Саша Модоло

италијански велосипедист

Саша Модоло (италијански: Sacha Modolo; р. 19 јуни 1987) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[1]

Саша Модоло
Модоло на Три дена Де Пане 2015
Лични податоци
Цело имеСаша Модоло
Роден19 јуни 1987(1987-06-19)(37 г.)
Конељано,  Италија
Висина1,80 м
Маса67 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЕФ Едукејшн-ИзиПост
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Професионални клубови
2010–2013
2014–2017
2018-
Колнаго-ЦСФ Инокс
Лампре-Мерида
ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
2 поединечни етапи (2015)

Еднодневни трки и класици

Трка околу Хајнан (2015)

Еднодневни трки и класици

ГП Кантон Аргау (2017)
Последна промена
7 октомври 2018

Кариера

уреди

Колнаго-ЦСФ

уреди

Во пролетта 2010, стигнал до четвртото место на велосипедскиот монумент Милано-Санремо, забележувајќи го престижниот пласман.[2] По добрите резултати, блиски до победа во 2010, следеле победи во 2011, пред сè етапи на трки како што се Трката околу Данска, Трката околу езерото Кукунор, Сетимана Сиклистика Ломбарда и Џиро ди Паданија. Во 2012[3], бидејќи тој и неговите колеги се натпреварувале за место на Џиро д’Италија, Мадоло ја освоил шестата етапа на Трката околу Турција со спринт. Кога ја поминал линијата, го ставил неговиот палец во устата, посветувајќи ја победата на неговата бремена девојка.[4]

Во 2013, Модоло ја започнал годината со победа на втората етапа на Тур де Сан Луис, победувајќи го спринтерот Марк Кевендиш (Омега Парма-Квик Степ) во завршницата со блага нагорнина со неколку кривини. Модоло признал по етапата дека го проучувал пристигнувањето преку разговор со други возачи во текот на трката.[5]

Лампре-Мерида

уреди

Модоло го напуштил Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Лампре-Мерида за сезоната 2014.[6] Во 2015 година, Модоло го постигнал првиот успех на петтата етапа на Трката околу Турција, освојувајќи го спринтот.[7] Ги забележал првите две победи на некоја голема трка на Џиро д’Италија, освојувајќи ги тринаесеттата и седумнаесеттата етапа.[8] За неговата победа на етапата 13 изјавил дека била негова судбина да победи во Језоло бидејќи бил негов роден крај.[9]

ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак (2018-)

уреди

Во септември 2017 година било објавено дека Модоло ќе се приклучи на екипата ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак за сезоната 2018.[1]

Достигнувања

уреди
2006
1. Џиро дел Касентино
2010
4. Џиро дел Фриули
3. Етапа 7 Тирено-Адријатико
4. Милано-Санремо
3. Џиро дел Венето
2011
2. Ронд ван Дрент
2. Трка околу езерото Кукунор
1. Етапа 5
1. Етапа 1 Трка Бриксија
1. 2 етапи на Трка околу Данска
1. Копа Агостони
2012
1. Копа Берноки
Трка околу Австрија
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Етапа 6 Трка околу Турција
1. Етапа 2 Џиро ди Паданија
1.   Бодовен пласман Сиркут де ла Сарт
2013
1. Копа Берноки
1. Меморијал Марко Пантани
Трка околу езерото Киншај
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 8
1. Етапа 9
1. Етапа 11
1. Етапа 12
1. Етапа 2 Тур де Сан Луис
2. Класик РајдЛондон-Сари
2014
1. Трофео Палма
1. Трофео Сес Салинес
Три дена Де Пане
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3а
1. Етапа 7 Тур де Сан Луис
1. Етапа 1 Волта ао Алгарве
1. Етапа 5 Тур де Свис
1. Етапа 5 Трка околу Пекинг
4. Трофео Муро-Порт д’Алкудија
8. Милано-Санремо
2015
1. Етапа 5 Трка околу Турција
Џиро д’Италија
1. Етапа 13
1. Етапа 17
1.   Краен пласамн Трка околу Хајнан
1. Етапа 3
1. Етапа 4
6. Гран Пиемонт
9. Гран при де Фурмје
2016
Трка околу Турција
1. Етапа 4
1. Етапа 7
1. Етапа 2 Чешка велосипедска трка
4. Бриселски велосипедски класик
2017
1. ГП Кантон Аргау
Трка околу Хрватска
1. Етапа 1
1. Етапа 6
1. Етапа 2 Трка околу Полска
6. Трка околу Фландрија
10. Гент-Вевелгем
2018
1. Етапа 3 Вуелта а Андалусија
7. Јуроајс Класик

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
  Џиро СО СО 138 125  — 126 84 СО 88
  Тур  —  —  —  — СО  —  —
  Вуелта 131

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. Отиди кај: 1,0 1,1 „Modolo signs two-year deal with EF Education First-Drapac“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 29 септември 2017. Посетено на 2 јануари 2018.
  2. Freire gives Oscar-winning performance in Milan - San Remo, cyclingnews.com, 20 март 2010.
  3. „Колнаго-ЦСФ Инокс“. UCI Continental Circuits. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 13 јануари 2012.
  4. http://www.cyclingnews.com/races/presidential-cycling-tour-of-turkey-2012/stage-6/results
  5. „Modolo wins dash to Terraza del Portezuelo in Tour de San Luis“. CyclingNews. Future Publishing Limited. 22 јануари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-01-25. Посетено на 23 јануари 2013.
  6. „Модоло му се приклучи на Тим Лампре-Мерида“. Лампре-Мерида. CGS Cycling Team AG. 16 август 2013. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 17 август 2013.
  7. „Трка околу Турција: Модоло спринташе за победа на етапата 5“. Cyclingnews.com. Future plc]]. 30 април 2015. Посетено на 30 април 2015.
  8. Ричард Виндзор (27 мај 2015). „Саша Модоло спринташе за втора етапна победа на Џиро д'Италија 2015“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 28 мај 2015.
  9. Садб О’Ши (23 мај 2015). „Џиро д'Италија: Била моја судбина да победам во Језоло, вели Модоло“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 28 мај 2015.

Надворешни врски

уреди