Карантанија
Карантанија или Карентанија (словенечки: Karantanija, германски: Karantanien) било старо словенско кнежевство чии почетоци биле во 7 век. Карантанија се протегала на териториите на јужна Австрија и северозападна Словенија. Кнежевството било едно од првите словенски држави и опстојувало околу 300 години. Карантанија се смета како претходник на Војводството Корушка (Каринтија).
Потекло на поимот
уредиИмето „Карантанија“ е со претсловенско потекло и денес опстојуваат две теории за потеклото на името. Според првата се верува дека основата на зборот е зборот карант- кој пак е од претиндоевропско потекло, односно потекнува од зборот karra што значи карпа. Според другата теорија, името потекнува од келтскиот збор karantos што значи „пријател“ или „сојузник“.
Етникум
уредиНаселението на Карантанија било мултиетничко. Сепак, сржта на населението биле Словените кои се населиле во регионот на Источните Алпи во 6 век. Покрај нив имало и староседелско население кое опстојувало и претходно на таа територија. Се верува дека меѓу Карантаните имало Авари и германски народи. Денес се верува дека Карантаните се предците на Словенците.
Користена литература
уреди- Rajko Bratož, ur., Slovenija in sosednje dežele med antiko in karolinško dobo : začetki slovenske etnogeneze = Slowenien und die Nachbarländer zwischen Antike und karolingischer Epoche : Anfänge der slowenischen Ethnogenese, 2 zv. Ljubljana, 2000.
- Paul Gleirscher, Karantanien - das slawische Kärnten. Klagenfurt, 2000. ISBN 3-85378-511-5.
- Bogo Grafenauer, Ustoličevanje koroških vojvod in država karantanskih Slovencev : Die Kärntner Herzogseinsetzung und der Staat der Karantanerslawen. Ljubljana, 1952.
- Hans-Dietrich Kahl, Der Staat der Karantanen: Fakten, Thesen und Fragen zu einer frühen slawischen Machtbildung im Ostalpenraum, Ljubljana, 2002.
- Peter Štih, »Karantanci - zgodnjesrednjeveško ljudstvo med Vzhodom in Zahodom«, Zgodovinski časopis 61 (2007), s. 47-58.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиОваа статија за Словенија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |