Заечар
Заечар (српски: Зајечар), e град во источниот дел на Србија. Според пописот од 2011 градот има 59,461 жител. Заечар има повеќе основни и средни училишта, а исто така тука е отворен и првиот приватен универзитет во Србија - Мегатренд. Градот Заечар е широко препознатлив по најстариот европски рок фестивал Заечарска гитаријада кој постои повеќе од 47 години.
Заечар Зајечар | ||
---|---|---|
Град | ||
![]() | ||
| ||
![]() Местоположбата на Заечар во Србија | ||
Координати: 43°55′N 22°18′E / 43.917° СГШ; 22.300° ИГДКоординати: 43°55′N 22°18′E / 43.917° СГШ; 22.300° ИГД | ||
Земја | ![]() | |
Округ | Заечарски | |
Населени места | 41 | |
Управа | ||
• Градоначалник | Велимир Огњановиќ | |
Површина | ||
• Општина | 1.069 км2 (413 ми2) | |
Население (2011) | ||
• Град | 43.860 | |
• Општина | 59.461 | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски број | 19000 | |
Повикувачки број | +381 19 | |
Таблици | ZA | |
Мреж. место | zajecar.info |
ГеографијаУреди
Градот се наоѓа во заечарксата котлина каде кај местото наречено Саставак, Црни Тимок и Бели Тимок се сливаат во реката Велики Тимок. Градот е изграден на раскрсницата на магистраните патишта:
ИсторијаУреди
Најстарите познати жители на овие краеви биле Трибалите, после нив на овие подрачја се споменуваат Мезите, во долината Тимок се спомнуваат уште и Тимахите, но за нив освен нивните имиња ништо не се знае. Населените Словени во овие краеви се нарекувале Тимочани. Заечар првпат се спомнува во 1466. година во турски тефтер поврзан со населението на видинскиот пашалук, а од XVI - XVIII век има малку податоци за населението. Името е најверојатно со турско потекло. Во близина на градот се наоѓаат остатоци од римската царска палата од IV век п.н.е., Felix Romuliana, која е призната како светско културно наследство под заштита на УНЕСКО.
РелигијаУреди
Заечар е седиште на Тимочката Епархија на Српска православна црква, која се простира на целокупната територија на Заечарскиот и Борскиот округ. Градот има соборен храм посветен на Раѓањето на Пресвета Богородица.
ГитаријадаУреди
Заечарска гитаријада е летен музички фестивал, ориентиран првенствено на рок музиката, која се одржува еднаш годишно. Програмата на фестивалот се состои од натпреварување на демо бендови и ревијални настапи на познати групи. Организаторите на Гитаријада тврдат дека, покрај тоа што фестивалот е најстар фестивал за рок-музика во Европа, таа е и најголем фестивал за млади бендови во Југоисточна Европа. Првото издание се одржало во 1966 година, а до сега настапиле многу бендови како Визија, Пу, Леб и Сол, Цилиндар, Зијан, Парни Ваљак, Забрањено пушење, Uriah Heep, Elemental и многу други.
ЗалетУреди
Залет е фестивал на современи уметности кој се одржува секоја година, почнувајќи од 2005. година. Залет настанал од потребата да се иницираат, организираат и одржуваат културни случувања. Освен манифестациите како концерти, изложби, поезија итн. акцентот е ставен на иновативните и прогресивни видови на уметнички изразувања како што се перформанс, стрип уметност, видео-арт, концептуална уметност итн.
ДемографијаУреди
Во Заечар живеат 32.337 полнолетни жители, а просечната старост на населението изнесува 40,2 години (39,3 кај машките и 41,1 кај жените). Во Заечар има 13.733 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 2,88. Најмногу живеат Срби, Роми, Македонци, Црногорци итн.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
- Службена страница на Заечар
- Градски портал на Заечар Архивирано на 21 јули 2019 г.