Родољуб Анастасов
Родољуб Анастасов (Скопје, 25 февруари 1935) — македонски сликар, еден од најважните во современата македонска уметност.[1][2] Во 2009 година, Американскиот биографски институт го вброил Анастасов меѓу 500 најголеми генијалци во светот во 21 век.[3][4]
Родољуб Анастасов | ||
Роден | 25 февруари 1935 Скопје, СХС | |
---|---|---|
Занимање | сликар и професор |
Животопис
уредиАнастасов е роден во Скопје на 25 февруари 1935 година.Татко му Славко бил трговец кој потекнува од скопската фамилија Анастасови а неговата мајка Ефтимија – Ефка Серафимова потекнува од тетовската трговска фамилија Серафимови. Во 1962 година дипломирал на Уметничката академија во Белград. Од 1963 до 1965 година бил на робија на Голи Оток.[5]
По враќањето во Скопје почнал да работи на полето на нефигуративната уметност. Од 1980 година до пензионирањето бил професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во 2011 година, Анастасов на Музејот на Град Скопје му подарил колекција од вкупно 389 ликовни дела.[6]
Наводи
уреди- ↑ Veličkovski, Vladimir (1995). Rodoljub Anastasov (англиски). Skopje: Tabernakul. ISBN 9989647062.
- ↑ 15 SODOBNIH MAKEDONSKIH LIKOVNIH UMETNIKOV, MODERNA GALERIJA, LJUBLJANA, SLOVENIJA, 2 октомври 1979 - 18 октомври 1979
- ↑ C. Mitchell (2009). Great minds of the 21st century (англиски). American Biographical Institute. ISBN 9780015459222.
- ↑ „Родољуб Анастасов меѓу најголемите генијалци во 21 век“. Премин. Посетено на 2012-02-16.
- ↑ „Голи Оток беше далеку од умот“[мртва врска], „Утрински Весник“
- ↑ „Родољуб Анастасов и' подари 400 дела на Македонија“. Дневник. 28 јуни 2011, 18:44. Посетено на 2012-02-16. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Виртуелна галерија на делата на Анастасов Архивирано на 29 октомври 2015 г. — Музеј на Град Скопје
- Официјална страница на Фејсбук