Соча
Соча (словенечки: Soča, италијански: Isonzo, фурлански: Lusinç) — река во западна Словенија и североисточна Италија со должина од 138 км, од кои 96 км се на словенечка, а 43 км на италијанска територија.[2] Има алпски карактер и извира од долината Трента и Јулиските Алпи во северозападна Словенија, на надморска височина од 876 м.[2] Тече низ Бовец, Кобарид, Толмин, Канал, Нова Горица, Горица, влевајќи се во Јадранското Море кај италијанскиот град Монфалконе (Тржич).
Соча | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Јадранско Море, кај Монфалконе |
Должина | 138 км |
Особености на сливот |
Забележителности
уредиРеката има карактеристична смарагдна боја и претставува една од ретките во светот што ја задржува таквата боја по целото течение.[3] Оваа особина е опишана во поемата „Реки“ на истакнатиот италијански поет Џузепе Унгарети. Соча претставува и инспирација за поемата „На Соча“ (Soči) на Симон Грегорчич,.[4] која се смета за ремек-дело на словенечка поезија.
Соча е позната по автохтоната пастрмка главатица која живее во горното течение на реката. Денес, таа важи за загрозена поради воведувањето на други видови во меѓувоениот период.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Drainage Basin of the Mediterranean Sea“. Second Assessment of Transboundary Rivers, Lakes and Groundwaters (PDF). UNECE. 2011. стр. 159. ISBN 978-92-1-117052-8.
- ↑ 2,0 2,1 „Reke, dolge nad 25 км, in njihova padavinska območja“. Статистичка служба на Република Словенија. 2002. Архивирано од изворникот на 2007-10-20. Посетено на 2013-09-19.
- ↑ „Soca River Whitewater Rafting“. Архивирано од изворникот на 2013-09-11. Посетено на 2013-09-19.
- ↑ Симон Грегорчич, „Сочи“, во: Родољубиве песме. Београд: Просвета (без дата), стр. 50-52.
- ↑ „Главатица (Salmo marmoratus)“. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2009-05-29. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Соча на Ризницата ?
- Хидрографски податоци за реката Соча кај Лог Чезсошки Архивирано на 3 март 2016 г. и Солкан Архивирано на 4 март 2016 г. — ARSO (словенечки)