Словенија

(Пренасочено од Republika Slovenija)

Словенија (словенечки: Slovenija), официјално: Република Словенија (Republika Slovenija) — планинска земја која се наоѓа под Алпите. Тоа е држава во Средна Европа, која се граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североиисток и Австрија на север.

Република Словенија
Republika Slovenija  (словенечки)
Знаме Грб
ХимнаZdravljica 
Здравица

Местоположбата на  Словенија  (темнозелена) – на Европскиот континент  (зелена и темносива) – во Европската Унија  (зелена)
Местоположбата на  Словенија  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (зелена и темносива)
– во Европската Унија  (зелена)

Местоположбата на  Словенија  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (зелена и темносива)
– во Европската Унија  (зелена)

Главен град
(и најголем)
Љубљана
46°03′N 14°30′E / 46.050° СГШ; 14.500° ИГД / 46.050; 14.500
Службен јазик словенечки1
Народности (2002)
Демоним Словенци

(Словенец/Словенка)

Уредување парламентарна република
 •  Претседател Наташа Пирц Мусар
 •  Премиер Роберт Голоб
Независност од Југославија 
 •  Прогласена 25 јуни 1991 
 •  Призната 1992 
пристапила во ЕУ 1 мај 2004
Површина
 •  Вкупна 20,273 км2 (153та)
 •  Вода (%) 0.6
Население
 •  проценка за 2009 г. 2,053,355 (142ра)
 •  Попис 2002 1,964,036 
 •  Густина 99.6 жит/км2 (106та)
БДП (ПКМ) проценка за 2017 г.
 •  Вкупен $69.358 милијарди[1] (97th)
 •  По жител $33,579[1] (38th)
БДП (номинален) проценка за 2017 г.
 •  Вкупно $43.503 милијарди[1] 
 •  По жител $21,061[1] 
Џиниев коеф. (2020)positive decrease 23.5[2]
низок
ИЧР (2021) 0.918[3]
многу висок · 23та
Валута евро (€)3 (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .si4
Повик. бр. 386
1 Италијнскиот и унгарскиот се официјални во општините со италијанско и унгарско малцинство.
2 Извор: Statistical Office of the Republic of Slovenia: Population, Slovenia, 30 јуни 2008
3 Пред 2007: Словенечки толар
4 Исто така .eu, заедно со другите членки на ЕУ.

Словенија беше дел од поранешна Југославија од 1945. до 1991. кога се избори за независност. Стана членка на Европската Унија на 1 мај 2004. Таа е исто така член на Советот на Европа, НАТО и има набљудувачки статус во франкофонските држави.

Главен град: Љубљана. Број на жители: 2. 053 488 (2009.). Површина: 20 273 км2

На Словенија припаѓа и многу мал дел од јадранското крајбрежје во должина од 47 км. Од приморските градови најпознати се Порторож, Пиран, Изола и други кои секоја година привлекуваат голем број на туристи од западноевропските земји.

Словенија е земја која обилува со голем број на природни убавини кои придонесуваат за развој на туризмот во оваа земја. Позната е по многубројните скијачки терени. Едни од најпознатите се наоѓаат на Мариборското Похорје, каде секоја година се одржува традицинонално Златна Лисица или Голден Фокс. Познати се доста и словенските бањи (топлице) кои се уредени со многубројни базени со ладна и топла вода и се привлечни не само за медицински цели, туку и за рекреативни, особено помеѓу младите. Една од најубавите природни богатства на Словенија се езерата Блед и Бохињ. Тука се наоѓа и малиот остров со црква на него, кој е еден од заштитните знаци на оваа земја.

Словенците се нација кои важат за работливи луѓе. Тие се горди на својата работа и производите кои произлегуваат како производ од истата. Посебно се горди на своите вина, во Марибор се наоѓа најстарата винова лоза во Словенија која претставува вистинска туристичка атракција. Доста се познати и крањските колбаси, прекумурската гибаница и традиционалнито словенечко јадење од кисела зелка, грав и свинско месо.

Потекло на поимот

уреди

Името Словенија има значење „земја на Словените“ на словенечки и на другите јужнословенски јазици. Етимологијата на зборот Словен останува непотполно разјаснета.

Реконструираниот аутоним *Slověninъ е изведен од зборот слово („збор“), првично означувајќи „луѓе кои зборуваат (ист јазик),“ т.е. луѓе кои можат да се разберат меѓусебно. Ова е спротивно на словенскиот збор со кој се означуваат германските народи, *němьcь, со значење „тивки, неми луѓе“.

Историја

уреди

Населување на Словените

уреди

Словенските предци на денешните Словенци се населиле на територијата на Словенија во VI век. Словенското кнежевство Карантанија било формирано во VI век. Во 745 година Карантанија била приклучена кон Франкската Империја и Карантанците го прифатиле христијанството. Карантанија ја задржала својата независност до 828 година. Со бунтовите на месното население и со помош на Баварија, Карантанија имала своја потполна независност, но била сосема уништена од Унгарците во IX век.

Среден век

уреди

Карантанија била повторно основана во 976 година но подоцна Ото I ја поделил Карантанија и ја создал Корушка, шестото војводство на Папската Држава.

 
Карта на Обединета Словенија.

За време на XIV век, повеќето од територијата на Словенија била под раководство на Хабсбуршката монархија и во XV век целата територија на Словенија била под раководство на соседната Монархија.

Во XVI век во Словенија зела замав протестантската реформација. За време на тој период биле публикувани првите книги на словенечки јазик и тоа од Примож Трубар и неговите следбеници. Иако сите следбеници на револуцијата биле протерани од словенечките земји, сепак тие оставиле силни впечатоци на месното население и ја составиле основата на словенечкиот литературен јазик.

XVIII-XX век

уреди

Во периодот 1805 и 1813 година Словенија потпаднала под раководство на Австриската Империја. Во овој период се развил словенечкиот национализам и се создала идејата за Обединета Словенија.

XX век

уреди

Подоцна Словенија била дел на Кралството СХС и СФРЈ и на 25 јуни 1991 година Словенија станала независна држава.

Географија и клима

уреди
 
Триглав, највисокиот врв во Словенија.

Во Словенија се присутни четири географски региони на Европа: Алпите, Динаридите, Панонската Низина и Средоземјето. Највисок врв во Словенија е Триглав со 2 864 метри и просечната надморска височина е 557 метри. Иако е во близина на Средоземното Море, реките на Словенија се од црноморското сливно подрачје. Брегот на Словенија изнесува околу 47 километри.

Половина од територијата на Словенија е покриена со шуми, третата држава во Европа по шумска површина. Климата на Словенија е средоземна во крајбрежниот регион, алпска клима во планините и континентална во остатокот на земјата.

Политички систем

уреди

На чело на Словенија е претседателот кој е избран од мнозинство гласови на секои пет години. Извршната власт е во рацете на премиерот на Словенија и во Советот на министри или наречен кабинет. Министрите ги избира националното собрание на Словенија.

Двојниот парламент на Словенија е карактеристичен по тоа што нема еднаква поделба на власта, бидејќи словенечкиот устав не посочува и не ја поделува власта подеднакво на двата дома. Парламентот се состои од национално собрание и национален совет. Националното собрание на Словенија има 90 членови, од кои 88 се избрани од сите граѓани на избори, додека два се избрани од унгарското и италијанското малцинство. Во Словенија има избори на секои пет години. Националниот совет на Словенија има 40 членови кои се назначени за социјални, економски, професионални и локални групи.

Административна поделба

уреди
 
Карта на Словенија.
 
Регионите во Словенија

Традиционалните осум региони на кои е поделена Словенија се истите региони на кои била поделена државата за време на Хабсбуршката монархија и други историски држави. Регионите се:

Македонски Словенечки
Горењска Gorenjska
Штаерска Štajerska
Прекмурје Prekmurje
Приморска Primorska
Корушка Koroška
Нотрањска Notranjska
Долењска Dolenjska

Регионите Горишка и Словенечка Истра се познати и по заедничкото име приморски регион.

Статистички региони

уреди
 
Островот Блед

Статистичките региони на Словенија служат за административни работи. Словенија е поделена на 12 статистички региони и тие се:

Источна Словенија—SI01
Статистички регион код
Мурски статистички регион SI011
Дравски статистички регион SI012
Корушки статистички регион SI013
Савињски статистички регион SI014
Засавски статистички регион SI015
Долносавски статистички регион SI016
Југоисточна Словенија SI017
Приморско-нотрањски статистички регион SI018
Западна Словенија—SI02
Статистички регион код
Среднословенечки статистички регион SI021
Горењски статистички регион SI022
Горички статистички регион SI023
Крајбрежно-крашки статистички регион SI024

Стопанство

уреди
 
Економскиот центар- Љубљана.

Словенија има високо развиена економија со втор највисок БНП по глава на жител од новите 15 земји членки на ЕУ со 29 472 долари. Економскиот развој на Словенија се забрзал во последните неколку години кога во 2004 е забележан раст од 4,3% и во 2006 од 5,9%.

Покрај високиот развој на економијата, сепак таа се соочува со некои помали проблеми. Голем дел од словенечката економија е во рацете на државата и Словенија има најмали странски инвестиции во ЕУ по глава на жител. Даноците се големи и производството се преселува во други држави.

Туризам

уреди
 
Постојнска Јама

Словенија им нуди на туристите голем број на природни и културни знаменитости. Развиени се различни видови на туризам. Формите на туризмот се големи, додека пазарот е мал. Туризмот не е од голем обем и не постои акутен притисок врз животната средина;[4] во 2017, магазинот National Geographic Traveller ја прогласил Словенија за земја со најодржлив туризам.[5]

 
Стариот град Пиран на словенечкото приморје

Во главниот град, Љубљана, се наоѓаат голем број на барокни градби и градби на виенската сецесија, при што некои се дело на познатиот словенечки архитект Јоже Плечник[6] и неговиот ученик, Едо Равникар.

Во северозападниот дел на земјата се наоѓаат Јулиските Алпи со Бледското Езеро и долината на реката Соча, како и највисокиот врв, Триглав. Други планински масиви се Камничко-савињските Алпи, Караванки, и Похорје, кои се популарни за скијање и планинарење.[7]

Во регионот Крас на словенечкото приморје кој го добил своето име од карстот, се формирал пејзаж со голем број на пештери како резултат на растворањето на карбонатните карпи. Најпознати се Постојнска Јама и Шкоцјански Јами кои се наоѓаат на листата на светско наследство на УНЕСКО. Регионот на Словенска Истра излегува на Јадранско Море, каде најзначајна знаменитост е градот Пиран додека градот Порторож привлекува голем број на посетители преку лето.[8]

 
Бледско Езеро

Ридовите околу вториот по големина град во Словенија, Марибор, се познати по производството на вино. Североисточниот дел на земјата е богат со бањи,[9] како Рогашка Слатина, Раденци, Чатеж на Сава, Добрна, и Моравске Топлице кои добиваат важност во последниве две децении.[10]

Други популарни туристички дестинации се историските градови Птуј и Шкофја Лока, и некои замоци, како што е Предјамскиот замок.[11][12]

Важни делови од туризмот во Словенија се конгресниот и коцкарскиот туризам. Словенија има највисок процент на казина на 1,000 жители во Европската Унија.[13] Перла во Нова Горица е најголемо казино во регионот.[14]

Најголемиот дел од странските туристи во Словенија доаѓаат од: Италија, Австрија, Германија, Хрватска, Бенелукс, Србија, Русија и Украина, а потоа следуваат Обединетото Кралство и Ирска.[15] Европските туристи создаваат повеќе од 90% од туристичкиот приход на Словенија. Во 2016 Словенија била прогласена за првата зелена земја во светот од страна на организацијата Green Destinations со седиште во Холандија.[16]

Население, јазик и религија

уреди
 
Словенечка женска носија.

Најголема етничка група во Словенија се Словенците со 83%. Покрај Словенците во Словенија живеат и народи од поранешната заедница СФРЈ (Македонци, Срби, Хрвати, Боњаци и Црногорци) кои сочинуваат околу 5,3%, потоа Албанци, Роми, Италијанци, Унгарци кои сочинуваат околу 2,8%. Во 2003 година просечниот животen век во Словенија изнесувал 72,2 години и е рангирана на 4 место според бројот на самоубиства во однос на населението.

Со 99 жители на километар квадратен Словенија важи за земја со мала густина на население. Најслабо населен регион во Словенија е нотрањско-крашкиот статистички регион, додека најнаселен е централниот дел. Околу 51% од населението живее во урбаните центри, остатокот во руралните.

Јазици

уреди

Службен јазик на Словенија е словенечкиот јазик. Во регионите каде живее унгарско и италијанско население, унгарскиот и италијанскиот јазик се службени јазици покрај словенечкиот.

