Латинско Царство

(Пренасочено од Латинското Царство)

Латинско Царство — името на Римската Империја, дадено од страна на современите историчари, односно периодот на Римската Империја во периодот од 1204 до 1261 година. Домородното римско население, оваа власт ја нарекувала Франкократија. Оваа власт била започнала да владее во време на Четвртата крстоносна војна. Франкократијата била основана од страна на крстоносците при заземањето на Константинопол во 1204 година. Уште на почетокот на Франкократијата, државата била разделена на множество кралства и грофовии. Но таа не ја опфаќала целата територија на Римската Империја пред 1204 година. Како домороден отпор на новата власт која водела потекло од Западна Европа, во Епир било создадено Епирско Деспотство, а во Мала Азија - Никејското и Трапезундското Царство.

Imperium Romaniae
Римско Царство
1204–1261
грб на Римската Империја за време на Франкократијата of Латинско Царство
грб на Римската Империја за време на Франкократијата
Латинското Царство и неговите соседи во 1204 г.
Латинското Царство и неговите соседи во 1204 г.
Главен градКонстантинопол
Говорени јазицилатински, старофранцуски
грчки
Вероисповед
римокатоличка
православна
Уредувањемонархија
Цар 
• 1204–1205
Балдуин I
• 1206–1216
Хенри Фландриски
• 1217–1219
Јоланда Фландриска (регент)
• 1219–1228
Роберт I
• 1228–1237
Јован Бриен (regent)
• 1237–1261
Болдвин II Цариградски
Историски периодразвиен среден век
• Основана
1204
• Престанала да постои
1261
Површина
1204350.000 km2 (140,000 sq mi)
Претходници
Наследници
Ангели
Палеолози

На 16 мај 1204 година за цар бил прогласен Балдуин IX Фландриски, еден од водачите на Четвртата крстоносна војна и кој на 16 мај 1204 година бил прогласен за нов римски цар под името Балдуин I. Во почетокот началото новата власт водела многу проширувачка политика, но по Битката кај Одрин, претрпела пораз од бугарскиот цар Калојан. Во текот на 1208 година била завладеана Тракија, но по мирен начин царот Јован Асен II одново си ја вратил. Во 1228 година царот Роберт Куртен започнал дипломатска игра. Тој предложил престолот на царот Јован Асен II.

Во 1261 година, Никејците го искористиле отсуствувањето на бродовите на Венеција и навлегуваат во Константинопол. По тој начин, дошол крајот на Франкократијата.

Цареви на Латинското Царство, 1204–1261

уреди