Севастократор (грчки: σεβαστοκράτωρ) била висока титула во Византија, која била воведена кон крајот на XI век и била наменета за блиските членови на царското семејство. Покрај Византија, била користена и во Бугарија и Србија. Жената на севастократорот се нарекувала севастократица.

Севастократорот Јован Оливер, фреска од Лесновскиот манастир