Дирк Новицки
Дирк Вернер Новицки (роден на 19 јуни 1978 во Вирцбург) — поранешен германски кошаркар. Кариерата ја започнал играјќи во локалниот кошаркарски клуб ДЈК Вирцбург, а потоа бил избран како 9-ти пик на НБА драфтот 1998 од страна на Милвоки Бакс и веднаш бил разменет во Далас Маверикс, каде тој ја поминал целата 21-годишна НБА кариера.[1]
|
Новицки е единствениот играч кој играл 21 година за една НБА франшиза. Тој бил учесник на Ол-стар натпреварите 14 пати и 12 пати бил избран во Ол-НБА тим. Тој е првиот Европеец кој ја има освоено МВП наградата за најкорисен играч во сезоната 2006-2007. Негов најголем дострел со тимот на Далас Маверикс се случил во сезоната 2010-2011, кога ја освоил шампионската титула победувајќи го Мајами Хит во НБА финалето 2011 со 4-2 во серијата. Новицки исто така бил прогласен за најкорисен играч на финалето.
Забележителни успеси има постигнато и со репрезентацијата на Германија. На Светското првенство 2002, Германија го освоила бронзениот медал, а Новицки бил прогласен за МВП на турнирот. Три години подоцна, на Европското првенство 2005 Новицки со Германија стигнал до финалето во кое биле поразени од Грција.
Титули и награди
уредиНБА
уреди- НБА првенство (1) : 2010-2011 со Далас Маверикс
- МВП на сезоната (1) : 2006-2007
- МВП на НБА финалето (1) : 2011
- Ол НБА тим : 12
- Прв тим (4) : 2005, 2006, 2007, 2009
- Втор тим (5) : 2002, 2003, 2008, 2010, 2011
- Трет тим (3) : 2001, 2004, 2012
- Учества на НБА Ол-стар натпреварот : 14
- 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2014, 2015, 2019
Репрезентација
уреди- Светско првенство:
- Бронзен медал: 2002
- Европско првенство:
- Сребрен медал: 2005
Останато
уреди- МВП на Светско првенство (1) : 2002
- МВП на Европското првенство (1) : 2005
- ФИБА Европски играч на годината (2) : 2005, 2011
- Мистер Европа (1) : 2005
Наводи
уреди- ↑ Дирк Новицки – Биографија, nba.com, проверено на 6 јануари 2008