Религија

уреди
Верници во Словенија
Католици
  
57 %
Православни
  
18 %
Протестанти
  
1 %
Муслимани
  
2,4 %
Други
  
10 %
Нерегиозани и Атеисти
  
25 %

Според пописот во 2002 година, поголем дел од Словенците се католици, околу 57,8%. Според анкетата од 1992 година, само 20% од возрасните Словенци веруваат во "личен Бог" (уште 39% рекле дека веруваат во Бог како "етеричeн дух) ". Во 1997 година: 24% од словенската популација се изјасниле дека веруваат во постоењето на Бог, без какви какви било сомневања; 29% од возрасните граѓани веруваат во Христовото Воскресение, 37,5% од Словенците веруваат во Рајот и 24% во пеколот.

Денеска, најголема религија во Слоивенија е Римокатоличката. Околу 57% според податоци од 2002 година се приврзаници на оваа религија. Помали верски организации се православието, протестантството, исламот итн.

Култура во Словенија

уреди

Танц

уреди

Балет

уреди

Балетската уметност во Словенија, главно се реализира во рамките на работата на институцијата Љубљансакта опера и балет [17] Словенечкиот балет се движи во две основни насоки: традиционален, класичен балет и модерен со повеќе правци и влијанија[18]. Поистакнати балетски уметници од областа на класичниот балет се Пино Млакар и Пија Млакар.

Модерни танци

уреди

Зародишот на модерната танцувачка уметност во Словенија започнува со формирањето на училиштето за танцување Мари Вигман.

Филм

уреди

Филмски глумци

уреди

Почетоците на филмската уметност во Словенија датираат некаде од пред Втората светска војна.Поистакнат глумец од овој период била Ида Кравања [19] По Втората светска војна се истакнуваат глумците: Полде Бибич, Стане Север, Елвира Краљ, Шпела Розин, Милена Зупанчич, Радко Полич, Берд Сотлар.

Филмски режисери

уреди

Поголем број по воени филмски режисери во Словенија, со својата работа и креативност ја создаваат таканаречената - ренесанса на словенечкиот филм, која што се истакнува со естетски, уметнички и сценаристички стандарди преку кои, словенечкиот филм го израмнуваат со европските уметнички филмски остварувања. Поистакнати режисери од овој „бран“ биле: Карол Гросман, Франтишек Чап, Франце Штиглиц, Јоже Погачник, Матјаж Клопчич, Боштјан Хладник, Карпо Година, Дамјан Козеле.[20].

Книжевност

уреди
 
Франце Прешерн, најпознатиот словенечки поет

Почетокот на словенечката книжевност потекнува од средниот век и била остварена преку делата на Примож Трубар. За време на барокот, најистакнат автор бил Јанез Вајкард Валвазор. Една од најзначајните творечки и литературни проблесоци во словенечката книжевност е реализирана во времето на романтизмот со поезијата на Франце Прешерн (1800 - 1849). Како и со творештвото на Јернеј Копитар, Матија Чоп, Станко Враз. Од почетокот на дваесеттиот век, словенечката книжевност минува низ неколку стилски и естетски периоди коишто своја аналогија и паралелизам имаат во современта европска книжевност. Словенечки модернизам, бил реализиран со најпознатиот и највлијателниот словенечки писател Иван Цанкар. Експресионизам бил изразен преку творештвото на - [[Сречко Косовел, авангардизмот - Антон Подбевшек, Фердо Делак, социјалниот реализам - Цирил Космач, Прежихов Воренц, Франце Бевк, Тоне Селишкар, поезијата на отпорот и револуцијата -Карел Дестовник Кајух, Матеј Бор, егзистенцијализмот -Матеј Бор. По Втората светска војна, се јавуваат низа литературни автори, кои ќе ја издигнат словенечката литература во корелација со светското Книжевно творештво: Цирил Злобец, Вено Тауфер, Нико Графенауер, Томаж Шаламун, Иво Светина, Витомил Зупан, Андреј Хинг, Руди Шелиго, Драго Јанчар[21].

