Шкофја Лока
Шкофја Лока (словенечки: Škofja Loka, германски: Bischoflack) — гратче во Словенија.[2] Таа е економско, културно, образовно и административно средиште на Општина Шкофја Лока во Горењска.[3] Има 11,619 жители согласно 2019 година.
Шкофја Лока Škofja Loka | |
---|---|
гратче | |
Местоположба на Шкофја Лока. | |
Координати: 46°10′N 14°18′E / 46.167° СГШ; 14.300° ИГД | |
Држава | Словенија |
Традиционален регион | Горењска |
Статистички регион | Горењски |
Општина | Шкофја Лока |
Површина[1] | |
• Вкупна | 4,48 км2 (173 ми2) |
Надм. вис. | 351,8 м |
Население (2019)[1] | |
• Вкупно | 11.619 |
• Густина | 26/км2 (67/ми2) |
Час. појас | СЕВ (UTC+01) |
• Лето (ЛСВ) | СЕЛБ (UTC+02) |
Географија
уредиШкофја Лока лежи на надморска височина од 354 м.[4] на сливот на реките Полјане Сора и Селца Сора, на преминот на Сорската Низина во Шкофјалоканските Ридови и Полховградечките Ридови. Неговото старо средиште стои на речните тераси и ги опфаќа Градскиот плоштад (наречен Плац) и Долен плоштад (наречен Лонтрг). На платото над градот стои Лочкиот замок, во кој се наоѓа Лочкиот музеј.[5] Над замокот се издига ридот Кранцељ (475 м). Северно од средиштето на гратчето е ридот Камнитник (414 м висок), познат по својата конгломератна карпа.[6] Веднаш јужно од гратчето се наоѓа рамницата позната како Виршко Поле (словенечки: Virško polje), низ која тече Полјане Сора пред да се приклучи на Селца Сора. Името Виршк е расипување на германскиот збор хирзакер (Hirsacker), просно поле, именувано по просото што било одгледувано таму во минатото.[7]
Име
уредиШкофја Лока била спомната во 973 година како „Лонка“ (Lonca; се однесува на Стара Лока) (и како „Лонка“ (Lonka) во 1160 година, Лок (Lok) во 1192–97 година, Скофолоти (Scofolotti) во 1293 година , и Скофјолоко (Scofioloco) во 1295 година, меѓу другите имиња). Името буквално значи „епископска (влажна) ливада“, што се однесува на нејзината сопственост од фрајзиншките епископи.[8]
Историја
уредиСредновековна историја
уредиВо 973 година, владеењето на Шкофја Лока било доделено од императорот Отон II на фрајзиншките епископи, а во следните илјада години историјата на градот бил врзан за далечното црковно кнежевство.[8][9] Замок и кула биле изградени над градот за одбранбени цели, а подоцна станало седиште на управникот на епископот. Во 11 или 12 век, императорот Отон III им дал на епископите право да коваат монети и да собираат патарини. Шкофја Лока првпат е спомената дека има пазарни права во 1248 година, а има градски права во 1274 година.
Шкофја Лока била обѕидана во 14 век. Во 1457 година влегол војводата Јан Витовец и го запалил градот. Градот бил нападнат од Османлиите во 1476 година. Градот, исто така, страдал од чума и пожари во тоа време. Селанските бунтови се случиле во Шкофја Лока во 1488, 1492 и 1515 година. Лутеранството било воспоставено во Шкофја Лока во 1526 година. Биле донесени закони против новата религија, а во замокот во 1601 година бил свикан контрареформациски комитет, што резултирало со палење на протестантските книги.[9]
Голем дел од градот бил оштетен од пожари во 1660 и 1698 година. Одбранбените ѕидини постепено станале застарени и главно биле отстранети заедно со градските порти во 1789 година.[9]
19 век
уредиВо 1803 година, Кнежевската епископија Фрајзинг била посредувана за време на германското посредување и енклавата Шкофја Лока била припоена кон австриското Војводство Крањска. Шкофја Лока била првиот град во Крањска што добила електрични светилки, дури и пред љубљанскиот земјотрес во 1895 година.[9]
Втора светска војна
уредиШкофја Лока била заземена од италијанските сили на 13 април 1941 година. Италијанските власти биле заменети со германските власти на 17 април. Првите граѓани на градот биле уапсени од Гестапо на 6 мај 1941 година и во следните недели 26 семејства биле депортирани во Србија. Партизански единици биле активни во областа во текот на целата војна. На 9 февруари 1944 година, германските сили застрелале 50 заложници како одмазда за убиството на еден германски војник. Партизаните влегле во градот на 9 мај 1945 година.[9] По војната, Лочкиот замок бил користен за држење воени затвореници и политички затвореници.[10][11][12]
Масовни гробници
уредиШкофја Лока е место на седум познати масовни гробници од периодот веднаш по Втората светска војна. Две дополнителни масовни гробници поврзани со нив се наоѓаат во соседното Винчарје. Дополнителни воени заробеници биле фрлани во Габрово, Бодовље, Трње, Певно и други места. Непознат број домобрански воени затвореници и словенечки цивили, а можеби и жртви од други националности биле убивани и закопувани на неколку места во и околу Лочкиот замок.
Повоена историја
уредиОпштината ја презела сопственоста на Лочкиот замок во 1959 година.[10] Шкофја Лока има една од најдобро зачуваните средновековни градски средишта во Словенија.[2] а градот е прогласен за споменик на културата во 1987 година.
Цркви
уредиПарохиската црква во Шкофја Лока е посветена на Апостол Јаков Зевдеев. Датира од 15 век.[13] Другите цркви во градот се посветени на Безгрешното зачнување,[14] Света Ана,[15] и Богородица жалосна.[16] На градските гробишта има и капела посветена на Воскресението.[17]
Збратимени градови
уреди- Табор, Чешка
- Фрајзинг, Германија
- Смедеревска Паланка, Србија
- Масмехелен, Белгија
- Рок Спрингс, Вајоминг[18]
Во 2011 година, Шкофја Лока станала членка на Дузелаж (Douzelage), единствено здружение за збратимување на градови кое се состои од 27 градови низ Европската унија. Ова активно збратимување на градовите започнало во 1991 година и има редовни настани, како што е пазар на производи од секоја од другите земји и фестивали.[19][20]
- Бриенц, Швајцарија
- Алтеа, Шпанија – 1991
- Бад Кецтинг, Германија – 1991
- Белаџо, Италија – 1991
- Бундоран, Ирска – 1991
- Гранвил, Франција – 1991
- Холстербро, Данска – 1991
- Уфализ, Белгија – 1991
- Мерсен, Холандија – 1991
- Нидерранвен, Луксембург – 1991
- Превеза, Грција – 1991
- Сезимбра, Португалиај – 1991
- Шерборн, Обединето Кралство – 1991
- Каркила, Финска – 1997
- Окселесунд, Шведска – 1998
- Јуденбург, Австрија – 1999
- Хојна, Полска – 2004
- Косег, Унгарија – 2004
- Сигулда, Латвија – 2004
- Сушице, Чешка – 2004
- Тири, Естонија – 2004
- Зволен, Словачка – 2007
- Приенај, Литванија – 2008
- Марсаскала, Малта – 2009
- Сирет, Романија – 2010
- Трјавна, Бугарија – 2011
- Агрос, Кипар – 2011
Поважни луѓе
уреди- Јан Облак (роден 1993), професионален фудбалски голман
Шкофја Лока како мотив во уметноста
уреди- „Колачиња од Шкофја Лока“ — краток расказ на македонската писателка Калина Малеска.[21]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Naselje Škofja Loka“. Статистичка служба на Република Словенија. Архивирано од изворникот на 2020-10-02. Посетено на 2023-02-16. Занемарен непознатиот параметар
|acessdate=
(се препорачува|access-date=
) (help) - ↑ 2,0 2,1 Vodušek, Neža (2000). Role of Local Authorities in Preservation of Urban Heritage and Importance of Urban Heritage for Local Economic Development Case of Slovenian Historic Towns. European Historic Towns and Their Associations. Совет на Европа. стр. 32. ISBN 9789287143945.
