Жан Пјер Друкер

луксембуршки велосипедист

Жан Пјер „Жемпи“ Друкер (француски: Jean-Pierre "Jempy" Drucker; р. 3 септември 1986) — луксембуршки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[1]

Жан Пјер Друкер
Друкер на Трката околу Келн 2016
Лични податоци
Цело имеЖан Пјер Друкер
ПрекарЖемпи
Роден3 септември 1986 (1986-09-03) (33 г.)
Сандвајлер,  Луксембург
Висина1,82 м
Маса75 кг
Податоци за клубот
Мом. клубБора-Хансгрое
ДисциплинаДрумски и велокрос велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за класици
Професионални клубови
2004–2008
2009–2010
2011–2014
2015-2018
2019-
Фидеа
Континентал Тим Диферданж
Верандас Вилемс-Аксент
БМЦ Рејсинг Тим
Бора-Хансгрое
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2016)

Еднодневни трки и класици

MaillotLuxemburgo.PNG Национален хронометарски првак (2017)
Класик Лондон-Сари (2015)
Последна промена
6 март 2019

КариераУреди

Фидеа (2004–2008)Уреди

Друкер потпишал со екипата Фидеа во 2004 година, која била специјализиран за велокрос на 18 години. Возел со екипата пет сезони, освојувајќи две национални првенства. Бил избран да го претставува Луксембург на Светското друмско првенство во 2008 година, но не успеал да заврши.

Тим Диферданж (2009–2010)Уреди

За сезоната 2009, Друкер се приклучил на Континентал Тим Диферданж. Неговиот успех во велокрос продолжил, освојувајќи уште две национални титули. Друкер учествувал на Светското друмско првенство по вторпат во 2009 година, но повторно не завршил. Го освоил прологот на Флеш ди Сид во 2010 година. Друкер, исто така, завршил втор на ГП Стад Зотегем.

Ванти-Груп Гобер (2011–2014)Уреди

Откако поминал две сезони со Континентал Тим Диферданж, Друкер се приклучил на Верандас Вилемс-Аксент, белгиска екипа. Поминал четири сезони со нив, но без победи, но завршил втор во генералниот пласман на Трката околу Луксембург.

БМЦ Рејсинг Тим (2015–2018)Уреди

Во август 2014 година, Друкер потпишал договор со БМЦ Рејсинг Тим.[2] Додека возел за екипата, го освоил класикот РајдЛондон-Сари, еднодневна трка во Велика Британија. Подоцна, истата година, бил избран да настапи на Вуелта а Еспања.[3] Друкер завршил на 118. место. Успехот на Друкер продолжил со екипата и следната година, кога го освоил прологот на Трката околу Луксембург и 16. етапа на Вуелта а Еспања.

Во мај 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018.[4]

ДостигнувањаУреди

2008
3. Национално друмско првенство под 23 години
2009
5. ГП Стад Зотегем
9. Меморијал Арно Валард
10. Краен пласман Флеш ди Суд
10. Минстерланд Џиро
2010
1. Пролог (ITT) Флеш ди Сид
2. ГП Стад Зотегем
4. Ронде ван Миден-Недерланд
5. Национале Слујтингспрејс
7. Меморијал Арно Валард
7. Ронде ван Норд-Холанд
2011
6. ГП Стад Зотегем
2012
2. ГП Стад Зотегем
3. Шал Селс-Мерксем
6. Париз-Брисел
7. Омлоп ван хет Хутланд
9. Гран при Пино Черами
10. Гран при Крикелјон
2013
3. Национално друмско првенство
3. Гран при д’Изберг
5. Краен пласман Тур де л’Еурометропол
5. Ронде ван Зеланд
6. Краен пласман Тур де Валони
7. Омлоп ван хет Хутланд
2014
2. Краен пласман Трка околу Луксембург
4. Дварс дор Вландерен
5. Класик Арнхем-Венендал
5. Минстерланд Џиро
5. Париз-Бурж
6. Омлоп Хет Ниувсблад
6. ГП Џеф Шеренс
6. Париз-Тур
8. Гран при д’Изберг
9. Нокере Курсе
10. Бинше-Шиме-Бинше
2015
1. Класик Лондон-Сари
2. Национално хронометарско првенство
5. ГП Импанис-Ван Петегем
6. Курне-Брисел-Курне
7. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
10. Класик Хандзаме
2016
1. Етапа 16 Вуелта а Еспања
1. Пролог Трка околу Луксембург
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
9. Е3 Харелбеке
10. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
10. Париз-Тур
2017
1.   Национално хронометарско првенство
1. Етапа 1 Трка околу Луксембург
1. Етапа 4 Тур де Валони
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
2. ГП Импанис-Ван Петегем
2. Гран при Пино Черами
3. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
4. Краен пласман Трка Дубаи
4. Трка околу Франкфурт
5. Тур де л’Еурометропол
6. Класик Лондон-Сари
10. Париз-Тур
2018
2. Тур де л’Еурометропол
5. Гран при Пино Черами
6. Курне-Брисел-Курне
6. Бинше-Шиме-Бинше
7. Класик Лондон-Сари
8. Краен пласман Трка Дубаи
2019
6. Омлоп Хет Ниусблад

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2015 2016 2017 2018
  Џиро 118
  Тур
  Вуелта 118 142

— = не учествувал; СО = се откажал

НаводиУреди

  1. "With Christoph Pfingsten, BORA – hansgrohe completes its roster for 2019". Бора-Хансгрое. Denk Pro Cycling GmbH & Co. KG. 12 октомври 2018. Посетено на 2 јануари 2019.
  2. "Jempy Drucker signs for BMC". cyclingnews.com. 7 август 2014. Посетено на 27 ноември 2014.
  3. "Вуелта а Еспања 2015". Cycling Fever. Посетено на 21 август 2015.
  4. "2018: 101st Giro d'Italia: Start List". ProCyclingStats. Посетено на 3 мај 2018.

Надворешни врскиУреди