Мадс Педерсен (велосипедист)

дански велосипедист

Мадс Педерсен (дански: Mads Pedersen; р. 18 декември 1995) — дански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лидл-Трек.[1]

Мадс Педерсен
Педерсен во 2017 година
Лични податоци
Цело имеМадс Педерсен
Роден18 декември 1995(1995-12-18)(28 г.)
 Данска
Висина1,79 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЛидл-Трек
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици
Професионални клубови
2014–2015
2016
2017-
Култ Енерџи-Витал Вотер
Стелтинг Сервис Груп
Трек-Сегафредо
Значајни победи
Етапни трки
Трка околу Данска (2017)

Еднодневни трки и класици

Светски друмски првак (2019)
Национален друмски првак (2017)
Тур де л’Еурометропол (2018)
Последна промена
16 август 2020

Во септември 2019 година го освоил Светското друмско првенство во Јоркшир, Англија, и станал прв дански возач кој го освоил првенството во друмска категорија.

Кариера

уреди
 
Педерсен на Џиро д’Италија 2017.

Во 2013 година, Педерсен ја освоил трката Париз-Рубе за јуниори и го освоил сребрениот медал на Светското јуниорско друмско првенство. Педерсен ја освоил Гент-Вевелгем под 23 години, Трката околу Норвешка под 23 години и етапа на Тур де л’Авенир пред да стане професионалец.[2]

Трек-Сегафредо (2017-денес)

уреди

Во август 2016 година, Трек-Сегафредо објавиле дека потпишале со Педерсен до 2018 година.[3]

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[4] Исто така, станал национален првак на Данска и ја освоил трката Тур ди Поату Шарант откако го освоил хронометарот.[2] Во септември 2017 година, Педерсен ја освоил Трката околу Данска.[5]

Во април 2018 година завршил на второто место на Трката околу Фландрија откако го следел бегството.[6] Педерсен нападнал пред Копенберг на само 50 километри до целта и му се приклучил Дилан ван Барле (Тим Скај) и Себастијан Лангевелд (ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак). Крајниот победник Ники Терпстра (Квик-Степ Флорс) го достигнал и го поминал Педерсен на последното качување на Ауде Кваремонт и ја освоил трката, но Педерсен успеал да се одржи пред светскиот првак Петер Саган (Бора-Хансгрое) и да биде на подиумот како најмлад возач во последните 40 години.

На 29 септември 2019 година, Педерсен го освоил Светското друмско првенство во врнежливи услови во Јоркшир, Англија.[7] Тој бил прв дански возач кој го освоил првенството во друмска категорија.[8]

Достигнувања

уреди
2012
1.   Краен пласман Трка околу Истра
1. Етапа 3
1.   Краен пласман Трофео Карлсберг
1. Етапа 3а (ITT)
1.   Краен пласман Синт-Мартинуспрејс Контих
1.   Бодовен пласман
1.   Пласман за млад возач
1. Пролог
1. Етапа 4
2013
1. Париз-Рубе за јуниори
1.   Краен пласман Мировна трка за јуниори
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2a (ITT)
1. Етапа 4
1.   Краен пласман Трофео Карлсберг
1. Етапа 3a (ITT)
1. Етапа 3b
1. Етапа 4
1. Етапа 4 Синт-Мартинуспрејс Контих
1. Аубел-Тимистер-Ла Глајзе
1.   Планински пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 4 Гран при Рибиланд
1. Етапа 4 Џиро дела Луниџана
2.   Светско друмско јуниорско првенство
2014
1. Ешборн-Франкфурт под 23 години
3. Национално хронометарско првенство под 23 години
2015
1. Етапа 2 Тур де л’Авенир
2. Краен пласман ЗЛМ Ромпот Тур
1. Етапа 2 (TTT)
1. Етапа 3
6. Краен пласман Четири дена Динкерк
6. Ла Кот Пикард
8. Краен пласман Трка на Фјордовите
9. Трка околу Фландрија за младинци
2016
Трка околу Норвешка
1.   Планински пласмна
1. Етапа 3
1. Фиен Рунт
1. Катекурс
7. Трофеј Пореч
8. Краен пласман Три дена Де Пане
2017
1.   Национално друмско првенство
1.   Краен пласман Трка околу Данска
1.   Бодовен пласман
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 3
1.   Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 4 (ITT)
2018
1. Тур де л’Еурометропол
1. Трка Фјен
1. Етапа 2 Хералд Сан Тур
1. Етапа 4 (ITT) Трка околу Данска
2. Трка околу Фландрија
5. Дварс дор Вландерен
7. ГП Хорсенс
2019
1.   Светско друмско првенство
1. Гран При д’Изберг
2020
1. Етапа 2 Трка околу Полска
7. Трка Торкеј

Наводи

уреди
  1. „Trek-Segafredo announce complete 2020 men's roster“. Cyclingnews.com. Future plc. 9 November 2019. Посетено на 3 January 2020.
  2. 2,0 2,1 „Pedersen comes of age at the Tour of Flanders“. Cyclingnews.com. Посетено на 30 April 2018.
  3. „Trek-Segafredo confirm signing of Мадс Педерсен“. cyclingnews.com. 8 август 2016. Посетено на 8 август 2016.
  4. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.
  5. „Post Danmark Rundt - Tour of Denmark 2017: Stage 5 Results“. Cyclingnews.com. Посетено на 30 April 2018.
  6. „Dutchman Niki Terpstra claims Tour of Flanders win“. BBC Sport. Посетено на 1 April 2018.
  7. „Road World Championship: Denmark's Mads Pedersen claims shock elite men's road race title“. BBC Sport. Посетено на 29 September 2019.
  8. MacLeary, John (29 September 2019). „Mads Pedersen clinches Denmark's first men's world championship road race title under horrid Yorkshire skies“. The Telegraph.

Надворешни врски

уреди