Географија на Словенија

Ова е објавената верзија, проверена на 4 февруари 2025. Има 1 промена во исчекување на проверка.

Словенија е држава која се наоѓа во јужниот дел од Средна Европа.[1][2]

Географски координати :

Граници

уреди

Вкупната површина на земјата изнесува 20.273², и според тоа се наоѓа на 153 место по големина во светот. Земјата граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североиисток и Австрија на север.

Главниот град Љубљана е најголемиот во државата со околу 537,893[3] жители.

Население

уреди

Според пописот, вкупното население во Словенија е околу 2,124,709[4] жители. Густината на населеноста е 99.6/km2 жители на квадратен километар.

Клима

уреди

Во Словенија се присутни четири географски региони на Европа: Алпите, Динаридите, Панонската Низина и Средоземјето. Највисок врв во Словенија е Триглав со 2.864 метри и просечната надморска височина е 557 метри. Иако е во близина на Средоземното Море, реките на Словенија се од црноморското сливно подрачје. Брегот на Словенија изнесува околу 47 километри.

Половина од територијата на Словенија е покриена со шуми, третата држава во Европа по шумска површина. Климата на Словенија е средоземна во крајбрежниот регион, алпска клима во планините и континентална во остатокот на земјата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Directorate for European Affairs“. GOV.SI (англиски). Government of the Republic of Slovenia. Посетено на 2024-10-28.
  2. „Slovenia“. Encyclopaedia Britannica (англиски). Encyclopaedia Britannica, Inc. Посетено на 2024-10-28.
  3. „Osebna izkaznica – RRA LUR“. rralur.si. Архивирано од изворникот 27 March 2019. Посетено на 14 October 2016.
  4. „Population, 1 October 2022“. Statistical Office of Slovenia. Архивирано од изворникот на 30 January 2024. Посетено на 17 March 2023.