Коринтски Залив

Коринтски Залив (грчки: Κορινθιακός κόλπος) — длабок ракавец на Јонското Море кој го двои Пелопонез од запдниот дел на континентална Грција. На исток се граничи со Коринтската Провлака која ја сече Коринтскиот Канал, а на запад со Рионскиот Проток кој се проширува во пократкиот Патраски Залив (дел од Јонското Море) и чиј најтесен дел се преминува по мостот Рио-Андрио, отворен во 2004 г. Во управен поглед, заливот е опкружен со окрузите Етолија-Акарнанија и Фокида од север, Беотија од североисток, Атика од исток, Коринтија од југоисток и југ и Ахаја од југозапад. Во Коринтскиот Залив се одвиваат тектонски движења споредливи со оние во Исланд и Турција, и се шири по 10 мм годишно.

Коринтски Залив
Κορινθιακός κόλπος
Gulf of Corinth as seen from the mountains near upper Ziria.jpg
Поглед на Коринтскиот Залив од Зирија
Местоположба на Коринтскиот Залив
ПодрачјеАтика и Пелопонез
Координати38°12′N 22°30′E / 38.200° N; 22.500° E / 38.200; 22.500Координати: 38°12′N 22°30′E / 38.200° N; 22.500° E / 38.200; 22.500
Видзалив
Дел одЕгејско Море
Сливни земјиГрција

Во средновековна Европа, овој залив се нарекувал Лепантски Залив, што доаѓа од Лепанто — италијански облик на Навпакт.

Низ Коринтскиот Залив минуваат пловните патишта од стопанското пристаниште Пиреј (подалечно од конечните одредишта, но поголемо и подобро поврзано кон југ од Игуменица на северозапад) до западното Средоземје и понатаму. Тука минува и траект, кој ги поврзува Егио и Агиос Николаос со западниот дел на заливот.[1]

ГеологијаУреди

Заливот е создаден со проширувањето на тектонски расед поради западното движење на Анадолската Плоча, и се шири по 10 мм годишно.[2] Околните раседи знаат да предизвикаат земјотреси со јачина до 6,5 степени, иако ваквите се релативно ретки. На 15 јуни 1995 г. кај Егио се случил земјотрес со слична јачина. Голем дел од северната граница на заливот се одликува со благи косини (од 10 до 20 степени). Јужната е доста пострмна (од 30 до 40 степени).[3]

Заливот е долг 130 км, со ширина од 8,4 до 32 км. Најголемата длабочина изнесува 935 м.[4]

Населени местаУреди

 
Коринтскиот Залив на карта на Коринтската Провлака.

Ова се поважните населени места на брегот на Коринтскиот Залив. Дадени се по редослед од северозапад надесно и посред нивните окрузи:

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Greece's first electric ferry announced“. Plugboats. 19 December 2019.
  2. „Ambraseys, N.N. & Jackson, J.A. 1997. Seismicity and strain in the Gulf of Corinth (Greece) since 1694. Journal of earthquake engineering, 1, 433-474“. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. Frostick, L & Steel, Ronald. (2009). Tectonic Signatures in Sedimentary Basin Fills: An Overview. International Journal of Rock Mechanics and Mining Sciences & Geomechanics Abstracts. 31. 1-9.10.1002/9781444304053.ch1
  4. Thalassographica, Institute of Oceanographic and Fisheries Research, vol. 11-15, page 35, (1988)

Надворешни врскиУреди