонија. Српската држава имала територијални претензи кон Македонија, меѓутоа таа имала слаби позиции во оваа османлиска провинција каде ососбено биле силни грчката и бугарската пропаганда.

Во почетокот на 1899 година, Владан Ѓорѓевиќ во Париз имал средба со бугарскиот дипломатски претставник каде јасно истакнал дека македонското прашање за Србија претставува борба за живот или смрт [5], Тој истакнал дека ако Србија и Бугарија не се договорат околу Македонија, тогаш Србите ќе си го земат она што им припаѓа. Овој став, од страна на Александар Обреновиќ му бил презентиран и на Шишманов, бугарскиот дипломатски претставник во Белград. Набргу потоа, Шишманов имал аудиенција кај Милан. Во текот на средбата, Милан истакнал:

Македонците лесно може да се амалгамираат со бугарскиот или српскиот елемент, бидејќи разликата меѓу двата јазика била многу мала...[5] во Македонија можело да се сретнат чисти Срби или Бугари, но тие биле толку малку што не можат да го определат карактерот на Македонија, која од своја страна била словенска земја, ниту бугарска, ниту српска...[5] Македонија требало да се подели помеѓу Бугарија и Србија. [4]

Нов атентат

уреди

На 24 јуни 1899 година, поранешниот пожарникар Ѓуре Кнежевиќ во близината на Калемегдан, во Београд се обидел да го убие Милан. Позадината на атентатот не е доволно јасна, а прогоните и апсењата по атентатот биле насочени против приврзаниците на Радикалната партија. Обвинетите радикали истакнале дека не учествувале во атентатот, а Никола Пашиќ изрзил жалење поради антидинастичките елементи во Радикалната партија и изјавил лојалност кон српскиот крал. Милан од своја страна обвинил дека во атенатот е вмешана руската тајна полиција, а постоеле сомнеж дека атенатот бил извршен во полза на Караѓорѓевиќите [19][20][21][22][23][24][25].

Афера Машин

уреди
 
Драга Луњевиц Машин
 
Александар и Драга

Владата на Владан Ѓорѓевиќ, која бил под влијание на Милан, го поставила прашањето за пронаоѓање на достојна жена за кралот Александар Обреновиќ. Милан предложил тоа да биде германската принцеза Шамбург Липе, ќерка на негов голем пријател. Во Белград, тогаш веќе се знало за љубовта помеѓу Алексанадар и Драга Луњевица Машин.

По неуспешниот атентат од 1899 година, Милан започнал да се пресметува со Радикалите на сите можни начини. Меѓутоа оваа политика не му се допаднала на Александар Обреновиќ, поради две причини: требало да ја стави пред свршен чин цела Србија со објавувањето на веридбата со Драга Машин и да се прекрати антирадикалната кампања на Милан. Александар Обреновиќ решил да ги отстрани од политиката својот татко и првиот министар на српската влада.

Под изговор дека треба да се преговара околу прашањето за женидбата на Александар Обреновиќ со принцезата Александра Шамбург Липе, Александар го испратил својот татко во Карлсбад, а Владан Ѓорѓевиќ го испратил во Австроунгарија за да потпише некој договори. По нивното заминување, Алексанадар решил да ја објави својата веридба.

На 8 јули 1900 година, Александар ја изестил јавноста дека ја побарал раката на Драга. Меѓутоа на женидбата се спротивставил Милан. Односите помеѓу двајцата се влошиле, Александар Обреновиќ се свртел против својот татко, дури ги помилувал и Радикалите, кој лежеле во затвор поради атентатот врз Милан од 1899 година. На 10 јули 1900 година, во Соборната црква, во присуство на високите офицери, Александар Обреновиќ одржал говор во кој исткнал:

Јас сум глава на Домот Обреновиќ и јас имам право и должност да водам грижа за судбината и иднината на Династијата. Според тоа, меѓањето на мојот татко во мојата женидба е споредна работа и од мало значање. Главно е што мислам јас, а не мојот татко. Мојот татко не одговори на мојте желби и јас, како врховен командант, со право го разрешив од должноста командант на активната војска

Смрт

уреди
 
Гробот на кралот Милан

По ова недоразбирање, Милан за секогаш ја напутил Србија. Кратко време живеел во Карлсбад, потоа се префрлил во Темишвар, а на крајот завршил во Виена.