Музика

уреди

Во текот на историјата на совенечката музика, забележани се бројни автори кој ќе бидат присутни речиси низ сите стилски епохи на европската музичка литература како на пример Јанебус Галус (1550-1591), кој во голема мера влијаеше врз средноевропската класична музика. Барокниот композитор Јанез Крстник Долар (околу 1620-1673). Во 1701 година Јохан Бертолд фон Хофер (1667-1718), благородник и аматерски композитор од Љубљана, ја основал Словенечката филхармонија, една од најстарите вакви институции во Европа. Поистакнати композитори до почетокот на дваесеттиот век: Емил Адамич (1877-1936), Фран Гербич (1840-1917), Алојз Гержинич (1915- 2008), Бенјамин Ипавец (1829-1908), Даворин Јенко (1835-1914), Антон Лајовиќ (1878-1960), Камило Машек (1831-1859), Јосип Павчич (1870-1949), Зорко Преловец (1887-1939) и Лучијан Марија Шкерјанц (1900-1973). Во почетокот на 20 век, најистакнат музички правец бил импресионизмот, а најистакнати претставници биле композиторите Марија Когој и Славко Остерц. Авангардата особено е потенцирана кон шеесеттите години на 20 век со творештвото на: Урош Крек, Дане Шкерл, Примож Рамов и Иво Петриќ. Покрај Словенечката филхармонија, музичкиот живот во Словенија се одвивал и се одвива во Словенечката опера и балет во Љубљана, во која одреден период, директор и диригент ќе биде еден од најголемите композитори во дваесеттиот век - Густав Малер[22].

Театар

уреди
 
Народен театар во Љубљана

Театарската уметност во Словенија има богата традиција. Покрај институционалната присутност, која е втемелена во XIX век особено преку Словенечкиот народен театар, словенечкиот театар има бројни театарски творци: глумци, режисери, костимографи, сценографи. Ком крајот на дваесеттиот век, словенечкиот театар се стекнал со светска слава, особено со претставите кои ги работеле режисерите Томаж Пандур и Драган Живадинов. Исто така, свој придонес во развојот на словенечкиот театар има и Душан Јовановиќ, режисер и сценарист, неговата претстава и текст „Ослободувањето на Скопје“, долго време била култна претстава во Југославија. Поистакнати глумци: Милена Зупанчич, Аленка Випотник, Тања Рибич, Мира Сардач, Ратко Полич, Борис Каваца, Бојан Ступица, Берт Сотлар и други[23].

Сликарство

уреди
 
Рихард Јакопич - Зима
 
Ивана Кобилца Лето, 1889

Словенечкото сликарство, ги следело скоро сите поважни естетски и идејни правци во развојот на европската уметност. Од крајот на XIX век и почетокот на дваесеттиот век, особено преку опусот на Матеж Лангус, којшто работел во доменот на неокласицизам па прекубидермаер со авторите - Џузепе Томинз до романтизмот - со сликрот Михаел Строј. Во најголема мера, словенечките уметници биле образувани на академиите во Виена и Минхен, одкаде, директно ги пренесувале најновите ликовни движења во европската уметност.

Првата ликовна изложба во Словенија беше организирана кон крајот на 19 век од страна на Ивана Кобилца, сликарка која била зачетник на словенечкиот импресионизам. Едно од најзначајните ликовни движења во историјата на словенечката уметност бил словенечкиот импресионизам. Најголем дел од словенечките импресионистички автори биле образовани во Минхен кај сликарот Антон Ажбе. Со своете ликовни остварувања, словенечките импресионисти создале дела кои се блиски по уметничките и естетски вредности до импресионистичките творби на најистакнатите импресионисти, особено на оние кои работеле во Париз и Франција. Најистакнати словенечки импресионисти биле: Матија Јама, Рикард Јакопич, Иван Грохар, Матеј Стерн. По Втората светска војна, словенечката ликовна уметност се развила во сите сегменти, истакнувајќи автори и дела кои биле меѓу првите модерни дела во Југославија, дела кои уште од почетокот, го напуштиле социјалистичкиот релизам. Особено, значајна афирмација на меѓународен план доживеало словенечкото графичко твотештво и словенечките графички автори. Меѓу поистакнатите словенечки автори со меѓународно реноме биле : Божидар Јакац, Јоже Циуха, Андреј Јемец, Борис Јесих, Чртомир Фрелих, Зоран Мушиќ, Јоже Тисникар, Богдан Борчич... Своја творечка кариера со меѓународни признанија забележале и македонските автори кои работат или работеле во Словенија: Димче Николов, Родољуб Анастасов, Тодорче Атанасов, Боге Димовски, Димитар Малиданов и други. Значајна улога во афирмирањето на југословенската и словенечката уметност играло и игра и Меѓународното графичко биенале во Љубљана. Додека институциите: Народна галерија Љубљана, Галерија на современата ликовна уметност од Љубљана и Меѓународниот графички ликовен центар исто така од Љубљана се главните столбови околу кои се случува богатиот ликовен живот во Словенија[24],[25].

