Корушка
Корушка (германски: Kärnten; словенечки: Koroška) — една од деветте сојузни покраини во Република Австрија, која се наоѓа во нејзиниот јужен дел. Зафаќа површина од 9.535 квадратни километри и тука живеат околу 560.000 жители. Главен град е Клагенфурт.
Корушка Kärnten (германски) Koroška (словенечки) | |||
---|---|---|---|
Покраина | |||
Химна: Kärntner Heimatlied | |||
Држава | Австрија | ||
Седиште | Клагенфурт | ||
Управа | |||
• Управник | Петар Кајзер (SPÖ) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 9,535,97 км2 (3,68.186 ми2) | ||
Население (1 јануари 2022) | |||
• Вкупно | 564.513 | ||
• Густина | 59,000/км2 (150,000/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
ISO 3166 | AT-2 | ||
ИЧР (2019) | 0.906[1] многу висок | ||
Мреж. место | www.ktn.gv.at |
Местоположба
уредиКорушка го зазема јужниот дел на Австрија. Се граничи со:
Географија
уредиСо површина од 9.535 квадратни километри, Корушка е петта по големина покраина во Австрија. Според релјефот, покраината се наоѓа на планинскиот венец на Алпите, па така овде се наоѓа и највисокиот врв во државата, Гросглокнер, висок 3.798 метри. Климата е претежно континентална, само во повисоките делови е планинска. Водите ги застапуваат многу реки и леднички езера, меѓу кои најпозната е реката Драва, која течи во средишниот дел на покраината.
Население
уредиСо над 560.000 жители и густина на населеност од 60 жители/км2 Корушка е шеста по бројност покраина во Австрија. Најголемиот дел од населението го сочинуваат Австријци, но има и значителен број на Словенци. Во последните години има и многу доселеници од другите поранешни југословенски републики и од Турција.
Наводи
уреди- ↑ „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 2018-09-13.