Рај
Рај — верски поим кој означува место на коешто одат душите на луѓето по нивната смрт.
Христијанското толкување на рајот
уредиВо средновековната теолошка мисла постоеле две сфаќања за рајот - рајот на земјата и рајот на небото. Во однос на толкувањето на земниот рај, свети Августин истакнал три гледишта: прво, дека земниот рај е буквална стварност; второ, дека треба да се сфати буквално и фигуративно; и трето, дека повремено треба да се прифати како физичка стварност, а повремено да се толкува спиритуално. Притоа, тој бил приврзаник на второто толкување, а неговото мислење го делеле и други теолози.[1]
Во делото „Црковна историја на Англите“ на Беда Венерабилис се среќава следниов опис на рајот, претставен преку визијата на некој Дриктхелм кој видел бескрајно долг и неизмерно висок ѕид на кој немало ни прозорец, ни врата, ни скали. На врвот од ѕидот, тој видел убаво, широко поле, исполнето со миризливи цвеќиња, а светлината која владеела таму била посилна од сончевата светлина. Во полето шетале многу луѓе со безгранична радост и облечени во бела облека. Дриктхелм помислил дека тоа е рајот, но неговиот водич го разубедил и му покажал други места во кои светлината била уште посилна, мирисите биле уште попријатни, а насекаде се слушало слатко пеење. Подоцна, водичот му објаснил дека во тоа место се наоѓаат душите на оние луѓе кои правеле добри дела, но не оствариле толкаво ниво на совршенство за веднаш да го заслужат царството небесно; сепак, на судниот ден, тие ќе бидат примени во рајот; од друга страна, оние кои биле совршени во сите свои зборови, мисли и дела веднаш по смртта стапувале во рајот.[2] Григориј Турски раскажува дека св. Салвиј се разболел и ја испуштил душата. Тогаш, неговата ќелија почнала силно да се тресе и се исполнила со силна светлина. Калуѓерите мислеле дека умрел и го подготвувале неговото тело за закопот, но утредента тој воскреснал и им ја раскажал следнава случка: По смртта, ангелите го кренале на небото и низ една светла врата влегле во огромна сала чиј под бил сјаен како злато и сребро и која била осветлена со неверојатна светлост; ангелите го однеле до местото на кое висел облак кој светел посилно од светлината и од облакот се слушнал силен глас сличен на шумот на многу води; него го поздравиле мажи во свештеничка и световна облека, а тоа биле светците и мачениците; тогаш, на него се спуштил толку пријатен мирис, што тој не сакал повеќе ниту да јаде ниту да пие; најпосле, св. Силвиј слушнал глас, иако не се гледал оној кој зборувал, а тој бил Бог.[3] Во познатото дело „Видение Павлово“, за кое се претпоставува дека претставува превод на грчки текст од III век, се опишани рајските убавини при што се нагласува изобилството, претставено со реките полни со млеко, мед, вино и масло.[4] Во своето дело „Светило“, Хонориј Августодунски пишува дека телата на жителите на рајот се проѕирни како најсјајно стакло, а нивната голотија е прекриена со бои чија убавина ја надминува онаа на цвеќето.[5]
Интересно, во средновековните описи на рајот се споменува дека во него тече вообичаеното време, наместо очекуваната вечност. Така, во повеќето дела од средновековната визонерска книжевност се вели дека во рајот птиците со своето пеење го означуваат канонското време при што, кога ќе дојде времето за литургија, свеќите се палат сами од себе. Притоа, во рајот се чествуваат недела и другите празници. Во „Адамноновата визија“ се споменува дека за да премине од долното на некое од повисоките неба во рајот, душата мора да чека од 12 до 16 години. Во „Баронтовата визија“, пак, се споменува дека во рајот постои црква во која свештениците служат миса. Во една ирска легенда за патувањето на Тејг на другиот свет се опишува дека нему и на неговите сопатници им изгледало дека го прошетале рајто за еден ден, но жителите на рајот им објасниле дека поминала цела година, без притоа гостите ниту еднаш да почувствуваат глад и жед. Св. Баринт наведува дека при неговата посета на „ветената земја на светците“, божјиот пратеник му објаснил дека на островот поминал цела година без да почувствува глад и жед и потреба од сон. И Бран, синот на Фебал, кога стигнал во земскиот рај („Земјата на жените“), мислел дека таму поминал една година, а всушност поминало подолго време, т.