Салман Ружди
Салман Ружди (кашмирски: अहमद सलमान रुशदी или احمد سلمان رشدی) — писател и есеист. Познат е по своите прозни дела, во кои со помош на сопсвенитот наративен стил ги спојува фантазијата и митологијата со реалниот свет, и му дава нови димензии на магискиот реализам.
ЖивотУреди
Салман Ружди е роден во Бомбај, Индија, во 1947 година, во муслиманско семејство од средната класа. Неговиот татко се здобил со образование во Англија, а и самиот Ружди таму го завршил своето образование. Во 1964 година, неговото семејство се преселило во Пакистан во текот на муслиманскиот егзодус за време на војната меѓу Индија и Пакистан. По дипломирањето во 1968 година, Ружди работел во телевизијата во Пакистан, а потоа се занимавал и со глума и со рекламирање.
Во 2004 година, Ружди се оженил по четврти пат, овојпат со познатата индиска глумица и манекенка Падма Лакшми.
ТворештвоУреди
Својот писателски поход го започнува со романот „Гримус“ во 1975 година, кој претставува своевидна научно-фантастична приказна. Насловот на романот претставува анаграм од зборот симурт, што означува премудра птица од предисламската персиска митологија. Овој роман во најголем број на случаи поминал незабележан кај читателската публика и критика, иако во него се содржат голем број на одлики од подоцнежната Руждиева проза. Сепак, неговиот следен роман, „Децата на полноќта“ (1981), го промовирал како голем писател, а критиката ја смета за неговото најдобро дело. За неа, подоцна ја добил Букеровата награда. Поради успехот на оваа книга, Ружди бил приморан да ја напушти Индија поради заканите, а тие настани му донесле голем публицитет и солидна продажба на книгите. Во такви услови, тој го напишал романот „Срам“ (1983), во кој со помош на историјата на едно семејство, дава слика за Пакистан. За овој роман, Ружди ја добил француската награда за најдобар странски писател.
Најголемата популарност ја стекнал со контроверзниот роман „Сатански стихови“ од 1988 година. По издавањето, книгата ја забраниле поголем број на земји, меѓу кои Индија, Пакистан, Саудиска Арабија, Египет, Сомалија и други. На 14 јануари 1989 година, книгата била церемонијално запалена во Брадфорд, Англија. На 12 февруари истата година, за време на еден протест во Исламабад, загинале петмина протестанти од полициски оган, а овие настани придонесле на 14 февруари Салман Ружди да биде осуден на смрт од иранскиот духовен водач, Хомеини. По две недели, Хомеини објавил и награда во износ од три милиони долари за оној кој ќе му го одземе животот на Ружди. По ова, Ружди го продолжил животот со голема заштита финансирана од Велика Британија.
ЗанимливостиУреди
Ружди се појавува накратко во два филма. Првиот е филмот Другарите на Петар (1992) во кој само се појавува како ја потпишува својата контроверзна книга Сатански стихови. Вториот е Дневникот на Бриџит Џонс во кој им дава насоки на Хју Грант и Рене Зелвегер.
Надворешни врскиУреди
„Салман Ружди“ на Ризницата ? |
- Салман Ружди: Замислени татковини - текст (македонски)
- Официјална страница (англиски)