Димитар Малиданов
Димитар Малиданов | |
---|---|
Роден(а) | 6 септември 1948 Саракиново, Грција |
Занимање | Сликар |
Димитар Малиданов (Саракиново, 5 декември 1946) — македонски сликар и графичар.[1]
Животопис
уредиМалиданов е роден на 5 декември 1946 година во воденското село Саракиново, Грција (Саракини на грчки). За време на Грчката граѓанска војна, избегал од земјата во групата таканаречени деца бегалци. Во 1972 година дипломирал на отсекот сликарство на Академијата за ликовни уметности во Љубљана кај професор Габриел Ступица. По отворањето на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Скопје, Малиданов почнал да предава графика на истиот.[2] Работел на факултетот од 1981 до 2010 година, а од 2006 до 2010 година бил негов декан. Автор е на многу самостојни и учесник на многу групни изложби. За својата уметничка и педагошка дејност добитник е на многу награди, меѓу кои и на наградата „11 Октомври“.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Изложба на Димитар Малиданов во Уметничка галерија“. Kumanovo News. 14 март 2014. Посетено на 10 юни 2017. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 905. ISBN 978-608-203-024-1.