Караванки (словенечки: Karavanke, германски: Karawanken) — планински венец во состав на Јужните Варовнички Алпи, на границата меѓу Словенија и Австрија. Со вкупна должина од 120 км во правец исто-запад, ова е еден од најдолгите венци во Европа.[1] Низ него минуваат стопански важни патишта и има големо значење за туризмот. Географски и геолошки, планините се поделени на повисоките Западни и пониските Источни Караванки. Низ нив минува Околујадранскиот Расед, кој ги двои Јадранската и Евроазиската Плоча.

Караванки
Karavanke / Karawanken
Поглед на Источните Караванки од Стол
Највисока точка
ВрвВелики Стол (Хохштул)
Надм. височина2.236 м
Величина
Должина120 км
Географија
Караванки is located in Slovenia
Караванки
Местоположба на Караванките
ЗемјиСловенија и Австрија
Координати46°25′N 14°25′E / 46.42° СГШ; 14.42° ИГД / 46.42; 14.42
Матичен венецЈужни Варовнички Алпи
Корушко-Словенски Алпи
Поглед на Велики Стол од Засип

Географија

уреди

Венецот Караванки е продолжеток на Карнските Алпи источно од потокот Зиљица (Злица) близу тромеѓата на Австрија, Словенија и Италија кај Подклоштер (Арнолдштајн). Ограничен е со долината на Драва на север (наречена Рож или Розентал) и Сава на југ, одделувајќи го од соседните Јулиските Алпи. На исток се граничи со Камничко–Савињските Алпи и венецот Похорје.

Низ планините минуваат неколку планински превои и важни трговски патишта. Такви се Коренското Седло (Вурцен), Љубељ (Лојбл) и Езерскиот Врв (Зеберг), кои се во употреба уште од праисторијата. Денес австрискиот автопат „Караванкен“ (A11) се протега од Филах (Белјак) до автопатниот тунел, кој ги сече Западните Караванки, поврзувајќи ги со словенечкиот автопат A2 кај Јесенице. Венецот го сече и напоредна железничка линија преку тунел.

Краванките се популарни кај планинарите и на нив има поголем број планинарски домови. Многу врвови нудат добар поглед кон котлината на Клагенфурт (Целовец) на австриска страна и Љубљана на словенечка. Северната (австриска) страна е карпеста и стрмна, додека пак словенечката е поблага и прекриена со смрча и ниски кадрави борови на помала височина и треви на поголема.

Историја

уреди

Планините на венецот е населени уште од камено време, за што највеќе сведочат наодите од пештерата Поточка Зијавка. Во римско време, Караванките ја исцртувале јужната граница на провинцијата Норик, а подоцна и на словенското кнежевство Карантанија. Римскиот картограф Клавдиј Птоломеј ги споменува во околу 150 г. Името веројатно им потекнува од келтскиот поим карв што значи „елен“ (спор. денешен велшки: ceirw). Оваа традиција се зачувала и во словенското именување, како што е случај со месниот масив Кошута (женка на елен).[2]

Почнувајќи од првата половина а XI век, Краванките ја образувале границата помеѓу Војводството Крањска и соседна Крањска краина на југ. Кога Корушка станала војводство во 1364 г., обете земји влегле во состав на Внатрешна Австрија како крунски земји на Хабсбуршката монархија од 1526 г. сè до Првата светска војна. Северните падини на Караванките (од австриска страна) се историски дом на Корушките Словенци, но сепак во октомври 1920 г. границата меѓу Австрија и Кралството СХС е повлечена по билото со решавањето на т.н. Корушко прашање (подоцна Југославија), од кои само општината Језерско веќе имала прејдено во Југославија.

По Втората светска војна, Караванките останале во улога на граница меѓу Австрија и Југославија, а од 1991 г. и независна Словенија. Почнувајќи од 2007 г. со влегувањето на Словенија во шенгенското подрачје, преку планините се одвива слободно движење на луѓе и стоки, а двете држави тежнеат кон економска интеграција на општини.[3]

Позначајни врвови

уреди
 
Боденската Долина и планината Вртача
 
Масивот Кошута кај Цел

Во текот на XIX век неколку топоними претрпеле германизација, па затоа денес се даваат двојазично:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2012-02-17. Посетено на 2015-04-01.
  2. кошутаДигитален речник на македонскиот јазик
  3. 2013_21-12-2007_en.pdf „Operational Programme: Cross-Border Cooperation Slovenia–Austria 2007–2013“ Проверете ја вредноста |url= (help) (PDF). European Territorial Co-operation SI-AT. December 2007. Посетено на 19 April 2012.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди