Словенечки толар или толар (ISO 4217: SIT, бројчен код 705) била официјална валута на Словенија од 1991 до 2007 година. Се состоел од 100 стотини. Бил воведен во 1991 година наместо југословенскиот динар. Името настанало како комбинација од зборовите ‘талер’ и ‘долар’.

Словенечки толар
slovenski tolar (словенечки)
Податотека:SVN004.JPG
монета од 1 толар
ISO 4217
КодSIT
Составници
Подединица
 1/100stotin
Банкноти10, 20, 50, 100, 200, 500, 1000, 5000, 10000 tolarjev
Монети10, 20, 50 stotinov, 1, 2, 5, 10, 20, 50 tolarjev
Демографија
Корисник/ци Словенија
Издавач
Централна банкаБанка на Словенија
 Мреж. местоwww.bsi.si
Вредност
Инфлација0.8%
 ИзворБанка на Словенија, 2005
 НачинCPI

Од 2004 г. курсот на толарот бил врзан за курсот на еврото. На 1 јануари 2007 г. бил заменет со еврото, со што Словенија станала прва нова земја-членка на ЕУ која ја вовела заедничката валута. Од тој момент толарот како платежно средство важел уште само две недели, а задолжителното двојно означување на цените на производите (во толари и евра) престанало на 30 јуни 2007 година[1].

Толарите ги издавала Банката на Словенија. Инфлацијата на годишно ниво изнесувала 0,8% во 2005 година.

Толарот бил издаван во апоени во вредност од 1, 2, 5, 10, 20, 50, 100, 200, 500, 1000, 5000 и 10000 толари. На банкнотите се наоѓале познати личности од словенечката политика и историја, како Примож Трубар, Јуриј Вега, Јоже Плечник, Иван Цанкар, Јанез Вајкард Валвазор и Франце Прешерн.

Наводи

уреди
  1. Kronološki pregled procesa uvedbe evra v Sloveniji