Никифор Григора (околу 1295во Хераклеја Понтика — околу 1360во Константинопол, Византија) ― византиски историчар, дипломат и научник.[1]

Никифор Григора
Роден 1295 година
Хераклеја Понтиска
Починал 1360 година
Константинопол, Византија

Животопис уреди

Образованието го започнал во родната Хераклеја на Понт, а го завршил во Константинопол. Со своите реторички настапи и познавања од областа на астрономијата, ги придобил симпатиите на императорот Андроник II Палеолог. Се знаимавал со образовна, научна и дипломатска дејност. Имал широки познавања од сите тогаш познати науки. Неговиот богат научен опус опфаѓа дела од повеќе области: филозофија, астрономија, теологија, математика, музика и историја.[1]

Посебно значење има неговото капитално историографско дело Римска историја во 37 книги, во која е опфатен периодот од 1204 до 1359 година. Трудот претставува драгоцен извор за македонската историја во 13 век и во првата половина на 14 век. Во него се презентирани податоци за борбите водени помеѓу Епир и Никеја, помеѓу Византија, Србија и Бугарија за превласт во Македонија и за хегемонија на Балканот, како и податоци за почетоците на турското присуство на Балканот и во Македонија.[1]

Македонија и Македонците во делото на Никифор Григора уреди

Македонија и Македонците се споменати во повеќе наврати во делото на Никифор Григора.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 134. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)

Надворешни врски уреди