Бонифациј Монфератски

Бонифациј Монфератски (1150-1207 година), маркиз он Монферат (северна Италија), главен водач на четвртиот крстоносен поход, владетел на солунската држава (1204-1207 година).[1]

Бонифациј избран за водач на Четвртата крстоносна војна, Соасонс, 1201 година: историско сликарство од Анри Декаисне, рани 1840-ти, Салс де Кроасади, Версај.

По четвртиот крстоносен поход и по формирањето на Латинското Царство во Цариград, на територијата на Македонија создал крстоносна држава со центар во Солун. Неговата власт се протегала и на Тесалија, средна Грција и Пелопонез. Поради бугарската опасност од север, бил принуден да ги среди односите со Латинското Царство. На латинскиот император Хенрих I му положил вазална заклетва и му ја дал својата ќерка за жена. Бил убиен во септември 1207 година во заседата што му ја подготвиле Бугарите.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и д-р (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 85. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)