Во престолнината на Австроунгарија, Милан се разболел од воспаление на белите дробови. Лекарскиот конзлијум кој го прегледал, истакнал дека кралот Милан нема да преживее. Царот Франц Јосиф I, како знак на добри односи, на Милан му обезбедил една куќа и го испратил иунгарскиот гроф Ергениј Зичиј да ги помине последните моменти со него.

Милан имал често болки и во очај често барал револвер за да си ги скрати маките. Додека бил во агонија, му се доверил на Зичиј да не биде закопан во Србија. Често, додека имал болки, зборувал: Пријателе, зар не е страшно да умрам толку млад? Додека бил во бунило, честопати довикувал волци, а еднаш побарал да го однесат во театар за да гледа дело од Раковски. На 47 години од својот живот, Милан Обреновиќ умрел. Тој е закопан во Крушидол, покрај кнегињата Љубица.

Белешки

уреди
  1. Редоследот на кнезовите од династијата Обреновиќ се одредува според презимето, а не од името како во западните монархии. Според западната традиција името на Милан би требало да биде Милан II Обреновиќ, меѓуто според српската историографија тој се именува како Милан Обреновиќ IV, бидејќи бил четвртиот Обреновиќ кој владеел. Во 1882 година се прогласил за крал и го поменил името во Милан I Обреновиќ

Извори

уреди
  1. 1,0 1,1 Guy Gauthier, Les Aigles at les Lions, Histoire des monarchies balkaniques, Éditions France-Empire, 1996
  2. Раде Милошевић, „Тимочка буна“, Београд 1923.
  3. Историја на бугарската дипломатија..., 46
  4. 4,0 4,1 4,2 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Скопје, 2003
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Михајло Миноски, Македонија во билатералните и мултилатерланите договори на балканските држави 1861 - 1913, Скопје, 2000
  6. Слободан Јовановиќ, Српско-бугарската војна. Дискусијата во дипломатска историја, Белград 1901-та
  7. Гојко Павловиќ,Бугарија и Источна Румелија: нивните меѓународни, невладини и правна и политичка положба на 1876-1887 година,, Белград 1907.
  8. Владимир Ќоровиќ,Историја на српскиот народ, Белград 1997.
  9. Владан Ѓорѓевиќ,Историја на српско-бугарската војна во 1885 година, Белград 1908.
  10. Живојин Мишиќ,Моето лично спомени, Белград, 1985.
  11. Историја на Српско-бугарската војна - 1885 г., Софија, 1971
  12. Симеон Радев, Градба на модерна Бугарија, Софија 1990
  13. A.F. Golovin: Fürst Alexander I. von Bulgarien (1879-1886), Verlag C. Fromme, 1896, стр. 390.
  14. Hanswilhelm Haefs: Das goldene Reich der Pamir-bulgaren an Donau und Wardar, BoD – Books on Demand, 2009, стр. 20.
  15. Leo Trotzki: Die Balkankriege 1912-13, Mehring, 1996, стр. 536.
  16. Симеон Радев: Книга шеста. III. Примирието и мирът в Строителите на съвременна България. Том 1, Онлајн версија
  17. Съединението 1885 г., С., 1985, с. 43
  18. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт...
  19. С. К. Из владавинеОбреновића и Ивањдански атентат Осијек 1900,
  20. В. Ђорђевић, Крај једне династије I—III Београд 1905/06,
  21. С. Новаковић, Двадесет година уставне политике у Србији 1883—1903 Београд 1912.
  22. К. Јездић, Из успомена. Ивањдански атентат и Никола Пашић Београд 1926,
  23. В. Ђорђевић, Великошколска омладина у борби против личног режима краља Александра Историјски преглед 1957, 2,
  24. В. Винавер, Ивњдански терор и Црногорци, Историјски гласник 1958 1—2,
  25. Текст д-р Радована Самарџића, академика САНУ, унив. проф. Филозофског факултета у Београду у Енциклопедији Југославије ЈЛЗ Загреб 1988.

Литература

уреди
  • Слободан Јовановић, Влада Милана Обреновића, I-II, Београд, 1990.
  • Владимир Ћоровић, Историја Срба - том 3, Београд, 1995.
  • Димитрије Ђорђевић, Националне револуције балканских народа (1804-1914), Београд, 1995.

Надворешни врски

уреди