Архитектура

уреди

Модерната архитектура во Словенија започнала со творештвото на архитектот Макс Фабијани, а со делата на Јоже Плечник таа доживува актуелно место во светската архитектура особено со неговите дела и урбанистичко преуредување во Љубљана. По истакнати архитекти биле и Иван Вурник, Едвард Равникар и Марко Мушиќ кој бил автор на Цанкаревиот дом во Љубљана и меѓу другото Домот на културата во Битола [26].

Список на поистакнати словенечки творци

уреди

Словенечки архитекти

уреди

Писатели

уреди

Сликари

уреди

Композитори

уреди

Словенија како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Made in Slovenia“ - книга на словенечкиот писател Алеш Чар.[27]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „World Economic Outlook Database, April 2017 – Slovenia“. International Monetary Fund. Посетено на 3 October 2016.
  2. „Gini coefficient of equivalised disposable income – EU-SILC survey“. ec.europa.eu. Eurostat. Посетено на 9 August 2021.
  3. „Human Development Report 2021/2022“ (PDF) (англиски). United Nations Development Programme. 8 September 2022. Посетено на 8 September 2022.
  4. Horvat, Uroš (2004). „Tourism in Slovenia“ (PDF). Во Orožen Adamič, Milan (уред.). Slovenia: A Geographical Overview. Association of the Geographical Societies of Slovenia. стр. 146. ISBN 961-6500-49-X.
  5. „This Is the World's Most Sustainable Country“. National Geographic Society. 27 June 2018. Посетено на 23 August 2018.
  6. Podoba Plečnikove Ljubljane Архивирано на 3 септември 2011 г.
  7. „Active holidays – Slovenia – Official Travel Guide“. Slovenia.info. Архивирано од изворникот на 26 May 2012. Посетено на 2 June 2012.
  8. „Občina Piran-O občini“. Piran.si. Архивирано од изворникот на 13 May 2012. Посетено на 2 June 2012.
  9. Katz, Liane (23 June 2006). „Detox, retox in Slovenia“. The Guardian. London.
  10. „15 Spas in Slovenia, Official Travel Guide“. Slovenia.info. Посетено на 7 August 2012.
  11. „Architectural Heritage – Slovenia – Official Travel Guide“. Slovenia.info. Архивирано од изворникот на 4 April 2012. Посетено на 2 June 2012.
  12. „Castles – Slovenia – Official Travel Guide“. Slovenia.info. Посетено на 2 June 2012.
  13. „Slovenia photo gallery – pictures, facts and information on Slovenia“. Earthinpictures.com. Архивирано од изворникот на 22 June 2012. Посетено на 2 June 2012.
  14. „East Europe Casinos and Gambling“. Worldcasinodirectory.com. Архивирано од изворникот на 22 September 2012. Посетено на 8 September 2012.
  15. „I Feel Slovenia: 2010“ (PDF). Slovenia.info. Архивирано од изворникот (PDF) на 10 May 2012. Посетено на 25 November 2012.
  16. „Slovenia declared world's first green country“. Sloveniatimes.com. Архивирано од изворникот на 3 August 2017. Посетено на 3 August 2017.
  17. Slovensko narodno gledališče Opera in balet Ljubljana
  18. SLOVENSKI BALET BO PRAZNOVAL 100 LET[мртва врска]
  19. „zbirka slovenski film“. Архивирано од изворникот на 2019-06-27. Посетено на 2019-07-06.
  20. Slovenski filmski režiserji
  21. „SLOVENSKI PESNIKI IN PISATELJI“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2020-10-22. Посетено на 2019-07-06.
  22. Kratka zagodovina slovenske glasbe
  23. Slovenski režiseri
  24. Viktor Steska: Slovenska umetnost; I. del
  25. Slovenska umetnost in njen evropski kontekst
  26. 20. STOLETJA NA SLOVENSKEM[мртва врска]
  27. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 12.

Надворешни врски

уреди
Влада
Општи информации
Патување
Вести
Друго
Одредници од Словенија
  Австрија   Австрија
 
  Унгарија
  Италија
  С  
З   И
  Ј  
  Хрватска
Јадранско Море   Хрватска
 
  Хрватска