е. една година во „Земјата на жените“ означувала неколку векови во Ирска. Во делото „Пантеон“ на Готфрид од Витерб се споменува дека еден ден во Земскиот рај е еднаков на еден век на Земјата. Некои калуѓери кои добиле дозвола да престојуваат во рајот 15 дена, дознале дека поминале седум века. Кога прашале како е тоа можно, им било одговорено дека плодовите на Дрвото на животот и водата од Изворот на младоста делумно им дале вечен живот. Исто така, им било кажано дека нивните имиња се запишани во книгата за опелата така што кога ќе се вратат на земјата, нивните тела ќе се претворат во прав.[6]
Рајот како тема во уметноста и во популарната култура
уредиРајот како тема во книжевноста
уреди- „Пред портите на рајот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[7]
- „Рајот не е наполно загубен“ - краток расказ на Андре Бретон.[8]
- „Вратата на рајот“ - песна на рускиот поет Николај Гумиљов.[9]
- „Трчајќи во рајот“ (англиски: Running to Paradise) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[10]
- „Во однос на блискоста едни до други на рајот, земјата и чистилиштето“ - кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс од 1902 година.[11]
- „Чекори во рајот“ - книга на бразилскиот писател Жозуе Монтело од 1965 година.[12]
- „Источно од рајот“ (англиски: East of Eden) — роман на американскиот писател Џон Стајнбек од 1952 година.[13]
- „Рајот на земјата“ - роман на руско-турската писателка Јана Темиз.[14]
- „Рајското момче“ - песна на полскиот поет Јежи Харасимович.[15]
- „Рајот на теолозите“ - песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.[16]
- „Писмо до родителите“ — расказ на македонскиот писател Исток Улчар.[17]
Рајот како тема во музиката
уреди- „Сношти минав крај рајската градина“ — македонска народна песна.[18]
- „Задната врата на рајот“ (англиски: The Back Door to Heaven) - песна на британската рок-група Aztec Camera од 1984 година.[19]
- „Рај“ (англиски: Paradise) - песна на британската панк група Buzzcocks од 1979 година.[20]
- „Враќање во рајот“ (англиски: Return To Heaven) — песна на американската рок-група Bad Brains од 1986 година.[21]
- „Рајот опаѓа“ (англиски: Heaven Is Falling) — песна на американската панк-рок група Bad Religion од 1992 година[22]
- „Задната врата на рајот“ (англиски: The Back Door to Heaven) - песна на американската група Бон Џови (Bon Jovi).[23]
- „Несреќа во рајот“ (англиски: Accident In Paradise) - албум на шведскиот техно-музичар Свен Вет (Sven Väth).[24]
- „Како што рајот е широк“ (англиски: As Heaven Is Wide) - песна на американскaта рок група Гарбиџ (Garbage) од 1995 година.[25]
- „Источно од рајот“ (англиски: East Of Eden) - песна на британската група Dead Can Dance од 1984 година.[26]
- „Обидувајќи се да стигнам во рајот“ (англиски: Tryin' To Get To Heaven) - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1997 година.[27]
- „Чукајќи на портите на рајот“ (англиски: Knockin On Heaven's Door) - песна на Боб Дилан.[28]
- „Рајската порта“ (англиски: Gates of Eden) - песна на Боб Дилан од 1965 година.[29]
- „Рајот овде горе“ (англиски: Heaven Up Here) — песна од истоимениот музички албум на британската рок-група Echo And The Bunnymen од 1981 година.[30]
- „Неволја во рајот“ (англиски: Trouble in Paradise) - албум на групата Епикс (Epyx).[31]
