Физиологија
Физиологијата (од грчки: fizis-природа) — биолошка наука која ги изучува животните манифестации на материјата. Таа ги изучува физичките и хемиските фактори кои се вклучени и се одговорни за потеклото, развојот и одржувањето на животот. За да се проучат одредени физиолошки процеси во организмот, треба добро да се познаваат и некои други биолошки науки (цитологија, хистологија, биохемија), како и други природни науки (физика, хемија, физичка хемија). Физиологијата е експериментална наука, бидејќи само на тој начин можат да се изучуваат животните процеси.
Поделба на физиологијата
уредиФизиологијата се дели според различни критериуми: