Нишава
Нишава е река која тече низ Бугарија и Србија и со должина од 218 км е најдолгата притока на Јужна Морава. Изворот на Нишава се наоѓа под врвот на древната Хема или денешната Стара Планина која се нарекува Ком. Овој врв се наоѓа непосредно над денешното бугарско село Гинци, па реката се нарекува и Гинска Река, сè додека тече низ територијата на Бугарија. Во делот на Годечка котлина, реката врти кон запад, и некаде кај граничниот премин Калотина, влегува во Србија. Речниот тек на Нишава ги поврзува градовите Димитровград, Пирот, Бела Паланка, Нишка Бања и Ниш за конечно 10 км западно од градот Ниш да се спои со Јужна Морава.
Нишава | |
---|---|
Хидроелектрана на реката Нишава | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Бугарија, Стара Планина |
Устие | |
• место | Јужна Морава, западно од Ниш, Србија |
Должина | 218 kм (715,000 ст) |
Големина на сливот | 3,950 km2 (1,530 ми) |
Проток | |
• просечен | 36 m3/s (1,300 cu ft/s) |
Особености на сливот | |
Потекло на името
уредиСе смета дека античкото име на Нишава било Navissus, па во историографијата може да се најде податок дека гградот Ниш го добил името по реката. Но научниците не се согласни за тоа дали името на реката доаѓа од келтскиот хидроним „Нова” или „Новие”, или пак името на реката е тракиско.[1]
Низ Бугарија
уредиНишава извира во Бугарија под врвот Ком на Стара Планина. Изворот е во близина на границата со Србија, и затоа текот на Нишава низ Бугарија изнесува само 67 км, без големи притоки.
Бидејќи минува низ селото Гинци, реката е позната и како Гинска Река. Тече кон југ, а потоа нагло врти кон запад низ Годечката Котлина, минува низ селото Разбоиште, а потоа формира клисура. Доаѓа до селото Калотина, кое е на граница меѓу Бугарија и Србија (Калотина-Градина), и продолжува западно низ Србија.
Низ Србија
уредиНиз Србија тече главно кон запад, и има должина од 151 км. Нишава минува низ градовите: Димитровград, Пирот, Бела Паланка, Нишка Бања и Ниш. Околу 10 км западно од Ниш (кај селото Трупале) се влева во Јужна Морава.