- „Пред рајската порта“ (англиски: At the Gates of Paradise) - албум на американскиот џез-музичар Џон Зорн (John Zorn).[32]
- „Последниот воз за рајот“ (англиски: Last train to heaven) - песна на австралискиот рок-музичар Пол Кели од 1986 година.[33]
- „Горе во рајот (не само овде)“ (англиски: Up In Heaven (Not Only Here)) - песна на англиската рок-група Клеш (The Clash) од 1980 година.[34]
- „Скали до небото“ (англиски: Stairway To Heaven) - песна на британската рок-група Лед цепелин (Led Zeppelin) од 1971 година.[35]
- „Крајот на рајот“ (англиски: Heaven's End) - албум на британската рок-група Луп (Loop).[36]
- „Чекајќи го рајот“ - песна на македонската рок-група Mooger Fooger.[37]
- „Одам право во рајот“ (англиски: I'm Going Straight To Heaven) — песна на американските хип-хоп музичари MC 900 Ft и DJ Zero) од 1989 година.[38]
- „Неволја во рајот“ (англиски: Trouble in Paradise) - албум на американскиот музичар Ренди Њумен (Randy Neman) од 1983 година.
- „Рајски раце“ (англиски: Heavenly Arms) - песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1982 година.[39]
- „Рај“ (англиски: Heaven) - песна на британската рок-група The Psychedelic Furs од 1984 година.[40]
- „Рај“ (англиски: Heaven) - песна на британската рок-група Сквиз (Squeeze) од 1981 година.[41]
- „Јужно од рајот“ (англиски: South Of Heaven) — песна на американската хеви-метал група Слеер (Slayer).[42]
- „Овде во рајот“ (англиски: Here In Heaven) — песна на американската рок-група Спаркс (Sparks) од 1974 година.[43]
- „Некаде како рајот“ (англиски: Anywhere Like Heaven) — песна на американскиот рок-музичар Џејмс Тејлор (James Taylor) од 1970 година.[44]
- „Духот на Едемската градина“ (англиски: Spirit of Eden) - албум на британската група Ток Ток (Talk Talk) од 1988 година.[45]
- „Рај“ (англиски: Heaven) - песна на американската рок-група Токинг хедс (Talking Heads) од 1979 година.[46]
- „Работничката класа оди во рајот“ (хрватски: Radnička klasa odlazi u raj) - песна на хрватската група Хаустор.[47]
- „Другата страна на рајот“ (англиски: The Other Side Of Paradise) - песна на австралиската рок-група Худу Гурус (Hoodoo Gurus) од 1985 година.[48]
- „Неволја во рајот“ (англиски: Trouble in Paradise) - албум на групата Чајлд абјус (Child Abuse) од 2014 година.[49]
Рајот како тема во филмот
уреди- „Источно од рајот“ (East of Eden) - американски филм од 1955 година, во режија на Елија Казан.[50]
- „Почудно од рајот“ (Stranger Than Paradise) - американски филм од 1984 година, во режија на Џим Џармуш.[51]
- „Чукајќи на портите на рајот“ (Knockin On Heaven's Door) - американски филм од 1997 година.[52]
- „Рај“ - руско-германски филм од 2016 година, во режија на Андреј Кончаловски.[53]
Наводи
уреди- ↑ Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 378.
- ↑ Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 194-195.
- ↑ Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 191-192.
- ↑ Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 213.
- ↑ Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 261.
- ↑ Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 220-221.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 42-43.
- ↑ Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 34.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 24-25.
- ↑ Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 87-88.
- ↑ Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 114-115.
- ↑ Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 278-279.
- ↑ Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 9.
- ↑ Клеопатра - балет на Василиј Медведев (Русија) - светска премиера. Скопје: Македонска опера и балет, 2016, стр. 22.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 229-230.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 19.