- ↑ „Town Description“. Občina Škofja Loka. Општина Шкофја Лока. Geographical Outline. Архивирано од изворникот на 2015-09-26. Посетено на 16 февруари 2023.
- ↑ „Statistični letopis Republike Slovenije 2002: Ozemlje in podnebje“ [Статистички годишник на Република Словенија 2002: Територија и клима] (PDF) (англиски и словенечки). Статистичка служба на Република Словенија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-08-06. Посетено на 16 февруари 2023.
- ↑ „Castle of Škofja Loka“. Slovenia – Official Travel Guide. Slovenian Tourist Board. Посетено на 16 февруари 2023.
- ↑ Čretnik, Jankož. „Kamnitnik – nahajališče škofjeloškega konglomerata“ [Камнитник - наоѓалиште на шкофјолочкиот конгломерат]. Во Šmid Hribar, Mateja; Torkar, Gregor; Golež, Mateja; и др. (уред.). Enciklopedija naravne in kulturne dediščine na Slovenskem – DEDI (словенечки). Посетено на 16 февруари 2023.
- ↑ Planina, France. 1968. Reka Sora, njeno porečje in njen režim. Loški razgledi 8: 57–74, стр. 64.
- ↑ 8,0 8,1 Snoj, Marko. 2009. Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan and Založba ZRC, стр. 413.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 Savnik, Roman, ed. 1968. Krajevni leksikon Slovenije, vol. 1. Ljubljana: Državna založba Slovenije. стр. 378–381.
- ↑ 10,0 10,1 Škofja Loka Castle
- ↑ Moder, Gregor. 1993. A Guide to the Museums of Slovenia. Ljubljana: Mestni muzej Ljubljana, стр. 109.
- ↑ Portmann, Michael. Communist Retaliation and Persecution on Yugoslav Territory during and after WWII (1943–1950). Vienna: GRIN Verlag, стр. 23.
- ↑ „Škofja Loka - Cerkev sv. Jakoba“. Register kulturne dediščine. Slovenian Ministry of Culture. Посетено на 16 февруари 2023.
- ↑ „Škofja Loka - Cerkev Marijinega brezmadežnega spočetja“. Register kulturne dediščine. Slovenian Ministry of Culture. Посетено на 16 февруари 2023.
- ↑ „Škofja Loka - Cerkev sv. Ane“. Register kulturne dediščine. Slovenian Ministry of Culture. Посетено на 16 февруари 2023.
- ↑ „Škofja Loka - Cerkev Žalostne Matere božje“. Register kulturne dediščine. Slovenian Ministry of Culture. Посетено на 16 февруари 2023.
- ↑ „Škofja Loka - Pokopališče“. Register kulturne dediščine. Slovenian Ministry of Culture. Посетено на 16 февруари 2023.
- ↑ „Sister City Program / City of Rock Springs, Wyoming“. www.rswy.net. City of Rock Springs. Архивирано од изворникот на 2020-04-11. Посетено на 16 февруари 2023.
- ↑ „Douzelage.org: Home“. www.douzelage.org. Посетено на 16 февруари 2023.
- ↑ „Douzelage.org: Member Towns“. www.douzelage.org. Архивирано од изворникот на 2009-04-06. Посетено на 16 февруари 2023.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 225.
Надворешни врски
уредиВикипатување има туристички водич за Шкофја Лока. |
- Шкофја Лока на Ризницата ?
- Службено мрежно место на Општина Шкофја Лока Архивирано на 23 октомври 2007 г.
- Шкофја Лока на Geopedia.si[мртва врска]. Карта и воздушни фотографии.
- Шкофја Лока на Гугл карти. Карта, фотографии, уличен поглед.