Јоже Циуха
Јоже Циуха (26 април 1924 – 12 април 2015 година) ― словенечки сликар.[1]
Животопис
уредиЈоже Циуха е роден во Трбовље. Во 1950 година дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана. Во текот на неговата кариера тој многу патувал, а неговиот уметнички стил бил под влијание на времето поминато во Македонија како студент, како и во Париз и на Далечниот Исток во 1950-тите и Северна и Јужна Америка во текот на 1960-тите. Циуха предавал на Меѓународната летна академија во Салцбург во 1970-тите, како и на Универзитетот Западен Мичиген, и на Меѓународното графичко училиште во Венеција и на Академијата за ликовни уметности во Љубљана.[2]
Циуха работел со различни медиуми, вклучувајќи акварел, цртеж, илустрација, мозаик и таписерија. Тој, исто така, пишувал поезија и други дела. Неговите дела биле плодно изложени, а се чувани во неколку големи меѓународни уметнички установи.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Umrl je slikar Jože Ciuha“ [Умре сликарот Јоже Циуха]. MMC RTV-SLO. 12 април 2015. Посетено на 15 октомври 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Perne, Nika. „Jože Ciuha: The Labyrinth of Time“. MGML. Посетено на 15 октомври 2022.