- ↑ Очудувања #1 #2 (кратки раскази). Скопје: Бегемот, 2018, стр. 38-43.
- ↑ Macedonian Folklore Classics, Anka Gieva. Macedonian Radio and Television, MP 41048.
- ↑ YouTube, Aztec Camera - The Back Door To Heaven (пристапено на 22.12.2016)
- ↑ YouTube, Buzzcocks - Paradise (пристапено на 9.2.2017)
- ↑ Discogs, Bad Brains – I Against I (пристапено на 10.11.2019)
- ↑ Discogs, Bad Religion – Generator (пристапено на 12.12.2021)
- ↑ YouTube, Bon Jovi - Backdoor to heaven (demo new jersey) (пристапено на 22.12.2016)
- ↑ YouTube, Sven Väth - Accident In Paradise (Full Album) (пристапено на 8.10.2017)
- ↑ Discogs, Garbage – Garbage (пристапено на 24.11.2020)
- ↑ Discogs, Dead Can Dance – Dead Can Dance (пристапено на 3.6.2020)
- ↑ DISCOGS, Bob Dylan – Time Out Of Mind (пристапено на 25.3.2018)
- ↑ Bob Dylan - Knockin On Heavens Door - YouTube (пристапено на 28.4.2016)
- ↑ YouTube, Gates of Eden - Bob Dylan - (5/7/65) Bootleg (пристапено на 25.12.2017)
- ↑ Discogs, Echo And The Bunnymen* – Heaven Up Here (пристапено на 26.3.2021)
- ↑ YouTube, Epyx - Trouble In Paradise (Full Album) (пристапено на 8.10.2017)
- ↑ YouTube, John Zorn - At the Gates of Paradise (Full Album) (пристапено на 8.10.2017)
- ↑ YouTube, Paul Kelly and The Coloured Girls - Last Train to Heaven (пристапено на 12.10.2017)
- ↑ DISCOGS, The Clash – Sandinista! (пристапено на 10.6.2020)
- ↑ DISCOGS, Led Zeppelin – Untitled (пристапено на 31.12.2020)
- ↑ YouTube, Heaven's End (Full Album) - Loop (пристапено на 5.2.2017)
- ↑ Mooger Fooger, 4th of July, Corpus Delicti Records, CD 001.
- ↑ MC 900 Ft Jesus With DJ Zero – Hell With The Lid Off (пристапено на 3.3.2023)
- ↑ YouTube, Lou Reed ~ Heavenly Arms (пристапено на 2.10.2017)
- ↑ Discogs, The Psychedelic Furs – All Of This And Nothing (пристапено на 9.8.2019)
- ↑ YouTube, Squeeze - East Side Story (1981) | FULL ALBUM (пристапено на 31.10.2017)
- ↑ Discogs, Slayer – Decade Of Aggression Live (пристапено на 6.10.2019)
- ↑ Sparks – Kimono My House (пристапено на 11.5.2024)
- ↑ DISCOGS, James Taylor (2) – Sweet Baby James (пристапено на 24.12.2017)
- ↑ YouTube, Talk Talk - Spirit of Eden (1988) FULL ALBUM (посетено на 24.12.2016)
- ↑ YouTube, Talking Heads - Fear of Music (пристапено на 6.3.2018)
- ↑ [Haustor 1981. 1984. 1985. 1988. City Records, 2006.
- ↑ YouTube, Hoodoo Gurus - Mars Needs Guitars! (1985 full album) (пристапено на 15.12.2017)
- ↑ YouTube, Child Abuse - Trouble In Paradise (full album) (пристапено на 8.10.2017)
- ↑ IMBd, East of Eden (1955) (пристапено на 3.1.2018)
- ↑ IMBd, Stranger Than Paradise (1984) (пристапено на 3.1.2018)
- ↑ IMBd, Knockin' on Heaven's Door (1997) (пристапено на 28.4.2016)
- ↑ Paradise (2016) (пристапено на 3.1.2018)